14.6.12

Ноќните белешки на лудакот.

Доколку не пишувам со денови во главата ми летаат рој неискажани мисли кои влегуваат една во друга и чувствувам дека го допирам врвот, се соживувам со моите луди богови кои ме водат кон правиот пат во ноќта, посакувам тоа лудило да е присутно секогаш длабоко во мене и насекаде околу мене, само тогаш би се чувствувал нормално.

13.6.12

Слобода (I)

Кога посакувам да не мислам на проблемите единствената утеха ја пронаоѓав во правење непромислени детски будалаштини кои за миг го убиваа тој бран од таги и ме правеа да се чувствувам како најголемо ѓубре на универзумот, но ненајдено студениот бран од проблемите го преплавуваше моето тело, мојот дух и мојата сенка во срцето на дејството од будалаштините и повторно бев скршен и стуткан на подот како тажно ѓубре исполнет со коктел од тага и будалаштина, ја барав светлината во мрачната страна придружен со илјадници демони кои го гризаа секој дел од мојот духовен мир, се плашев од патот по кој чекорам. Слободата беше лекот, таа беше еден чуден странец околу мене, ја посакував, ја повикував долго во моите тажни и осамени ноќи се додека не сфатив дека таа не е чаша полна со вода за да ја зедам спокојно од масата, патот до неа е речиси непроодлив и трнлив исполнет со сурови препреки, доволно е само една единствена грешка за да камшикот заигра по твојот грб, но како што кажале мудрите за секој проблем има решение ако подобро размислиме ги има и два. Духовната храна ке биде твојот верен сопатник за да им се спротивставиш на проблемите кои те опркружуваат заедно со твојот зацврстнат грб низ кој минале безброј камшици, тогаш ке го почувстуваш тој волшебен миг во телото, тоа необично возвишување и ке прошепотиш 'Дали сум ова јас?'. Лузните од тагата засекогаш ке бидат запечатени длабоко во твојата душа, за жал нив никогаш нема да можеш да ги отргнеш, да ги избришеш од себе, но од друга страна ти си Слободен човек, човек кој умее да плови по матните води на животот и секогаш да излезе како победник во крвавиот двобој. Верувај, човек кој е исполнет материјално не е слободен човек, тој ниту ја познава слободата, ниту ја почувствувал природната среќа, неговите ноќи се исполнети со вештачки авантури што и слепиот би го здогледал тоа, но еден сончев ден сигурно ке ја побара, но ќе ја освои доколку жртвува некои значајни работи во животот, тоа проклето-среќно правило одсекогаш е главно дури и незабележливо за многумина, но тешко е да се почувствува. Како на пример за да станеш славен треба да се откажеш од семејството или некои слични работи. Доколку твојот ум е ограничен слободата воопшто и не постои, обиди се да ги урнеш границите бидејќи ти си единствено царство, препушти и се на имагинацијата и погледни со твоите очи и помирисај дека слобода е ЖЕНА, земи ја во прегратка и препушти го твоето тело и дух да си поигрува со таа бесконечна природа и убавина.