2.2.12

Валкан град

Пронајди го патот до идеите
заврти се и погледни ме,
околу тебе празни трагови
додека јас лутам
во твојот валкан град.

Сиви бесчувствителни улици,
скинати чевли и лажен мир
во твојот валкан град.

Стари весници расфрлани наоколу
загрижени студенти и напуштени девојки,
иднината е сокриена во твојот валкан град.

Чуден мирис во твоите мисли,
денот е валкано куче од пеколот
наоколу деца во премин му се восхитуваат,
во твојата глава руината тоне,
јас бегам оттука, далеку од твојот валкан град.

No comments:

Post a Comment