15.7.11

Наскоро - подобро!

Можеби тоа важи за времето. Малку изгледа иронично, ама за да биде времето подобро, треба да биде невреме. Само заради тоа што луѓето (нема да кажам ние) не знаат што сакаат. А јас, сакав да напишам некој експресен коментар кој би имал некаква суштина. Well, многу е жешко и за тоа...

Можеби не' очекуваат подобри времиња, ама сигурно не подобни... времиња.
И бидејќи ковам мисли на слаба светлина и на јака топлина, оти так ми било пишано (ама не во овој коментар), полека ќе пробам да го принесам кон крајот моето излагање. Или моето „лагање“. Збор кој може да помине во некоја новоконструирана граматика со разно=разни шмекови и примеси на фрази од пост-беверли хилс генерацијата.
Дегенерацијата.

Од утре, ветувам, ќе пробам да пишувам на некои суштински и сушни теми, џаболебарски филозофии и антиматематички шовинистипко-бескрупулозцни теории.

Во некое поубаво невреме!

                                                          (фотографија: NEMO)

No comments:

Post a Comment