27.11.10

Time

We need more wall! – беше напишано со матни и „истечени“ црвени букви на блокот покрај пругата, веднаш пред влезот во тунелот. Тоа беше последно нешто што старецот го виде. Потоа, завладеа слаба светлина.

Старецот седеше на десната страна од влезот во купето, веднаш до прозорецот. Најголем дел од времето гледаше надвор. Но сега, во тунелот, мракот беше премногу досаден за да му се поклони скапоцениот вид.

Стариот имаше бројаница. И си ги броеше „бисерчињата“. Лека полека.
Купето не беше празно. Имаше уште тројца. Сите стоеа просто, па биле фатени за држачите, за да не паднат. Иако возот не беше значително брз.

Тктк … тктк … тктк …

Момците во своите црни одела често погледнуваа на часовникот. Брзаа некаде, но знаеа дека има уште време.

Старецот … тој си ја „моташе“ бројаницата оти му беше досадно. Да му помине брзо време.
Иако знаеше дека нема веќе време.