На масата спроти Исак седнаа трговците од кујунџискиот еснаф. Порачаа ракија и вино да се почастат за успешната работа која ја завршија за денот.Продадоа три златки рамки за иконите во новоизградената црква Св.Димитрија.Се поздравија со сите гости во меаната, а Исак воопшто не го погледнаа.Го мразеа и се плашеа истовремено од него.Мислеа дека ако разменат збор со него дека ќе им замини умот.Како што и на Исак му замина кога макотрпно заработените пари на татко му, обичниот бозаџија, ги потроши во учење глупости, наместо трговија или занает.Некои шепотеа дека шетал по гробишта ноќе, читал книги кои лично самиот Сотона ги напишал, па дури го обвинуваа за смртта на татко му.Тоа што и "неговите" не му дозволуваа да влези во синагогата беше доволен доказ дека нешто не е во ред со него. Исак беше навикнат на сите тие чаршиски празни муабети, па нељубезниот гест воопшто не го засегна.Го допи чајот, го плати есапот и полека ја напушти меаната, не обрнувајќи внимание на скришните погледи на останатите гости.
Бидејќи ноќта сеуште не беше паднала реши да прошета малце под густиот липов дрворед покрај самата река.Задлабочен во своите мисли, што покрај куќата на татка си, Давид и заштедата од Париз го имаше единствено на светот, налета на Десоецот кој седеше на каменот пред Ленски Мост.Десоецот беше бездомник чие потекло беше од прилепско село.Откако тамошниот бег го запали неговото село пред дваесет години, тој пристигаа во Битола каде преживуваше од милостината која му ја даваа граѓаните со тоа што им ја претскажуваше иднината.Исто како и Исак, некои го сметаа за луд и дел се плашеа од него, но повеќето тераа шега на неговиот "дар" и неговата парталавост.Малкумина веруваа во неговите претскажувања.Исак, чувстувајќи дека ја дели судбината со тој човек му остави неколку лири во шамијата во која собираше милостина..
Продолжува...
Ви вант секнд дел :)
ReplyDeleteИнаку доста добро :)