2.3.12

Блудниот странец

Пронајди ме во студениот град,
и побарај го мирисот на слободата.

Отвори ги моите чувства,
и шетај по нивните улици.

Фрли поглед накај мене,
измами ги моите очите.

Чекори низ степите,
таму ке го почуствуваш моето его.

Лажна е топлината околу нас,
надежта е твојата мајка.

Знаеш дека си предводена
од илузиите на општеството.

Управувај со клучот на иднината,
подари им на овие луѓе на перонот парче светлина.

Уништи го стравот од староста,
немаш време уште еднаш да газиш на ова тло.

Зграби го воздухот во твоите ладни очи,
фрли ги мостовите кон неправдата.

Заталкај во мојата градина,
таму ке те пречекаат блудните птици.

No comments:

Post a Comment