18.4.11

Приказни од Дембел чаршија (1)

Овој вторник како и секој во изминатите шест месеци, Исак Хаим синот на познатиот битолски бозаџија Самуел Хаим го помина во муабетење со Давид на една од масите од меаната "Истанбул".Симфониите на Лист, манифестот на Маркс, моралноста на Спиноза и други муабети беа бесконечни дебати кои се провлекуваа од деновите кога заедно студираа философија на Сорбона.Кога часовниците во Дембел чаршија означија 6 часот по европско и 8 часот по турско време, Давид се поздрави со Исак, ја стави својата шапка и се упати кон својот дом низ тесните сокачиња.Татко му на Давид беше рабин, угледен член во нивната заедница па не го одобруваше целодневното џаболебарење на бекриите по битолските меани.Неговите желби беа Давид да го наследи во неговата должност.Наместо да учи да ги рецитира Талмудот и Тората, неговиот син ја помина младоста во учење празноверие и трошење пари во париските бордели . Давид знаеше дека доволно го имаше предизвикано гневот кај татка си, па реши да биди дома за време на вечерната молитва, единствено време кога беа заедно во иста просторија.Иако не разговараа, чуствуваше грижа на совест да го остави стариот рабин да се моли сам, eдинствено нешто шо исполнуваше откако мајка му почина од туберколоза додека тој беше во Париз.Обично и Исак заминуваше заедно со Давид, но пријатното ветре кое доаѓаше по текот на реката Драгор, носејќи ги мирисите на некои опојни тревки кои се раствораа во топлиот јулски воздух, го премисли да остане уште малце.
На масата спроти Исак седнаа трговците од кујунџискиот еснаф. Порачаа ракија и вино да се почастат за успешната работа која ја завршија за денот.Продадоа три златки рамки за иконите во новоизградената црква Св.Димитрија.Се поздравија со сите гости во меаната, а Исак воопшто не го погледнаа.Го мразеа и се плашеа истовремено од него.Мислеа дека ако разменат збор со него дека ќе им замини умот.Како што и на Исак му замина кога макотрпно заработените пари на татко му, обичниот бозаџија, ги потроши во учење глупости, наместо трговија или занает.Некои шепотеа дека шетал по гробишта ноќе, читал книги кои лично самиот Сотона ги напишал, па дури го обвинуваа за смртта на татко му.Тоа што и "неговите" не му дозволуваа да влези во синагогата беше доволен доказ дека нешто не е во ред со него. Исак беше навикнат на сите тие чаршиски празни муабети, па нељубезниот гест воопшто не го засегна.Го допи чајот, го плати есапот и полека ја напушти меаната, не обрнувајќи внимание на скришните погледи на останатите гости.
Бидејќи ноќта сеуште не беше паднала реши да прошета малце под густиот липов дрворед покрај самата река.Задлабочен во своите мисли, што покрај куќата на татка си, Давид и заштедата од Париз го имаше единствено на светот, налета на Десоецот кој седеше на каменот пред Ленски Мост.Десоецот беше бездомник чие потекло беше од прилепско село.Откако тамошниот бег го запали неговото село пред дваесет години, тој пристигаа во Битола каде преживуваше од милостината која му ја даваа граѓаните со тоа што им ја претскажуваше иднината.Исто како и Исак, некои го сметаа за луд и дел се плашеа од него, но повеќето тераа шега на неговиот "дар" и неговата парталавост.Малкумина веруваа во неговите претскажувања.Исак, чувстувајќи дека ја дели судбината со тој човек му остави неколку лири во шамијата во која собираше милостина..

Продолжува...

Купувам

Купувам станови, куќи, души, соништа, мотиви, невиност, накит, ниви, лозја, среќа, либидо, здравје, време, викендички, младост, трезвеност, коли, трактори, љубов, телевизори, микробранови печки, фрижидери, бизниси, доверба, образование, компјутери, девојки, дечковци, стари и млади.

Искрено Ваш,
Хероин.

Hipsterism (Хипстеризам) (1)

Збор два за последниот производ на Uncle Sam, социјалниот феномен познат под терминот "хипстер".


Hipsterism (Хипстеризам).Хипстеризмот е општества појава која може да се опише од повеќе аспекти. Хипстеризмот претставува модерна суб-култура која промовира вредности кои се надвор од меинстрим културата. Хипстерите се (доживуваат како) урбани боеми и интелектуалци со еклектичен вкус и фанатичен индивидуализам со кои ги опфаќаат модата,уметноста(со акцент на инди бендовите),witty хуморот, неконвенционална мудрост, начинот на миење на забите и општо начинот на живот. Кога е во прашање уметноста голем дел од нив активно учествуваат во нејзиното создавање (музика,фотографија,кратки филмови,збирки поезија,колумни во независни медиуми за уметност со мал број на читатели)иако немаат официјално образование за тоа.

Во поглед на стајлингот претпочитаат ретро парчиња под 80та, но и за репер го земаат стајлингот на метросексуалците и хомосексуалците иако во нивни хипстерски манир го препишуваат на нивната супериорна хипстерска естетика. Ортодоксните хипстери не се декларираат како такви и немаат потреба од официјални клубови и хипстер-локали, но хип настаните од читање на постмодернистичка поезија до денови на швајцарскиот филм - ги обединуваат.

Со цел хипстеризмот да не премини во отворен снобизам препорачливо е има помалку од 3 хипстери на 10 метри квадратни. Хипстеризмот налага енергија, време и пред се материјално покритие, но сепак постојат хипстери кои тегнат третокласен бурбон за кои тврдат дека е подобар од најдобриот, но поради тешката економска состојба на државата од која се увезува(за која се ДЕТАЛНО запознаени) има пониска цена.Во поглед на пушачката навика се шетаат со кутија со тутун, ризли и машинче за виткање.Говорат на урбано есперанто кое е формирано од интелектуални фрази со локален дијалект и фрази од англиско говорно наречје(најчесто стихови од инди рок бендови).

Во кратки црти хипстеризмот и хипстерите се новата димензија на снобовите, елитистите, контињата од 19 век ала Оскар Валјд преточена во модерен
социјален хибрид.