26.11.11

Кинескиот вол!

Слушам... пардон, гледам... впрочем, читам!
Ееее, уат д хек, појма немам од кај знам, ама знам дека убави пари се правеле од тој ѕидот во Кина кој наводно се гледал од Mесечина, со око во бикини, или од Сатурн. Со телескоп! :)
Туристичка атракција која е направена пред рандом бројка и рандом нули за да Кинезите им речат ма своите непријатели „еј, ние гледаме поинаку на работите, да ви ебам политиката ваша!“
Така ни пренесе Марче Половиќ. Демек, тој е патеписец од Кина. Не знам дали бил во Кина, или во некој Кинески кварт во Лос Анџелес дури пред да ја откријат Америка.
Што е битно тоа,  кога си полу писмен? :)

А ова пак, Берлинското говедо... не им беше атрактивно на ариевците со кафеави очи, ниту пак на внуците од стариот Мекдоналд.
Па го направија да не се гледа ни со микроскоп.
Камо ли со телескоп. Од Сатурн.
Берлинскиот ѕид е говедо кое не се гледа ниту со ТЕЛЕ скоп.
Скопјани, без нервози, не ве спомнувам Вас.
Не сакам да ме удрите со тоа штиклите.
Поздрав до фратело Глупсон иначе.

Сакав да кажам дека дојде време ѕидот да треба да се догради. Не ги собра Кинезиве изгледа.
Ама го нема косоокиот Хрушчов да мафта со ципели пред Кенедиевци, ниту пак, да им помага на Кубанците со тоа што ке им постави нуклеарни стапици за глувци!
Море, колку се сменало времето, ние само останавме исти!
Неписмени!
Или полу писмени?
Чашата беше полу-полна или полупразна?
Шо знајт дете од 17 години што е то прогресив рок!

2 comments:

  1. Шо поздрав бе, си напрајл да изгледа дека јас сум скопјанец со штикли...Еј, абе разбра дека во скопје се бара некој озогласен? Кислород се вика :)
    П.С. Пијав ракија, не ми текнува некоја друга будалија :)

    ReplyDelete
  2. Сигурно си пијан.
    Уште... :)

    ReplyDelete