Одиш по патеката на минатото
со рацете ја допираш светлината
ја менуваш болката
ја менуваш среќата
ја менуваш иднината.
Не ја препознаваш
крстосницата на минатото
го одминуваш зелениот зид
на кој бојата полека му избледува
но крвта и душата на пајакот
засекогаш ке го исполнуваат
неговиот дух, во таа чудна соба.
Јас го убив, те молам казни ме
сакам уште еднаш да ги почуствувам
твоите врели раце
на моето лице.
Горска убавице, со венец на твојата глава
покажи и го патот полн со трња
покажи и ја препреката
покажи и ги брановите
копнеам по нејзината пловидба
моите ноќи талкаат на брегот
без неа тажен ги гледам ѕвездите
празнината лебди насекаде околу мене
нејзината златно-кафеава коса
далеку од мене
заробена некаде во слободата.
Јас, јас го убив
и сеуште не чуствувам грижа
но пак таа, таа плови со туѓ брод
посакувам да ме казни
на крајот од ноќта
за да можам мирно да исчезнам
во својот лавиринт.
No comments:
Post a Comment