1.12.11

Оштетство

Здраво, јас сум Општеството!

Вие сите ме сакате! Ме обожаватe, за мене би умреле, би ги оставиле саканите!
Но, има и такви, меѓу вас, што не го делат таквото мислење. За нив има установи!

А сега, ќе ви покажам како јас си правам фигури од пластелин.
Ако ви се допадне првава „епизода“, ќе продолжам и понатаму, драги мои љубители и фанови.

Едноставно е!

Рецепта:

3 паштети од 67ма
Боја за кондури
Чај со бром
И 18-26 годишен момак кој ги ужива најдобрите и најкреативните години од својот живот!

Го земаме момчето и му даваме зелена униформа. Го ставаме меѓу илјадници негови врсници да живее далеку од дома за година и пол.
Неговите веќе ги убедивме дека така треба тоа да биде (како ги убедивме? пааа...не е тој прв тука, нели?)
Понатаму... секој ден ќе треба да си го мести својот кревет, да биде чист и прецизно уреден.
Момчето мора да биде чисто и избричено секој ден. Од неговите чизми, моите љубимци наречени наредници, треба да можат да се огледаат!
Секој ден ќе го станувам рано, ќе го терам да „живее на конец“. Да слуша и да ќути.
Ако ние му речеме: скокни - тој треба да го направи тоа.
При тоа...да не заборавиме!  секој ден ќе треба да си го мести својот кревет, да биде чист и прецизно уреден.
Момчето мора да биде чисто и избричено секој ден. Од неговите чизми, моите љубимци наречени наредници, треба да можат да се огледаат!
Ќе му акнеме вакцина за тетанус и ќе му даваме јадења што ни прасињата не ги јадат.
И знаете, да не заборавиме! Чисто и уредно! И нормално!
ДИСЦИПЛИНА! Да, да!

Ние, го спремаме момчето да биде уредно и чисто.
утре-ден, ако има војна...
Во некоја РОВОВСКА битка каде што ќе спие со изгниени лешеви во 65 сантиметри кал, можеби нема да се сети на уредно наместениот кревет. Можеби неговите чизми нема да бидат исполирани. Можеби ќе има брада, но!
Ако ние му кажеме: Излези од ровот и оди во сигурна смрт за 11 метри почва алувијал!

Тој без колебање ќе го направи тоа.

Cause we're out of tea!

4 comments:

  1. Многу добар период од животот...Научив да сум послушен, да слушам наредби, да работам нешто шо неќам и притоа никој да не ми дај плата...Ептен послушен бев...Само не ми е јасно оти често ми ги фрлаа чизмите од џам од втори, оти ми ги шуткаа влечките, оти ме вртеја налево круг ко ќе му ја пеев песната на десетарите: Капетан се шета, а из пред њега чета...Оти ми викаа ко ќе се чешав за куро на спуштање или кревање на знаме и одма ме кажваа на капетано...Ме казнуваа шо бегав од кај студенскио...
    Ногу јака сколија беше то, само команда чекам и одма гинам за државава, црнио џигер го давам...Пардон од ракијата е то, се збунав. Муабето ми беше за послушноста...:)))

    ReplyDelete
  2. Стрико, јасно то. Ама разликата меѓу чајот со бром и нарезаците од ЈНА 78' и калакурницата што беше од шест месеци до пред 5 години е голема.
    Секако, сполај му на Горнион.
    А за создавање на роботи, има други начини. :)

    ReplyDelete
  3. Стрико, да дој пак то време, па да ми падниш в раце, има да црпиш со шлем темница од спалната во павиљоно и низ џам ќе ја фрлаш...Ќе видиш после, тие 6 месеци ќе ти се како цела '78 :)))
    Мала шала. ЈНА и АРМ се разликуваат како пингвин и вокмен :)

    ReplyDelete
  4. Јас само безпотребно да се вмешам и да речам ти и Прозакчето понабрзо да пишите, секој ден да си имам шо да читам.
    Па не бидете мрзли :)

    ReplyDelete