22.3.11

Ситна дифузија

Тешко е. Нормално дека е. Очајно е. Ненормално е.
Кај сега да најдам причина за нов коловоз. Јас не сум Берни Лидон.
Тешки одлуки надвиснуваат. Никогаш не можеш да знаеш дали секој избор е некоја посебна одлука. Ама стравот го има. фак ит.
Стравот не прави да се чувствуваме „некој и нешто“. Од типот „уау, мен, сега сум пред голема одлука во животот“. Не бе, од искуство Ви кажувам дека секогаш има нов, втор, пееспетти избор. Секој за понатаму.
Ако си загрижен дека го губиш времето, знај дека тоа го правиш додека мислиш дека некогаш си го потрошил.
Ако не беше времето за трошење, немаше да го имаме во големи количини. 
Се што ни превтасува, не треба да го мислиме. Кој може. Кој не е способен ни за тоа, си ја зафркнал првата работа во животот: самиот живот!
Запомнете! Ништо во животот не е толку важно и битно се додека не му се даде некое безвезално значење. Ништо веќе не е важно. Никогаш не ни било.

No comments:

Post a Comment