Си заминуваш
и повторно се враќаш
на старото место
чекориш низ рушевините
ги плетеш прстите
низ старата пајажина
низ твоите усни минува
тој чудесен збор.
Си заминуваш
како воз во далечина
и повторно се враќаш
како неочекуван морски бран
жариш и згаснуваш
како божиќна светилка
се криеш зад дрвјата
се криеш во ноќта
низ твоите усни минува
тој чудесен збор.
Твојот лик загубен
длабоко во магла
наместо помош
низ твоите усни минува
тој чудесен збор.
Повторно и повторно
сакам да слушнам.
No comments:
Post a Comment