Birmingham Blues
27
март 1988 година, 3:07 a.m., Бирмингем, В. Британија
...
(за жал) Се разделив од неа и го напуштив единственото (за мене добро) осветлено
место во околината. На мое инстант неверување, било центар на градот. Не ми се
допаѓаа сите тие стари и нови поделби, и не ги сфаќав. Иако живеев долго време
во Бирмингем, не знаев која населба каде е, а и која е. Ама, не е тоа муабетот.
Заминав со неколку мисли, кои како кучиња одврзани од ланци протрчаа низ моите
мозочни виуги.
Останатото
не е историја, the
rest is географија.
Она што најмногу ме преокупираше, скоро пола
вечер беше мојот умор. Да се разбереме, не како идеја, туку како кондиција.
Како физички концепт кој создава мисли и идеи. Барем мисли, за идеи не бев
сигурен. Ама, како што два три пати имам нагласено (не овде), во тие периоди,
ми е толку интересно (amusing) што уморот го ставам во втор план, одма откако ќе ме гризне. Како што
велат дека реалноста те грицка (и те штипка) па се будиш, кај мене уморот ме
гризе (и тоа со големи залаци) за да ме успие. А ретко кога успеава. Матер му
ебам.
Другото
прашање ми беше без можен одговор од моја страна. Мислев дека милијарда луѓе
можат да ми одговорат на тоа прашање. А и тешко е, кога знаеш дека само ти не
знаеш. Ама, пак, никако не ја бива. И кога си единствен што знае, за разлика од
ретардирано стадо (овци) околу тебе. И тогаш е тешко. А и сега. Нон стоп (disco) ваљда. Матер му... […]
Си се прашував кога пак ќе ја видам. Сакав што побрзо. Тоа
„кога’ ми беше многу побитно од било што. Знаев дека ќе биде некогаш, ама не
знаев кога. Мојот живот беше конципиран на датуми. За работи кои не сакав да ги
праам, не беа добри датумите. Ама за позитивни работи во животецот мој, мораше
да има датум. Проблемот до негово доаѓање не беше, проблемот беше ако немаше
датум. И така, се завртев, гледајќи го патот пред мене, прашувајќи се за
датумот. И ден денес се прашувам, да се разбереме. Подоцна, бар 4-6 секунди
подоцна, мојот мозок разви билатерални прашања кон мене. Каде да одам сега (дали
згрешив нешто претходно), дали да си одам дома (дали згрешив нешто претходно),
кај ми е упаљачот (дали згрешив нешто претходно), дали да купам цигари (дали
згрешив нешто претходно), дали да одам на работа дирекно или дома да си кинисам
(дали згрешив нешто претходно), дали ќе бидам способен за работа утре (дали
згрешив нешто претходно), и многу други. Секако, мантрирачкото прашање на
мојата потсвест беше доминантно ко Ренџерс и Селтик во Шкотска лига. Матер и
ебам (на Шкотската лига). Не одговорив на ништо. Освен на најглавното.
Не
си одам дома. Шо ве ебам. Дур да појдам дома, пешки, долго време. А и не сум
одморен за таков потфат. Трамвај нема. Такси не планирам, не работам јас ко
црнец за такси да плаќам. Шо ве ебам. Поарно дирекно на работа да одам. И ете
ти го ... главниот проблем на одговорено прашање. Што ќе правам во следни три
саати среде Бирмингам? Темен град, навидум тивок. Ама темен. Што нема низ
градов. Добро, се има, освен она што ми треба на вечер. Каква иронија. Шо го
ебам, ќе се „шукарам“ три саати ако треба, ама дома не си одам. Ни пешки, ни со
трамвај, ни со такси.
Имам три саати на располагање...
Одлучив
да купам цигари. Од најбиската трафика. Си се запрашав, додека констатирав: на
кого му е најблиска? А? Never
mind. Запалив една цигара. Имаше вкус на песок. As I remember. Песок. Песок бе! Чад и песок. Убава
комбинација кога имаш време од три саати да го трошиш. БУквално да го трошиш.
Кај би одел сега?
Ми
се уринира. Фак ит. Фаааак ит. Ај, си велам, ќе издржам до на работа. А таму, the best feeling... мочање (ко Ливерпул на Олд Трафорд). А бест филинг е пошо долго
очекувано е. Не од твоја страна, ама од страна на твојот авторитативен, суверен
орган. Бест филинг заедно со уште неколку, меѓу кои е и она повторно кое го
делите со твојот авторитативен и суверен орган. И тоа ако е долгогочекувано,
уште подобро. Хехе.
Сериозно,
ова го мислев додека пешачев на тротоарот на главната улица која, доколку долго
време пешачеше по неа, со помош на фериброд, во еден наврат, можеше да те
однесе до Африканскиот континент, recimo… Најблиската трафика
од кај што ги купив овие ванаби песок цигари веќе беше далеку. Најблиската, а?
Мамето нејзино.
Ги
слушав моите чекори. Тап – тап. Што значеше тоа? Ништо. Само дека е тивко. Вери
квајет во три и кусур сабајле во милионски, индустриски град. Сите по дома, си
велам, си спијат. Уствари, дома се, а дали спијат, прашање е. Де бре, само
прашања.
Ноќта
изгледа исто делува на нас како на ретардираната багра во неолитот. Страв им е
да прават било што на вечер надвор. А и внатре. Освен „тресење“ (коитус). Ама
барем свршувале внатре. Затоа имаме и демографија (матер му ебам). Денес, малку
работите се изменети. Ни за внатре не ја бива работава.
Опасно е. Нееее бе, не.
Одлучив
да земам нешто за јадење. Знаете зошто? Затоа што бев гладен.
Цел ден, а и претходно, цела ноќ немав
ништо конзумирано, што може да се нарече со збор кој почнува на х, а завршува
на „а“.
Х-ран-а.
Едноставно бе, матер да ви ебам примитивна! Дур одев, и дур правев планови од
кај да набавам нешто за лупање, роварев низ џебовиве. Во секој џеб имав по
некоја пара (книжна, доста опасно). Не дека имав многу, ама зашто да бидат
средни, во новчани, recimo; кога можат да бидат анархистички поставени. Собрав неколку (не ви кажувам
колку, а и ме заболе дали треба да ви кажам). Се упатив кон најблиската
сендвичара.
Добро позната ми беше. Сум бил чат пат.
Онака, аристократска. А и едниствена во округот која работи цело време. За
вакви, ко мене. Што не знаат кај тераат. Додуша, не само за такви ко мене. И ЗА
ТАКВИ КАКО ВАС, МАТЕР ВИ ЕБАМ ГЛУПА!
На
неколку метри од можноста да напраам нарачка на тоа што сакам да го слупам и да
го залажам мојот желудник, се појавија неколку женски единки – претставнички на
ретардирана багра која урла низ биртии и кафулиња до ниедно време. Не знам
зошто ги спомнав, пошто понатаму не се сеќавам дали ги видов пак. Ваљда бев
преокупиран со лапачката. Дремев така пред штандот за нарачка, и како да не
постоев. Луѓе доаѓаа, си нарачуваа, ги услужуваа. Абе, да му ебам матер. Тивок
градов, а? Сите спијат, а? Не бе, само некои мести се тивки и те лажат дека
сите спијат. Види овде браат, багра, брааат! Енивеј, си продолжив да кулирам.
Во следните 43 секунди повторно бев неуслужен ниту забележан. Јас забележав
дека една ретарда која дојде 32 секунди после мене си го доби своето. Што и да
беше. Got
me thinking. Што ако не постојам? Што ако не ме гледаат. Или пак, ај
да не комплицираме. Што ако сум задремал во кафичот кај што ми ја погодуваат
музиката и кај што во последно време сум доста редовен пошто сум во друштво на
личност со која ми е ... претерано интересно, а и плус и музиката ми ја
погодуваат (ко Gimme
Shelter од нашиве на пример), ама секогаш сум мааалку уморен,
ама недоволно за да задремам или заспијам, и ја праам онаа поза како да спијам,
а јас всушност не спијам, туку ја слушам, а таа не ми верува... и така... е
се,а што ако тогаш сум заспал, и сега ова го сонувам? Не бе, не е можно
цигарата да ти има вкус на песок во сон. Другото, во ред. Ама цигара и песок во
ист сон не е можно.
Тоа ме увери дека сум буден. Се помирив
со тоа дека не сонував, и дека мора да ги дешифрирам и другите варијанти – како
на пример, дали јас воопшто постојам, кога келнерката ми рече: За вас?
Е тука ме пресече. Што ако и таа ме постои?
Што ако и таа сонува? И што ако, не дај Боже, јас сум дел од нејзиниот сон, ама
не постојам. Заебана работа овие прошективе до најблиски продавници и
углостителски пунктови во голем, индустриски град после три сабајле. Во тој
момент, постоел, непостоел, си велам – дај да втупам јадење, па после ќе се
замарам со такви филозофии и егзистенцијалистички глупости.
Ич
да не ве интересира што и одговорив на прашањето. Битно го добив тоа што го
сакав. И го платив. И пак проблем. Сега каде? Кога ќе размислиш, „каде“ е многу
побитно од тоа дали постоиш или не. Бидејќи, твојата дестинација е битна,
безразлика дали сонуваш (или во најблага варијанта луташ низ твоја
предтелевизорска дремка), дали непостоиш, туку си само дел од молекул на
сувенир кој се протресува за да заврне снег
во затворениот простор во кој има куќарка на која пишува Praha и можеш да го купиш на екскурзија во Прага за евтини пари (Чехословачка
рулз), или пак, си само дел од нечиј друг сон. А да ви кажам право, гајле ми е
и дали вие воопшто постоите. А, ако го читате ова, матер ви ебам, запрашајте се
дали сите ние постоиме.
И
сега, каде? Ај навака си реков сам. Нејќев да потрошам неколку мигови на истото
емсто каде што го набавив мојот плен. Ви реков, транзитно место беше. Од
немајкаде. Заборавив да споменам дека еден од споредните мотиви да земам плен
беше и можноста да се отепа времето, без да ме изеде досадата. Или да почне да
ме грицка. Како вас што ве грицка, па затоа сте глупи.
Патот
на кој чекорев беше поплочен многу одамна. А мојот пат, моментално се
поплочуваше. Си ги мерев чекорите. И си ги слушав. Барајќи место да одморам и
да го конзумирам мојот платен плен, пак забележав дека нема никој никаде.
Неколку кучиња шантараа лево десно, а другото се беше осамено. И јас, во
меѓувреме. Најдов една клупа, одма до една (за некого) најблиска продавница,
која не работеше. Одлучив да се одморам тука, и да си ја завршам обврската.
Ветеното за мојот стомак. А и за мојата потреба од тепање време. Инаку, заборавив
и на тоа, ама уште ми се уринираше. Матер да му ебам...
Додека
седев, си велам: нема никој ко мене наоколу. Нема ни сообраќај, нема луѓе. Не
ни поминуваат. Си се прашувам: оние сите кои го нападнаа
угостителскиот пункт, каде одат? Од кај се појавија? Што ако тие не постојат?
Ај бе, батали. Ноќта беше ладна, и тмурна. А и долга, богами. Уште два и кусур
саати ќе дремам вака, сам, очаен, уморен, бааги уморен. Ај, биле небиле, ќе
поминат.
Седејќи
така, роварејќи низ компирчињата (еве ви hint што јадев), забележав од
далеку како некој се приближува до местото каде што бев. Не, не е ова глуп и
ретардиран Холивуд филм во кој е можно во три и кусур сабајле каде што
претходно кажав дека нема никој никаде, наеднаш некој да се упати кон мене,
креирајќи твист во кој гледачите (читателите) ќе се заинтригираат до немајкаде.
Не, човекот си одеше по истиот поплочен пат по кој одев јас 4-5 минути
претходно. Разликата се состоеше во тоа што тој има помалку избор. Безразлика
каде е упатен, и кои му се плановите, а и дали воопшто постои, имаше избор
помалку – јас ја имав зафатено клупата. Првата. Добро, освен ако не се
намерачеше да седне до мене. А тоа ќе беше окворд, квајт окворд, нели? Помина,
замина. Ми ја разби мислата дека не сум само јас ваков и никаков кој зема храна
па се одалечува од местото погодно за конзумација на истата. Оти? Оти не беше
арен. Ваљда беше од оние со посебна ретардација. Не од видот на оние
ретардирани кои тие од претходно, ами овај беше со призната болештина. Уф, си
реков. Не сум само јас што прави вака. И други, неарни исто. Помина замина
чоекот, не бев заинтересиран да видам кај ќе заврши. И толку со него.
По
некое правило, опаѓаше температурата, се темнееше ноќта, и опаѓаше бројот на
луѓе кои не се дома правејќи што било, а се зголемуваше бројот на слободноумни
кучиња скитници кои беа заинтересирани за мојата инвестиција (сконтаа). И згора
на се, се зголемуваше мојата потреба од урнинација. Сите тие плусови и минуси,
ја направија мојата одлука. Да станам и да променам локација. И главното
прашање – сега каде? Е нигде. По патот кој што ме води на работа. Се разбира,
тој беше доста пократок од два и пол саати време, па затоа си реков дека ке
одам по него, а во меѓувреме ќе импровизирам. И еј, имав уште за јадење. Уште
многу. Одлучив тоа да го правам на незгоден начин. По пат. И онака одам бавно.
Кој
е божествениот критериум за резервации на место во рајот (државна квота) или
пеколот (кофинансирање) за животни. Конкретно за кучиња скитници се запрашав,
откако две три претставници на оваа ноќна милитантна организација ги вперија
своите ладни и гневни погледи во мене. Откако констатираа дека од мојата
хранлива инвестиција не преостана ништо (видливо), одлучија дека своите
енергични испади на омраза треба да ги исфрлат на друга мобилна материја
наречена друго куче, ама од другата страна на улицата. Маежот на милитантите не
ми сметаше. Сеуште размислував, каде одат тие? И со што можат да заслужат виза
во рај или во пекол. Ај, можеби претерувам, ама да си прашам: дали и тие имаат
мисли слични на моите – што да праат во следните неколку саати до изгрејсонце.
И нив ги интересира тоа „каде“ – дефинитивно.
Ми
стануваше се постудено. Дури ми создаваше нервоза. А тек замислете, мојата
потреба од уринација. Нервоза, немир, студ, досада. Комбинација кода се паднале
Галатасарај, Фенербахче, Олимпијакос и Панатинаикос во сита група на Лига на
прваци. Да ве ебам. Стоев на семафори пред државната банка. Црвено. Ок, црвено.
Ама знаев дека нема ни кола, ни човек, ни бутур на радиус од 300 метри,
сигурно. Зошто чекам? Е ајде де. Не брзам нигде. Секоја секунда е битна.
Секоја, дете, секоја. Да ви ги ебам секундите глупи, да ви ги ебам. Префрлив
улица. Запалив цигара. Овој пат, немаше вкус на песок, ама осетив дека не ми е
до цигари. Дека многу ми е. Ме фати страв. Што ако умрам. Нели, пушењето е
штетно. Се заебавам. Да ви ги ебам глупите антиреклами. Само, ок, не ми се
пушеше. Ради реда ја димев, одејќи по патот.
Размислив. Има едно место каде што
можам да напраам некоја пауза, без да стрчам во градов ко изгубен Германец,
матер и ебам на Западна Германија. Каде? Еее, се интересирате каде е тоа. А
кога ви велев дека дестинацијата е најбитна ствар на универзумот, ме правевте
будала. Шо ве ебам.
На железничка станица. Малку да се
стоплам, малку да транизитирам. А може и ќе пазарам нешто, да ми го отепа
времето во меѓувреме. Да ви кажам право, желбата на мојот авторитативен орган
да урнинира ми наметна прашање: дали може таму да уринирам. Секако
дека може, ако работат урнинарните пунктови. Уф, како ги мразев јавните
тоалети. Од Ирскиот паб навака (море и претходно) не можам да поднесам.
Единствено ги користам кога веќе морам. Ама под морам подразбирам – морам. Ај
си викам, ако морам, бар знам каде ќе морам.
За неполни 11, 34 минути стигнав на
железничка. Само поминав низ просторот за транзиција, наречен чекална.
Интересно, немаше можност да останам бар малку внатре. Испадна мојата варијанта
да се стоплам. Ко прво, имаше доволно народ за секое столче да биде зафатено.
Нејќам да знам кои беа нивните приказни. Само, знам дека голем дел од нив беа
преокупирани со „како“, надоврзувајќи се и на моето, а и на нивното (секако)
каде. Додека поминував, се обидував да го пронајдам легендарниот саат со
стрелки за да видам колку е саатот поточно. За да видам колку време ми
преостана од можноста да одам на работа. Колку време сум отепал, и уште колку
треба да отепам. Го видов – вели – уште многу. Матер му ебам и на сатот, а и на
сатџијата.
Покрај
тоа што немаше место низ чекалната, забележав, т.е. почувствував многу лоша
миризба која владееше со овој простор. И за неа не се прашував од каде извира.
Гајле ми беше. Испратен со будните погледи на полузаспаните чекачи, излегов од
вратата од која не дојдов. Од другата. Надвор, во стил дека чекам воз за
некаде, ама не ми се пуши внатре додека го чекам, запалив цигара. Да не бидам
сомнителен, нели? Интересно. Ме изнервира тоа што вратата беше од новите. Се
отвораше на приближување. Два три пати ме заеба, и за понатаму си знаев – да
стојам подалеку. Имаше уште неколку како мене, кои транзитираа со цигарата в
рака, лево десно. Па си се враќаа на своите неудобни локации внатре. И, бидејќи
димеа цигара, не ми беа сомнителни. Сомнителен ми беше џипот кој беше неуредно
паркиран на тротоар, одма до единствената продавничка која работеше во ова
доба. Работеше и џипот, и сигурно имаше некој внатре, осеќав. Иако не можев да
видам ништо – заради ноќта, ама и заради затемнетите прозорци. И сега како очекувате
некоја заврзлама со џипот, ама нема да ја добиете. Освен тоа што беше
сомнителен цело време, па дури и кога си заминував од железничка, ништо друго
не се случи. Матер му ебам.
Морам
да напоменам дека помислив на уште една цигара да упалам, додека мојот
авторитативен орган ми рече „абре аман, оди уринирај“. За тоа, „за“ гласаше и
мојот мозок, и заедно ме нападнаа. Немав раат. Морав да одам. Проверив и
заклучив дека тоалетот е отклучен (добар заклучок). Влегов внатре. Најчесто не
сум така бескрупулозен, и најчесто сум претпазлив и уреден. Ама кога твојот
авторитативен орган ти се постави авторитативно, нема скрупули. Ни за еднта
функција – уринирање, ниту за најбитната – coitus. Што се мора, е
тешко. Барем за втората (најважна функција). Си најдов место за празнење.
Буквално.
And
what a feeling that was. Уринирав околу 20тина
секунди (за 30 помалку од мојот личен рекорд), ама чувството беше маркантно.
Скоро слично како чувството кое твојот авторитативен орган може да ти го понуди
после знаете што. Нели, кога се празниш, и психички и физички, си до толку
опуштен, што размислуваш многу трезвено, и перцептивно. Аутсајд д бокс. Па
така, дознав од каде доаѓа миризбата која го владее цел железнички простор. Абе
го нафрлале цел тоалет со варикина, или со којзнае што тураат за да чистат. Си
викам, што ако е како она старовремското со „солна киселина“, па јас настрадам
овде? Нели можна е реакција, а бидејќи јас влегов тука бескрупулозно, немаше
кој да ме предупреди. Напрајв zipp (иако носев фармерки со
петлици) и напуштив место на (зло)стор. Се упатив, знаете каде? Да ги замијам
рацете. Не дека пазам на хигиена, пошо нели, не напрајв ништо што може да ми ја
загрози мојата благосостојба (авторитативниот орган е мој, а не е ваш pederi stop!), aма навика, јеби га. Во ЗПО не учеа така. Да сме биле уредни. Го најдов и
тој одел. Заврши мојата бескрупулозност. Имаше некој на втората чешма. Постар
чоек, ама не можев да фрлам погледи во серија, ќе ме забележеше. Застанав баш
до него. Имаше некоја посебна технологија славината, па додека ја совладав за
да добијам млаз вода, успеав да фрлам два три погледи кон човекот до мене, лево
од мене. Стар, забраден чоек, кој одлучил да не биде забраден баш тука, и баш
овде. Измачкан со пена за бричење, беше полуизбричен со намера да се доврши на
вакво скапано место во следните неколку минути. Го гледам јас, со поглед кој
вели – ват д фак мен. Тој ме гледа мене со поглед – шо гледаш бе, неписмен
еден? И така, ги разделивме нашите погледи. Моето прашање сеуште остана неодговорено.
За неговото, ме заболе стап.
Излегов
со водени дланки. Нормално, шо подалеку од местото кај што нејќам да бидам. Not anymore. На излезот од вратата сфатив дека сум немал гајле, и дека без разлика на
мојата бескрупулозност, знаеле кај сум. Дај пари ми вика локалниот WC шериф.
Добро, му реков, не се нервирај. Одбив да му ги дадам инстант, претурајќи низ
џеповите. Тој одби да чека статично, и ми препорача да ги ставам на масичката.
Го направив тоа, а тој забележа. И толку. Излегов надвор, на ладно, ама бар
сега знаев дека можам на раат да се бранам од студов. Не знам дали имате
забележано, ама полоша комбинација од студ и потреба од мочање, скоро и да
нема. Па тек уште ако си изморен и ти се спие – топ! Е, сега ми текна дека ми
се спие.
На
приказнава и фали нешто интригантно, нели? Е, ако така мислите, не ни читајте.
Ви ебам тоа интригантното. Енивеј, излегов надвор на прва раат цигара после
долго време. Уште од цигарата која ја делевме со неа претходно, немав раат
цигара. Можеби и оваа, а и таа цигара не се раат, ама ај да не навлегуваме во
детали. Дур сум кај таа раат цигара, одлучив да ја преседам. Кај што доаѓа
возот, има чекална надворешна. Со столчиња. Нормално, никој немаше, оти не се
ни очекуваше да дојде воз. Ама јас ќе го чекам си реков. Седнав, да искулирам,
додека студот ме грицкаше. Полека, ама моќно. Извадив книга од чантата која
имало немало потреба ја влечкав со мене. Ај да читаме:? Ај да читаме. Абе не е
арно да се прајш паметен во ниедно време, ама ај. Кога почнаа буквите да
скокаат преку ограда, сфатив дека во неколкуте милисекунди сигурно сум задремал
бар 2-3 милиони пати, и исто толку сум се разбудил од микрохибернацијата. Тоа
не помага, ниту одмага на кондицијата која ја имам, ама прави чувство на
девалвација на волјата за живот. Прво, помислив што убаво би било да си спие
човек на удобен кревет. Уф, си викам. А знаете што значи тоа? Дека сум згрешил.
Дека требало да изберам да одам дома прее. Ех, тоа каде. Ех. Е не бе, не
згрешив си велам. Станав, и запалив Yet another cigarette. Абе
да ви ебам племето, што ако се многу, а? И онака формално ги пафкав. А доста
кул се, од социјален момент, вака посабајле посебно. Дремев на истата локација
уште 15 минути. И направив ваљда лоша одлука. Одлучив да се упатам на работа,
на последната етапа која траеше 20тина минути. А имав време уште два саати. Ама
пак тргнав. А не ни помислив да импровизирам. Одев бавно. Забележав невидена
тишина успат. Температурата опаѓаше, а се зголемуваше бројот на кучиња кои ја
тестираат твојата параноичност. Јас бев до толку искулиран (иако ми беше ладно)
што спрема песовите се постапив како да не постојат. Одев бавно, одев
летаргично. Тепав време во ниедно време. Кул работа.
Признавам,
мислев на неа. Тоа ми ги освежуваше мислите. И ме освежуваше, и кондициски, и
секако. За волја на вистината, ми текна на неоснованиот датум, ама решив да
креирам мисла која ми направи блага насмевка (задоволна). Не ви кажувам што.
Ама можам да ви кажам дека се базира на оптимизам. Можеби неоправдан, ќе
видиме.
Ексик,
се доближував до финалната дестинација. Сонцето немаше абер да изгрее. Од една
страна, беше рано за таков вселенски потфат, а од друга страна, имаше темни
дебели облаци, кои знаев дека нема да му дозволат да не ишамара со неговите
брутални зраци вака посабајле. Си се лажев самиот дека ќе заборавам дека не е
можно, па дека кога ќе изгрее сонцето, ќе се стоплам.
финтата е што тоа е баш обратно од вистината. И друга работа – кога веќе ќе има абер од изгревање, јас ќе бидам на работа. Безбеден и во затворено. Батали астрономија и тепање време.
финтата е што тоа е баш обратно од вистината. И друга работа – кога веќе ќе има абер од изгревање, јас ќе бидам на работа. Безбеден и во затворено. Батали астрономија и тепање време.
Ваму
кај што работам поминува главна улица која ако ја следиш, можеш да стигнеш до
Техеран. На неа поминуваа автобуси, од оние јавни за превоз на вакви ко мене.
Наспроти мојава локација има автобуска постојка. Баш убаво место за да отепам
20тина минути, си велам. Ај, кога ќе стигнам таму, ќе се укотвам. Дваесет по
дваесет, се збира.
Се
разбира, јас сум многу креативен во зорт, или пак, при откажување. Тогаш мојот
мозок произведува 1.000 идеи за „што понатаму“. Па затоа, дури и размислив што би било да
појдам на работа и одма, иако знаев дека е скоро неможно, непрактично. Пред се,
затворено беше. Ама пак, таква мисла ми прелета. Студено, да му ебам мајката.
Почнав
да размислувам на високи идеи. АКо претходно се думав за моето постоење, сега
се прашував за можностите на обичниот човек. Колку се’ е
затворено и неможно. Колку не сме слободни. Колку и денот и ноќта ни вршат
разлика, ако си сам, и отфрлен. Како Орвел во книгата негова, кај што е сам, и
отфрлен. Во големи градови, слично на овој. Ај запали цигара, си велам. Остај,
батали такви теми. Опцув, без да ме чуе некој, а и без причина и продолжив
понатаму. Не знам зошто, верувајте, ама застанав. Блиску до станицата кај што
планирав да отепам време, застанав и не мрдав. Изгледав сомнително иако димев
цигара. Времето и ситуацијата беа толку сомнителни, што не ги вадеше ни една
обична цигара. Е, до толку. Ја спукав цигарата до пола некаде, кога забележав
човечка силуета кај што се шукара околу еден стар автомобил. Мојата кондиција
налагаше да не сум во можност да скопчам што таа силуета прави со самата себе
си и од каде потекнува, ама некои освежувачки моменти од претходно установија
можност да перцепирам. Го познав. Бурекџијата. Стариот добар бурекџија. И нему
му бев сомнителен, и демек работи нешто, а всушност испитува што прави некоја
будала ко мене во четири сабајле кај дуќанот негов. Си реков, да му ги скратам
маките. Извадив пиштол и го вперив во него...
Не
бе, каков пиштол, да ви се плукнам во идејата глупа. Зачекорив кон него и му свикав,
за да не го доисплашам, и да ми го позне гласот. Ме препозна. И двајцата имавме
низа реченици кои требаше да ги размениме. Тој чувствуваше потреба да ми
објасни како тоа работел нешто околу колата негова, па видел некој, па не се
интересирал кој е, туку така, онака, само... а јас сакав да му објаснам зошто
стоев на место каде што не би требало да се стои, дали било ден, дали било ноќ.
Му велам, од дома порано сум тргнал за на работа (?!), и ми се припалило цигара
вака успат. И како што им велат на војниците од ЈНА – ако ти се припалува
циагара, запали, ама застани, не е во ред да ја пушиш во одење – тоа сум го
направил и јас.
Ме
покани внатре, на бурек. Ја прифатив таа идеја, оти знаев дека ќе се стоплам, и
на саглам место ќе отепам доволно време. Таман.
Седев
внатре. Тој си ја бркаше својата работа, оптоварен со потребата да го одржува small talk-от со мене. Ми зборуваше
провидни муабети за кои јас се правев дека се подлабоки од Бајкалско езеро, па
ги прифаќав како некоја филозофија, и ги надополнував. Од толку што беа плитки,
не можеа ни да се надополнат. Не е до него, не, тоа е основа на јутарњи small talk. Пробајте, ќе видите. Ви ебам тоа глупите, ви ебам. И јас бев оптоварен со
уморот, ама и со потребата од концентрација да ги пазам муабетите, и да
возвратам во слична мера. Тешко, јеби га. Ама барем сум внатре, на топло, каде
што на времето можам комотно да МУ ЕБАМ МАТЕР.
Ме
понуди со цигара, од неговите. Прифатив. Запаливме по една. Беше доста кул
момент, фактички градејќи нова секвенца, се будуш од дотогашното монотоно
сивило, и наеднаш си во бурекџилница, во ниедно време, со цигара во рака. Чадот
се мешаше со ориенталниот мирис на турско – монсоглсикот производ, и создаваше
позитивна атмосфера. Бев high на бурек. Од таква позитивна атмосфера, плитките муабети почнав да ги
сечам со нож. Дури почнав да си нижам плитки мисли – колку ваквите моменти ја
праат кул ваквава вечер – као некој доживљај, ко некоја приказна за која можам
да им зборувам на внуците мои. Цигарата си гореше, времето беше претепано. Си
кулирав уште некое време. Се пресретнав со нова идеја – ми понуди пиво
мајсторот. Плиткоста на моите идеи и атмосферата велеа „земи“. И не знам зошто
одбив пиво, ама јеби га, му реков дека кај да е, одам нагоре, демек со порано
да си ја почнам и завршам работата. За да не си одам празен, му зедов од тазе
робата (шо ве интересира што?), и му посакав арен ден. Среќен и одморен го
напуштив локалитетот за кој понатаму размислив дека би било добро прибежиште
ако некогаш пак вака заглавам среде Бирмингем. Онака, му идеш во 3 сабајле,
лупате small
talk-ови ко невидени, и си тепате време. И тој, дур витка
буреци, а и јас, дур не знам што правам со животот и кон што одам, со текот на
времето. Со бурекот и маката под рака, се упатив нагоре, на работа. Го
прцепирав утрото како пролетно. Онака, планински чист воздух кој ме натера да
запалам цигара. Ладно време кое веќе не ме гризеше така силно, затоа што знаев
дека за брзо време ќе стигнам таму кај што тргнав пред три саати. Стигнав.
Затворено беше. Сум подранил, сепак. Го разбудив чуварот. Не бараше објаснување
од мене што барам рано. А и немаше да го
добие, како и да е.
Зедов кафе од кафематот, и се качив горе. Каде? Во мојата просторија. Ви ебам тоа љубопитните.
Зедов кафе од кафематот, и се качив горе. Каде? Во мојата просторија. Ви ебам тоа љубопитните.
Не го испив кафето. Сфатив дека не сум
го испил кога се разбудив.
После два саати!
Знаете каде?
Епа сега... хихихи.
No comments:
Post a Comment