2.12.10

Visions

      Тој само стоеше во кујната, држејќи полна чаша вино. Ја држеше високо, спроти лицето. Ја вртеше, и ја гледаше со едното отворено око. Сигурно ја „набљудуваше“ внатрешноста на течноста.
      А само какво вино имаше тој. Оваа зима, подрумот ќе биде често посетуван. Грозјето роди многу, ќе биде винска зима. Ова, беше прва чаша. Затоа, тој толку време се спремаше да го проба винцето.

      Во позадина галамеше радиото. Не беше гласно, но, со малку повеќе доза на концентрација, можеше да се дочујат неколку зборови, па да се поврзе некоја логична вест.
Почнаа вестите точно на полноќ. Кучето, кое претходно беше лежело во кујната, почна да лае. Баш на стартот на вестите.

      „Замолчи“ – му рече, а а кутрото животно веднаш прекина и низ малата вратница го снема во претсобјето. Тој, со многу внимание, во тишина ги слушаше вестите. Немаше намера да го попушти радиото. Сеуште стоеше на истото место. Овој пат, чашата ја држеше со двете раце, под навалената глава.

(звук од радиото) - Светот …. шокиран од почеток на новата …. ера на крвопролевањето …. денес во …...
 Тој толку многу се натажи од веста. Една солза му се стркала по лицето и заврши во чашата.

Ја прелеа првата чаша вино.

No comments:

Post a Comment