9.4.14

Danza

40 days and 40 nights, Д.
The world sails in a sea of haze.
Our world too.

Една од поентите на здраворазумниот слободоумен человек е да го достигне циничниот момент - да го наречат циник. Доста цинично.

Другата е во поинаква форма. Со повеќе варијанти.
Како Штулиќевата - ne znajuci ništa hocu li biti ponovo?
Или Нелетовата - Što manje, dijete, znaš, to si manje nesretan.
Или, пак, од Орвеловиот кошмар - Ignorance is bliss.

А до тогаш, имам(е) за учење.

Од тебе - многу. Допрва.

Ти беше феноменален човек. Омилен лик.
Мудар ко Кјубрик, циничен ко Твен.
Од сите наши пријатели, ти беше најзначаен.

Memories of you will never fade away, Д.

5.4.14

Something something!


Birmingham Blues

27 март 1988 година, 3:07 a.m., Бирмингем, В. Британија

            ... (за жал) Се разделив од неа и го напуштив единственото (за мене добро) осветлено место во околината. На мое инстант неверување, било центар на градот. Не ми се допаѓаа сите тие стари и нови поделби, и не ги сфаќав. Иако живеев долго време во Бирмингем, не знаев која населба каде е, а и која е. Ама, не е тоа муабетот. Заминав со неколку мисли, кои како кучиња одврзани од ланци протрчаа низ моите мозочни виуги.
            Останатото не е историја, the rest is географија.
             Она што најмногу ме преокупираше, скоро пола вечер беше мојот умор. Да се разбереме, не како идеја, туку како кондиција. Како физички концепт кој создава мисли и идеи. Барем мисли, за идеи не бев сигурен. Ама, како што два три пати имам нагласено (не овде), во тие периоди, ми е толку интересно (amusing) што уморот го ставам во втор план, одма откако ќе ме гризне. Како што велат дека реалноста те грицка (и те штипка) па се будиш, кај мене уморот ме гризе (и тоа со големи залаци) за да ме успие. А ретко кога успеава. Матер му ебам.
            Другото прашање ми беше без можен одговор од моја страна. Мислев дека милијарда луѓе можат да ми одговорат на тоа прашање. А и тешко е, кога знаеш дека само ти не знаеш. Ама, пак, никако не ја бива. И кога си единствен што знае, за разлика од ретардирано стадо (овци) околу тебе. И тогаш е тешко. А и сега. Нон стоп (disco) ваљда. Матер му... […] Си се прашував кога пак ќе ја видам. Сакав што побрзо. Тоа „кога’ ми беше многу побитно од било што. Знаев дека ќе биде некогаш, ама не знаев кога. Мојот живот беше конципиран на датуми. За работи кои не сакав да ги праам, не беа добри датумите. Ама за позитивни работи во животецот мој, мораше да има датум. Проблемот до негово доаѓање не беше, проблемот беше ако немаше датум. И така, се завртев, гледајќи го патот пред мене, прашувајќи се за датумот. И ден денес се прашувам, да се разбереме. Подоцна, бар 4-6 секунди подоцна, мојот мозок разви билатерални прашања кон мене. Каде да одам сега (дали згрешив нешто претходно), дали да си одам дома (дали згрешив нешто претходно), кај ми е упаљачот (дали згрешив нешто претходно), дали да купам цигари (дали згрешив нешто претходно), дали да одам на работа дирекно или дома да си кинисам (дали згрешив нешто претходно), дали ќе бидам способен за работа утре (дали згрешив нешто претходно), и многу други. Секако, мантрирачкото прашање на мојата потсвест беше доминантно ко Ренџерс и Селтик во Шкотска лига. Матер и ебам (на Шкотската лига). Не одговорив на ништо. Освен на најглавното.
            Не си одам дома. Шо ве ебам. Дур да појдам дома, пешки, долго време. А и не сум одморен за таков потфат. Трамвај нема. Такси не планирам, не работам јас ко црнец за такси да плаќам. Шо ве ебам. Поарно дирекно на работа да одам. И ете ти го ... главниот проблем на одговорено прашање. Што ќе правам во следни три саати среде Бирмингам? Темен град, навидум тивок. Ама темен. Што нема низ градов. Добро, се има, освен она што ми треба на вечер. Каква иронија. Шо го ебам, ќе се „шукарам“ три саати ако треба, ама дома не си одам. Ни пешки, ни со трамвај, ни со такси.
Имам три саати на располагање...
            Одлучив да купам цигари. Од најбиската трафика. Си се запрашав, додека констатирав: на кого му е најблиска? А? Never mind. Запалив една цигара. Имаше вкус на песок. As I remember. Песок. Песок  бе! Чад и песок. Убава комбинација кога имаш време од три саати да го трошиш. БУквално да го трошиш. Кај би одел сега?
            Ми се уринира. Фак ит. Фаааак ит. Ај, си велам, ќе издржам до на работа. А таму, the best feeling... мочање (ко Ливерпул на Олд Трафорд). А бест филинг е пошо долго очекувано е. Не од твоја страна, ама од страна на твојот авторитативен, суверен орган. Бест филинг заедно со уште неколку, меѓу кои е и она повторно кое го делите со твојот авторитативен и суверен орган. И тоа ако е долгогочекувано, уште подобро. Хехе.
            Сериозно, ова го мислев додека пешачев на тротоарот на главната улица која, доколку долго време пешачеше по неа, со помош на фериброд, во еден наврат, можеше да те однесе до Африканскиот континент, recimo… Најблиската трафика од кај што ги купив овие ванаби песок цигари веќе беше далеку. Најблиската, а? Мамето нејзино.
            Ги слушав моите чекори. Тап – тап. Што значеше тоа? Ништо. Само дека е тивко. Вери квајет во три и кусур сабајле во милионски, индустриски град. Сите по дома, си велам, си спијат. Уствари, дома се, а дали спијат, прашање е. Де бре, само прашања.
            Ноќта изгледа исто делува на нас како на ретардираната багра во неолитот. Страв им е да прават било што на вечер надвор. А и внатре. Освен „тресење“ (коитус). Ама барем свршувале внатре. Затоа имаме и демографија (матер му ебам). Денес, малку работите се изменети. Ни за внатре не ја бива работава.
Опасно е. Нееее бе, не.
            Одлучив да земам нешто за јадење. Знаете зошто? Затоа што бев гладен.
Цел ден, а и претходно, цела ноќ немав ништо конзумирано, што може да се нарече со збор кој почнува на х, а завршува на „а“.
            Х-ран-а. Едноставно бе, матер да ви ебам примитивна! Дур одев, и дур правев планови од кај да набавам нешто за лупање, роварев низ џебовиве. Во секој џеб имав по некоја пара (книжна, доста опасно). Не дека имав многу, ама зашто да бидат средни, во новчани, recimo; кога можат да бидат анархистички поставени. Собрав неколку (не ви кажувам колку, а и ме заболе дали треба да ви кажам). Се упатив кон најблиската сендвичара.
Добро позната ми беше. Сум бил чат пат. Онака, аристократска. А и едниствена во округот која работи цело време. За вакви, ко мене. Што не знаат кај тераат. Додуша, не само за такви ко мене. И ЗА ТАКВИ КАКО ВАС, МАТЕР ВИ ЕБАМ ГЛУПА!
            На неколку метри од можноста да напраам нарачка на тоа што сакам да го слупам и да го залажам мојот желудник, се појавија неколку женски единки – претставнички на ретардирана багра која урла низ биртии и кафулиња до ниедно време. Не знам зошто ги спомнав, пошто понатаму не се сеќавам дали ги видов пак. Ваљда бев преокупиран со лапачката. Дремев така пред штандот за нарачка, и како да не постоев. Луѓе доаѓаа, си нарачуваа, ги услужуваа. Абе, да му ебам матер. Тивок градов, а? Сите спијат, а? Не бе, само некои мести се тивки и те лажат дека сите спијат. Види овде браат, багра, брааат! Енивеј, си продолжив да кулирам. Во следните 43 секунди повторно бев неуслужен ниту забележан. Јас забележав дека една ретарда која дојде 32 секунди после мене си го доби своето. Што и да беше. Got me thinking. Што ако не постојам? Што ако не ме гледаат. Или пак, ај да не комплицираме. Што ако сум задремал во кафичот кај што ми ја погодуваат музиката и кај што во последно време сум доста редовен пошто сум во друштво на личност со која ми е ... претерано интересно, а и плус и музиката ми ја погодуваат (ко Gimme Shelter од нашиве на пример), ама секогаш сум мааалку уморен, ама недоволно за да задремам или заспијам, и ја праам онаа поза како да спијам, а јас всушност не спијам, туку ја слушам, а таа не ми верува... и така... е се,а што ако тогаш сум заспал, и сега ова го сонувам? Не бе, не е можно цигарата да ти има вкус на песок во сон. Другото, во ред. Ама цигара и песок во ист сон не е можно.
Тоа ме увери дека сум буден. Се помирив со тоа дека не сонував, и дека мора да ги дешифрирам и другите варијанти – како на пример, дали јас воопшто постојам, кога келнерката ми рече: За вас?
             Е тука ме пресече. Што ако и таа ме постои? Што ако и таа сонува? И што ако, не дај Боже, јас сум дел од нејзиниот сон, ама не постојам. Заебана работа овие прошективе до најблиски продавници и углостителски пунктови во голем, индустриски град после три сабајле. Во тој момент, постоел, непостоел, си велам – дај да втупам јадење, па после ќе се замарам со такви филозофии и егзистенцијалистички глупости.
            Ич да не ве интересира што и одговорив на прашањето. Битно го добив тоа што го сакав. И го платив. И пак проблем. Сега каде? Кога ќе размислиш, „каде“ е многу побитно од тоа дали постоиш или не. Бидејќи, твојата дестинација е битна, безразлика дали сонуваш (или во најблага варијанта луташ низ твоја предтелевизорска дремка), дали непостоиш, туку си само дел од молекул на сувенир кој се протресува за да заврне снег  во затворениот простор во кој има куќарка на која пишува Praha и можеш да го купиш на екскурзија во Прага за евтини пари (Чехословачка рулз), или пак, си само дел од нечиј друг сон. А да ви кажам право, гајле ми е и дали вие воопшто постоите. А, ако го читате ова, матер ви ебам, запрашајте се дали сите ние постоиме.
            И сега, каде? Ај навака си реков сам. Нејќев да потрошам неколку мигови на истото емсто каде што го набавив мојот плен. Ви реков, транзитно место беше. Од немајкаде. Заборавив да споменам дека еден од споредните мотиви да земам плен беше и можноста да се отепа времето, без да ме изеде досадата. Или да почне да ме грицка. Како вас што ве грицка, па затоа сте глупи.
            Патот на кој чекорев беше поплочен многу одамна. А мојот пат, моментално се поплочуваше. Си ги мерев чекорите. И си ги слушав. Барајќи место да одморам и да го конзумирам мојот платен плен, пак забележав дека нема никој никаде. Неколку кучиња шантараа лево десно, а другото се беше осамено. И јас, во меѓувреме. Најдов една клупа, одма до една (за некого) најблиска продавница, која не работеше. Одлучив да се одморам тука, и да си ја завршам обврската. Ветеното за мојот стомак. А и за мојата потреба од тепање време. Инаку, заборавив и на тоа, ама уште ми се уринираше. Матер да му ебам...
            Додека седев, си велам: нема никој ко мене наоколу. Нема ни сообраќај, нема луѓе. Не ни поминуваат. Си се прашувам: оние сите кои го нападнаа угостителскиот пункт, каде одат? Од кај се појавија? Што ако тие не постојат? Ај бе, батали. Ноќта беше ладна, и тмурна. А и долга, богами. Уште два и кусур саати ќе дремам вака, сам, очаен, уморен, бааги уморен. Ај, биле небиле, ќе поминат.
            Седејќи така, роварејќи низ компирчињата (еве ви hint што јадев), забележав од далеку како некој се приближува до местото каде што бев. Не, не е ова глуп и ретардиран Холивуд филм во кој е можно во три и кусур сабајле каде што претходно кажав дека нема никој никаде, наеднаш некој да се упати кон мене, креирајќи твист во кој гледачите (читателите) ќе се заинтригираат до немајкаде. Не, човекот си одеше по истиот поплочен пат по кој одев јас 4-5 минути претходно. Разликата се состоеше во тоа што тој има помалку избор. Безразлика каде е упатен, и кои му се плановите, а и дали воопшто постои, имаше избор помалку – јас ја имав зафатено клупата. Првата. Добро, освен ако не се намерачеше да седне до мене. А тоа ќе беше окворд, квајт окворд, нели? Помина, замина. Ми ја разби мислата дека не сум само јас ваков и никаков кој зема храна па се одалечува од местото погодно за конзумација на истата. Оти? Оти не беше арен. Ваљда беше од оние со посебна ретардација. Не од видот на оние ретардирани кои тие од претходно, ами овај беше со призната болештина. Уф, си реков. Не сум само јас што прави вака. И други, неарни исто. Помина замина чоекот, не бев заинтересиран да видам кај ќе заврши. И толку со него.
            По некое правило, опаѓаше температурата, се темнееше ноќта, и опаѓаше бројот на луѓе кои не се дома правејќи што било, а се зголемуваше бројот на слободноумни кучиња скитници кои беа заинтересирани за мојата инвестиција (сконтаа). И згора на се, се зголемуваше мојата потреба од урнинација. Сите тие плусови и минуси, ја направија мојата одлука. Да станам и да променам локација. И главното прашање – сега каде? Е нигде. По патот кој што ме води на работа. Се разбира, тој беше доста пократок од два и пол саати време, па затоа си реков дека ке одам по него, а во меѓувреме ќе импровизирам. И еј, имав уште за јадење. Уште многу. Одлучив тоа да го правам на незгоден начин. По пат. И онака одам бавно.
            Кој е божествениот критериум за резервации на место во рајот (државна квота) или пеколот (кофинансирање) за животни. Конкретно за кучиња скитници се запрашав, откако две три претставници на оваа ноќна милитантна организација ги вперија своите ладни и гневни погледи во мене. Откако констатираа дека од мојата хранлива инвестиција не преостана ништо (видливо), одлучија дека своите енергични испади на омраза треба да ги исфрлат на друга мобилна материја наречена друго куче, ама од другата страна на улицата. Маежот на милитантите не ми сметаше. Сеуште размислував, каде одат тие? И со што можат да заслужат виза во рај или во пекол. Ај, можеби претерувам, ама да си прашам: дали и тие имаат мисли слични на моите – што да праат во следните неколку саати до изгрејсонце. И нив ги интересира тоа „каде“ – дефинитивно.
            Ми стануваше се постудено. Дури ми создаваше нервоза. А тек замислете, мојата потреба од уринација. Нервоза, немир, студ, досада. Комбинација кода се паднале Галатасарај, Фенербахче, Олимпијакос и Панатинаикос во сита група на Лига на прваци. Да ве ебам. Стоев на семафори пред државната банка. Црвено. Ок, црвено. Ама знаев дека нема ни кола, ни човек, ни бутур на радиус од 300 метри, сигурно. Зошто чекам? Е ајде де. Не брзам нигде. Секоја секунда е битна. Секоја, дете, секоја. Да ви ги ебам секундите глупи, да ви ги ебам. Префрлив улица. Запалив цигара. Овој пат, немаше вкус на песок, ама осетив дека не ми е до цигари. Дека многу ми е. Ме фати страв. Што ако умрам. Нели, пушењето е штетно. Се заебавам. Да ви ги ебам глупите антиреклами. Само, ок, не ми се пушеше. Ради реда ја димев, одејќи по патот.
Размислив. Има едно место каде што можам да напраам некоја пауза, без да стрчам во градов ко изгубен Германец, матер и ебам на Западна Германија. Каде? Еее, се интересирате каде е тоа. А кога ви велев дека дестинацијата е најбитна ствар на универзумот, ме правевте будала. Шо ве ебам.
На железничка станица. Малку да се стоплам, малку да транизитирам. А може и ќе пазарам нешто, да ми го отепа времето во меѓувреме. Да ви кажам право, желбата на мојот авторитативен орган да урнинира ми наметна прашање: дали може таму да уринирам. Секако дека може, ако работат урнинарните пунктови. Уф, како ги мразев јавните тоалети. Од Ирскиот паб навака (море и претходно) не можам да поднесам. Единствено ги користам кога веќе морам. Ама под морам подразбирам – морам. Ај си викам, ако морам, бар знам каде ќе морам.
За неполни 11, 34 минути стигнав на железничка. Само поминав низ просторот за транзиција, наречен чекална. Интересно, немаше можност да останам бар малку внатре. Испадна мојата варијанта да се стоплам. Ко прво, имаше доволно народ за секое столче да биде зафатено. Нејќам да знам кои беа нивните приказни. Само, знам дека голем дел од нив беа преокупирани со „како“, надоврзувајќи се и на моето, а и на нивното (секако) каде. Додека поминував, се обидував да го пронајдам легендарниот саат со стрелки за да видам колку е саатот поточно. За да видам колку време ми преостана од можноста да одам на работа. Колку време сум отепал, и уште колку треба да отепам. Го видов – вели – уште многу. Матер му ебам и на сатот, а и на сатџијата.
            Покрај тоа што немаше место низ чекалната, забележав, т.е. почувствував многу лоша миризба која владееше со овој простор. И за неа не се прашував од каде извира. Гајле ми беше. Испратен со будните погледи на полузаспаните чекачи, излегов од вратата од која не дојдов. Од другата. Надвор, во стил дека чекам воз за некаде, ама не ми се пуши внатре додека го чекам, запалив цигара. Да не бидам сомнителен, нели? Интересно. Ме изнервира тоа што вратата беше од новите. Се отвораше на приближување. Два три пати ме заеба, и за понатаму си знаев – да стојам подалеку. Имаше уште неколку како мене, кои транзитираа со цигарата в рака, лево десно. Па си се враќаа на своите неудобни локации внатре. И, бидејќи димеа цигара, не ми беа сомнителни. Сомнителен ми беше џипот кој беше неуредно паркиран на тротоар, одма до единствената продавничка која работеше во ова доба. Работеше и џипот, и сигурно имаше некој внатре, осеќав. Иако не можев да видам ништо – заради ноќта, ама и заради затемнетите прозорци. И сега како очекувате некоја заврзлама со џипот, ама нема да ја добиете. Освен тоа што беше сомнителен цело време, па дури и кога си заминував од железничка, ништо друго не се случи. Матер му ебам.
            Морам да напоменам дека помислив на уште една цигара да упалам, додека мојот авторитативен орган ми рече „абре аман, оди уринирај“. За тоа, „за“ гласаше и мојот мозок, и заедно ме нападнаа. Немав раат. Морав да одам. Проверив и заклучив дека тоалетот е отклучен (добар заклучок). Влегов внатре. Најчесто не сум така бескрупулозен, и најчесто сум претпазлив и уреден. Ама кога твојот авторитативен орган ти се постави авторитативно, нема скрупули. Ни за еднта функција – уринирање, ниту за најбитната – coitus. Што се мора, е тешко. Барем за втората (најважна функција). Си најдов место за празнење. Буквално.
And what a feeling that was. Уринирав околу 20тина секунди (за 30 помалку од мојот личен рекорд), ама чувството беше маркантно. Скоро слично како чувството кое твојот авторитативен орган може да ти го понуди после знаете што. Нели, кога се празниш, и психички и физички, си до толку опуштен, што размислуваш многу трезвено, и перцептивно. Аутсајд д бокс. Па така, дознав од каде доаѓа миризбата која го владее цел железнички простор. Абе го нафрлале цел тоалет со варикина, или со којзнае што тураат за да чистат. Си викам, што ако е како она старовремското со „солна киселина“, па јас настрадам овде? Нели можна е реакција, а бидејќи јас влегов тука бескрупулозно, немаше кој да ме предупреди. Напрајв zipp (иако носев фармерки со петлици) и напуштив место на (зло)стор. Се упатив, знаете каде? Да ги замијам рацете. Не дека пазам на хигиена, пошо нели, не напрајв ништо што може да ми ја загрози мојата благосостојба (авторитативниот орган е мој, а не е ваш pederi stop!), aма навика, јеби га. Во ЗПО не учеа така. Да сме биле уредни. Го најдов и тој одел. Заврши мојата бескрупулозност. Имаше некој на втората чешма. Постар чоек, ама не можев да фрлам погледи во серија, ќе ме забележеше. Застанав баш до него. Имаше некоја посебна технологија славината, па додека ја совладав за да добијам млаз вода, успеав да фрлам два три погледи кон човекот до мене, лево од мене. Стар, забраден чоек, кој одлучил да не биде забраден баш тука, и баш овде. Измачкан со пена за бричење, беше полуизбричен со намера да се доврши на вакво скапано место во следните неколку минути. Го гледам јас, со поглед кој вели – ват д фак мен. Тој ме гледа мене со поглед – шо гледаш бе, неписмен еден? И така, ги разделивме нашите погледи. Моето прашање сеуште остана неодговорено. За неговото, ме заболе стап.
            Излегов со водени дланки. Нормално, шо подалеку од местото кај што нејќам да бидам. Not anymore. На излезот од вратата сфатив дека сум немал гајле, и дека без разлика на мојата бескрупулозност, знаеле кај сум. Дај пари ми вика локалниот WC шериф. Добро, му реков, не се нервирај. Одбив да му ги дадам инстант, претурајќи низ џеповите. Тој одби да чека статично, и ми препорача да ги ставам на масичката. Го направив тоа, а тој забележа. И толку. Излегов надвор, на ладно, ама бар сега знаев дека можам на раат да се бранам од студов. Не знам дали имате забележано, ама полоша комбинација од студ и потреба од мочање, скоро и да нема. Па тек уште ако си изморен и ти се спие – топ! Е, сега ми текна дека ми се спие.
            На приказнава и фали нешто интригантно, нели? Е, ако така мислите, не ни читајте. Ви ебам тоа интригантното. Енивеј, излегов надвор на прва раат цигара после долго време. Уште од цигарата која ја делевме со неа претходно, немав раат цигара. Можеби и оваа, а и таа цигара не се раат, ама ај да не навлегуваме во детали. Дур сум кај таа раат цигара, одлучив да ја преседам. Кај што доаѓа возот, има чекална надворешна. Со столчиња. Нормално, никој немаше, оти не се ни очекуваше да дојде воз. Ама јас ќе го чекам си реков. Седнав, да искулирам, додека студот ме грицкаше. Полека, ама моќно. Извадив книга од чантата која имало немало потреба ја влечкав со мене. Ај да читаме:? Ај да читаме. Абе не е арно да се прајш паметен во ниедно време, ама ај. Кога почнаа буквите да скокаат преку ограда, сфатив дека во неколкуте милисекунди сигурно сум задремал бар 2-3 милиони пати, и исто толку сум се разбудил од микрохибернацијата. Тоа не помага, ниту одмага на кондицијата која ја имам, ама прави чувство на девалвација на волјата за живот. Прво, помислив што убаво би било да си спие човек на удобен кревет. Уф, си викам. А знаете што значи тоа? Дека сум згрешил. Дека требало да изберам да одам дома прее. Ех, тоа каде. Ех. Е не бе, не згрешив си велам. Станав, и запалив Yet another cigarette. Абе да ви ебам племето, што ако се многу, а? И онака формално ги пафкав. А доста кул се, од социјален момент, вака посабајле посебно. Дремев на истата локација уште 15 минути. И направив ваљда лоша одлука. Одлучив да се упатам на работа, на последната етапа која траеше 20тина минути. А имав време уште два саати. Ама пак тргнав. А не ни помислив да импровизирам. Одев бавно. Забележав невидена тишина успат. Температурата опаѓаше, а се зголемуваше бројот на кучиња кои ја тестираат твојата параноичност. Јас бев до толку искулиран (иако ми беше ладно) што спрема песовите се постапив како да не постојат. Одев бавно, одев летаргично. Тепав време во ниедно време. Кул работа.
            Признавам, мислев на неа. Тоа ми ги освежуваше мислите. И ме освежуваше, и кондициски, и секако. За волја на вистината, ми текна на неоснованиот датум, ама решив да креирам мисла која ми направи блага насмевка (задоволна). Не ви кажувам што. Ама можам да ви кажам дека се базира на оптимизам. Можеби неоправдан, ќе видиме.
            Ексик, се доближував до финалната дестинација. Сонцето немаше абер да изгрее. Од една страна, беше рано за таков вселенски потфат, а од друга страна, имаше темни дебели облаци, кои знаев дека нема да му дозволат да не ишамара со неговите брутални зраци вака посабајле. Си се лажев самиот дека ќе заборавам дека не е можно, па дека кога ќе изгрее сонцето, ќе се стоплам.
финтата е што тоа е баш обратно од вистината. И друга работа – кога веќе ќе има абер од изгревање, јас ќе бидам на работа. Безбеден и во затворено. Батали астрономија и тепање време.
            Ваму кај што работам поминува главна улица која ако ја следиш, можеш да стигнеш до Техеран. На неа поминуваа автобуси, од оние јавни за превоз на вакви ко мене. Наспроти мојава локација има автобуска постојка. Баш убаво место за да отепам 20тина минути, си велам. Ај, кога ќе стигнам таму, ќе се укотвам. Дваесет по дваесет, се збира.
            Се разбира, јас сум многу креативен во зорт, или пак, при откажување. Тогаш мојот мозок произведува 1.000 идеи за „што понатаму“. Па затоа, дури и размислив што би било да појдам на работа и одма, иако знаев дека е скоро неможно, непрактично. Пред се, затворено беше. Ама пак, таква мисла ми прелета. Студено, да му ебам мајката.
            Почнав да размислувам на високи идеи. АКо претходно се думав за моето постоење, сега се прашував за можностите на обичниот човек. Колку се е затворено и неможно. Колку не сме слободни. Колку и денот и ноќта ни вршат разлика, ако си сам, и отфрлен. Како Орвел во книгата негова, кај што е сам, и отфрлен. Во големи градови, слично на овој. Ај запали цигара, си велам. Остај, батали такви теми. Опцув, без да ме чуе некој, а и без причина и продолжив понатаму. Не знам зошто, верувајте, ама застанав. Блиску до станицата кај што планирав да отепам време, застанав и не мрдав. Изгледав сомнително иако димев цигара. Времето и ситуацијата беа толку сомнителни, што не ги вадеше ни една обична цигара. Е, до толку. Ја спукав цигарата до пола некаде, кога забележав човечка силуета кај што се шукара околу еден стар автомобил. Мојата кондиција налагаше да не сум во можност да скопчам што таа силуета прави со самата себе си и од каде потекнува, ама некои освежувачки моменти од претходно установија можност да перцепирам. Го познав. Бурекџијата. Стариот добар бурекџија. И нему му бев сомнителен, и демек работи нешто, а всушност испитува што прави некоја будала ко мене во четири сабајле кај дуќанот негов. Си реков, да му ги скратам маките. Извадив пиштол и го вперив во него...
            Не бе, каков пиштол, да ви се плукнам во идејата глупа. Зачекорив кон него и му свикав, за да не го доисплашам, и да ми го позне гласот. Ме препозна. И двајцата имавме низа реченици кои требаше да ги размениме. Тој чувствуваше потреба да ми објасни како тоа работел нешто околу колата негова, па видел некој, па не се интересирал кој е, туку така, онака, само... а јас сакав да му објаснам зошто стоев на место каде што не би требало да се стои, дали било ден, дали било ноќ. Му велам, од дома порано сум тргнал за на работа (?!), и ми се припалило цигара вака успат. И како што им велат на војниците од ЈНА – ако ти се припалува циагара, запали, ама застани, не е во ред да ја пушиш во одење – тоа сум го направил и јас.
            Ме покани внатре, на бурек. Ја прифатив таа идеја, оти знаев дека ќе се стоплам, и на саглам место ќе отепам доволно време. Таман.
            Седев внатре. Тој си ја бркаше својата работа, оптоварен со потребата да го одржува small talk-от со мене. Ми зборуваше провидни муабети за кои јас се правев дека се подлабоки од Бајкалско езеро, па ги прифаќав како некоја филозофија, и ги надополнував. Од толку што беа плитки, не можеа ни да се надополнат. Не е до него, не, тоа е основа на јутарњи small talk. Пробајте, ќе видите. Ви ебам тоа глупите, ви ебам. И јас бев оптоварен со уморот, ама и со потребата од концентрација да ги пазам муабетите, и да возвратам во слична мера. Тешко, јеби га. Ама барем сум внатре, на топло, каде што на времето можам комотно да МУ ЕБАМ МАТЕР.
            Ме понуди со цигара, од неговите. Прифатив. Запаливме по една. Беше доста кул момент, фактички градејќи нова секвенца, се будуш од дотогашното монотоно сивило, и наеднаш си во бурекџилница, во ниедно време, со цигара во рака. Чадот се мешаше со ориенталниот мирис на турско – монсоглсикот производ, и создаваше позитивна атмосфера. Бев high на бурек. Од таква позитивна атмосфера, плитките муабети почнав да ги сечам со нож. Дури почнав да си нижам плитки мисли – колку ваквите моменти ја праат кул ваквава вечер – као некој доживљај, ко некоја приказна за која можам да им зборувам на внуците мои. Цигарата си гореше, времето беше претепано. Си кулирав уште некое време. Се пресретнав со нова идеја – ми понуди пиво мајсторот. Плиткоста на моите идеи и атмосферата велеа „земи“. И не знам зошто одбив пиво, ама јеби га, му реков дека кај да е, одам нагоре, демек со порано да си ја почнам и завршам работата. За да не си одам празен, му зедов од тазе робата (шо ве интересира што?), и му посакав арен ден. Среќен и одморен го напуштив локалитетот за кој понатаму размислив дека би било добро прибежиште ако некогаш пак вака заглавам среде Бирмингем. Онака, му идеш во 3 сабајле, лупате small talk-ови ко невидени, и си тепате време. И тој, дур витка буреци, а и јас, дур не знам што правам со животот и кон што одам, со текот на времето. Со бурекот и маката под рака, се упатив нагоре, на работа. Го прцепирав утрото како пролетно. Онака, планински чист воздух кој ме натера да запалам цигара. Ладно време кое веќе не ме гризеше така силно, затоа што знаев дека за брзо време ќе стигнам таму кај што тргнав пред три саати. Стигнав. Затворено беше. Сум подранил, сепак. Го разбудив чуварот. Не бараше објаснување од мене што барам рано.  А и немаше да го добие, како и да е.
Зедов кафе од кафематот, и се качив горе. Каде? Во мојата просторија. Ви ебам тоа љубопитните.
Не го испив кафето. Сфатив дека не сум го испил кога се разбудив.
После два саати!
Знаете каде?
Епа сега... хихихи.

11.12.13

Пекол vs Рај - два у кец


               Никогаш во мојот живот не успеав да разберам што е таа фама околу рајот и пеколот. Едно е сигурно, не сум бил ни во едниот, ни во другиот локал, но од она што се зборува низ чаршијата во пеколот е гужва и е многу тешко да се дојде до пијалак, а келнерите се крајно вообразени и колку и да се обидуваш да добиеш чаша вода со мраз, тие ти носат без мраз со оправдување дека се стопил додека ти ја донеле на маса. Речиси и да нема слободна маса за да седнеш, а ако налеташ на таква веднаш доаѓаат и ти велат дека таа е резервирана за некој господин со кравата, кој во земскиот живот бил во градежниот бизнис, или во нафтениот, или во некој друг бизнис во кој се носат кравати. Просторот е премал за сите што го посетуваат, па затоа од секоја фамилија може да влезат максимум двајца. На вратата секогаш има редици кои се неверојатно долги и понекогаш се случува луѓе кои немаат пријатели што се редовни посетители да чекаат со денови за да влезат. Ова не е место за оние што сакаат класична музика или опери, бидејќи музиката речиси секогаш, освен во среда, вклучува електрични гитари и е прегласна за оние луѓе со префинет вкус за музика. Проблем се јавува кога ти не сакаш да идеш баш во пеколот и ти се иде на некое потивко место но си приморан да влезеш таму, зошто речиси сите луѓе што ги познаваш се внатре и веќе го нарачале твојот омилен пијалак. Се собирате сите како и во земскиот живот, правите мал круг и постојано зборувате дека сте на место каде што поминуваат сите и постојано ве туркаат. Муабетите се речиси исти како и во земскиот живот и воглавно се зборува за политика, бидејќи повеќето муштерии претходно се занимавале со политика, или на некој начин биле вклучени во политичкиот живот. Има и многу кои работеле во услужниот сектор (угостители, циркузнати, глумци, режисери, пеачи...), но и тие најчесто зборуваат за политика, бидејќи преку неа успеале во земскиот живот. Во овој локал врие и од филозофи и можеби е најинтересно да се дружиш со нив. Џордано Бруно отсекогаш бил најгласен и можеби најинтересен да се слуша. Постојат легенди кои говорат дека човекот без прекин зборувал 72 часа во овој локал и дека се завршило кога Франц Кафка дошол и му кажал дека тоа што го зборува е апсурдно. Кога сме кај Кафка, занимливо е како тој се нашол пред вратите на пеколот: во документот кој претходно му го дале пишувало дека во небесниот живот тој требало да иде во рајот, но истиот го заборавил во таксито со кое доаѓал. Се јавил во сите небески такси компании, но никаде не му дале позитивен одговор во врска со конкретниот документ. После сето тоа, тој морал повторно да чека огромна редица за да добие нов документ и кога конечно дошол на ред, човекот кој работел на шалтерот му кажал дека се наоѓа на погрешен шалтер и дека треба да чека на шалтерот со број 7. Кафка застанал на шалтерот со број 7 и чекал точно 118 часа и 8 минути и конечно дошол на ред, убаво му објаснил на службеникот што се случило со неговиот документ и на сето тоа добил одговор дека Кафка требало да знае да направи копија од истиот и да ја заведе на нотар, бидејќи таков документ може да биде издаден само еднаш. После сите овие бирократски лавиринти, Кафка решил да отиде во пеколот, а податок кој го поттикнал да оди натаму е фактот што за влез во пеколот не бараат никакви документи, а таму се наоѓаат голем број на филозофи и писатели со кои би разменувал мислења и не би се чувствувал досадно. Повеќе од луѓето кои моментално живеат на земјата веќе си имаат резервации во овој локал и воопшто не размислуваат да се јават и да ги откажат. Воглавно тоа се луѓе од типот на Доналд Трамп, на кои животот им зависи од одреден протокол и речиси во сите земски угостителски локали влегуваат од задниот влез, без да платат карта, а секогаш го имаат најдоброто место во локалот. Според тоа, овие луѓе ќе влезат и во пеколот од задниот влез и око нема да им трепне за оние кутрите, кои чекаат во редица со денови за да влезат. Но што може тука господинот Трамп, па така му е по протокол. Од друга страна, има луѓе кои однапред резервираат маса во рајот, а како такви можеме да ги наброиме Пауло Куељо, Робин Шарма, како и многу од активистите на Грин Пис. За разлика од Доналд, тие не влегуваат во рајот од задната врата, бидејќи не е познато дека во рајот постои задна врата. Се претпоставува дека некогаш имало, но веројатно после одреден инцидент во кој бил вклучен Калигула и инсистирал да влезе во рајот, таа врата е заменета со бетонски ѕид. Сето ова се случило околу 41 година од нашата ера. Наместо да го прескокаат редот, луѓето од овој тип чекаат на ред, па дури и ги пуштаат постарите и изнемоштените да застанат пред нив. Не се сеќавам дали споменав дека во пеколот свират најчесто рок бендови, освен во среда кога на репертоарот е спиритуална музика, но и тогаш е добро, зошто нема многу гужва и човек може да си се опушти и да дебатира со пријателите на егзистенцијалистички теми. Но сето тоа може да стане досадно ако дојдат Ками и Сартр кои никако не можат да ги затнат устите зборувајќи на оваа тема, па во такви вечери се случува двајцата да останат до 6 часот наутро и да го затворат локалот. Денската шема исто така е занимлива, па во одредени денови се случува да има проекции на земски филмови, а после тоа до 20:00 се дебатира околу филмот. За менито, на јавноста, сеуште не и се откриени доволно податоци, но се верува дека воглавно на менито се јадења кои вклучуваат месо, а постои податок дека сосовите се феноменални. Како главен готвач се спомнува господинот Мартино де Роси, или во јавноста попознат како Маестро Мартино. Секако дека Моцарт имал забелешки околу терминот Маестро, но и самиот се помирил со тоа откако го пробал бифтекот во сос од печурки. Маестро Мартино во земскиот живот живеел во италјанското гратче Комо, околу петнаесеттиот век и на земјата се верува дека тој е првиот кулинарски експерт. Откако бил личен готвач на Лудовико Тревисан, а потоа и на Џан Џакомо Тривулзо, тој завршил во Ватикан. Во пеколот се нашол откако го пресолил јагнешкиот котлет на папата Пиус III и во истиот момент  црквата го осудила на смрт, заради обид да му предизвика зголемен крвен притисок на папата, што понатаму би резултирало со негова смрт. Најчесто за сите ликови во пеколот постојат пеколно добри приказни за тоа како дошле до таму, но ние секако немаме доволно простор и време за сите, бидејќи треба нешто да откриеме и за рајот.
            Од она што се зборува низ чаршијата, рајот е огромен локал со многу маси и сепареа и се верува дека повеќето од нив се слободни. Ако треба да зборуваме во бројки отприлика на 10 маси, има минимум 7 слободни. За разлика од пеколот, овде има доволно простор и кислород за сите. Келнерите се неверојатно љубезни, па дури и кога нема да им кажете да стават мраз во чашата со вода, тие сами ви ставаат и пепељарите ги менуваат на секој втор, или во најлош случај, на секој трет отпушок. Ваквиот начин на угостителство најмногу му смета на Френк Запа, чијашто страст кон цигарите се мери не во потрошени кутии на ден, туку во потрошени запалки. Како што е познато, тој смета дека келнерите досадуваат кога на секои 3 минути му ја менуваат пепељарата, па од тие причини самиот Запа поднел апликација да биде трансфериран во пеколот. Ретко кога има редица на вратите, освен во случаи на геноцид во земскиот живот, но и тогаш се се движи убрзано, поради љубезноста на службениците. Нема да ви се верува колку се љубезни луѓето што ќе ве пречекаат на врата, па дури може да си помислите дека во секој момент некој од нив ќе побара услуга од вас, и тоа ве прави да се чувствувате непријатно. На шанкот работи Мајка Тереза и уште неколку деца од кои повеќето се од Индија. Лошо е што кога и да побарате алкохол, Мајка Тереза ви го дрви дека тоа е лошо за здравјето, па многумина уште во првите денови се откажуваат од алкохол, а многу од нив поднесуваат апликации за во пеколот бидејќи таму се забранети секаков вид на органски напитоци, цедени сокови, газирани сокови... и во тој локал исклучиво се служи алкохол, а оној кој не обожава алкохол е предмет на потсмев на цела кафана. Случај кој вреди да го напоменеме, а е неизоставен дел од пеколниот кафански живот е Зигмунд Фројд, кој одбивал да пие алкохол. Веќе одамна низ кафаната кружат гласини дека како дете Зигмунд го испијаниле неговата мајка и сестра и сексуално го злоставувале. Од тој момент, па наваму Фројд не се напил ни капка алкохол. Информацијата ја дознав од прва рака од шанкерот во кафаната господинот Карл Јунг.
               Во рајот сите се облечени во дреч бои и секој гостин поседува куче златен ретривер, кое во земскиот живот е симбол за среќен живот, или пак во одредени случаи маска за среќен живот, но во повеќето е второто. Кафето во рајот се увезува од Индонезија и носи име Лувак кафе. Ова е најскапото кафе во земскиот живот и интересно е да се спомне начинот на производство на истото. Овој тип на кафе се произведува на тој начин што зрната кафе најпрво ги конзумираат одредени животинки на земјата, оттаму тие одат во дигестивниот систем на животното, па одреденото животинче ги сере зрната кафе, потоа истите тие зрна ги селектираат мали деца од Индонезија, кои со самиот чин си обезбедуваат место во рајот, потоа тие зрна се пакуваат во фенси кутии, па се увезуваат во рајот, каде што не се плаќаат царини за нив, бидејќи рајот има склучено договор со Светската Трговска Организација за отстранување на царинските бариери. Оттука следно нешто е дека тие зрна кафе се мелат во скапи кафе машини и таму ликови слични на Мајка Тереза ги конзумираат со сласт. Секако ретко кој го знае овој податок, па сите се воодушевени од кафето. За разлика од тоа, во пеколот се служи исклучиво кафе Франк, но и онака ретко се порачува, а ако некој го порача секако тоа е Балзак кој не може да напише ни една реченица и му се врзува јазикот ако не испие барем 8 кафиња. И името на кафето вели дека му се свиѓа, бидејќи го потсеќа на неговата земска држава. Не знам од кои причини, но повеќето од луѓето кои се во рајот се вегетаријанци, вегани и слично, а има и луѓе кои тврдат дека не јадат ништо што прави сенка. Па и да дојде човек кој обожава да јаде месо за неколку дена овие истите ќе го предомислат и првата недела ќе јаде само риба и пилешко, втората само риба, третата недела нема да јаде ниту риба и следно нешто што ќе се случи е дека тој јаде вегетаријанско суши, сарма со ориз, супа од зеленчук, соја во соја сос со соја мајонез, тофу сирење со соја сос, ориз со печурки и грашок во соја сос, бурито со грав, компири, тофу и соја сос, пудинг од соја со соја сос, маринирано тофу во соја, потпечен зеленчук во фурна и сето тоа во маица со боите на виножитото. Шеф на кујна е познатиот математичар, гркот Питагора, за кој како што знаете и самиот бил вегетаријанец, но не во исто време геј, бидејќи не можел да постигне двете работи да ги прави одеднаш. Се до 1800 година вегетаријанците се нарекувале питагорејци, а Питагора кога дознал дека веќе не се викаат питагорејци, туку вегетаријанци, побеснел и ја избричил целата глава заедно со веѓите и трепките. Многумина од неговите следбеници го направиле тоа чисто заради тренд, бидејќи мислеле штом Питагора го направил тоа, мора да е премногу кул за да не биде направено. И оттогаш па наваму низ рајот речиси и да нема човек со коса, веѓи и трепки. Друг тренд, покрај сиот овој хаос што го предизвикал Питагора е наезда на поп-психолошки книги и мотивациски книги од типот: „Моќта на потсвеста“, „Калуѓерот што го продаде своето ферари“ и други, а автори кои се чест предмет на дебата се: Џозеф Марфи, Робин Шарма, Ог Мандино, Роберт Киосаки, Том Хопкинс (нема везе со Ентони Хопкинс), Дејвид Бах (нема везе со Јохан Себастијан Бах) и многу други кои би изгледале интересно без коса, веѓи и трепки. Луѓето во овој локал речиси и да немаат појма кои се Хемингвеј и Едгар Алан По, па така на интервју за локалната телевизија еден од испитаниците сметал дека Хемингвеј е име на автопат во околината на Франкфурт, а за Едгар Алан По, друг испитаник одговорил дека е вегетаријански сос кој најдобро иде ако го конзумираш паралелно со папаја, односно ако мацкаш со парченца папаја во истиот. Во однос на музичкиот репертоар од 16 септември 1977 секој ден, освен во среда е Марија Калас, која е одличен сопран и ги остава без зборови речиси сите вљубеници во оваа музика. Во среда пак, има ревија на бендови кои не можев да ги запомнам, но знам дека со нивната музика значително влијаеле врз светскиот мир и ширеле либерални идеи насекаде во светот. Луѓето таму не танцуваат често, освен поединци кои нема да ги именуваме, ама и тие танцуваат само ако некој им нареди да го прават тоа.
              Информација која ја добивам во моментов е дека Доналд Трамп решил на своите потомци да не им остави ни мал дел од своето богатство и одлучил кога ќе почине сите негови пари да завршат во УНИЦЕФ. Со ваквиот потег неговата резервација во пеколот автоматски престанала да важи, но човекот не мора да се загрижува, бидејќи во рајот има доволно место, а и онака неговиот влез во пеколот е чист непотизам.
Се гледаме во пеколот!


Горан Блажески Лама

4.6.13

Небитна


Девееспетта
сите тројца на наше жало
Демек сонив или сега сонам
Реков видов нешто вакво од јаве
На сон синоќа детска фантазија
Дали имам бујна имагинација или
Лажам едно те исто велат
Братот вели лажеш за џекштина
Стари вели знам вчера кажа
вистина

1.6.13

Deeјагноза

Недијагностицираност доаѓа од грчкиот збор недијагностицираност, што значи недијагностицираност. Меѓутоа, неколку наши експерти кои предаваат на Електро-технички факултет и покрај тоа знаат како да дешифрираат антички писма, потврдија дека на Каменот на Розете се спомнува зборот недијагностицираност, и тоа со исто значење.

Во последно време, младите многу го користат за да искажат недијагностицираност. Во некои дијалекти се оди толку далеку, што зборот се употребува за недијагностицираност. Освен во Англија, каде што, покрај недијагностицираност, се мисли и на навивачите на Манчестер Јунајтед, кои се недијагностицирани, без никаков исклучок, од Калимантан до Кефлавик.

23.5.13

NIT MI JE POVJEROVALA NITI SE NASMIJALA


Tek osamdeset i treće misleći posjetiti

Ameriku odem u američki konzulat u

Zagrebu vizu zatražiti kad me konzulica

Upita gospodine Štuliću kako možemo

Znati da ćete se vratiti a ja velim moram

Porez platiti vizu nisam dobio boga ti

Živi dokaz kako se sa ženom nije šaliti

Pošto smisla za humor nikada neće imati

A to je upravo ono što nas od drugih bića

Razlikuje ili bar si tako volimo laskati


Branimir J. Štulić


9.1.13

A new day will dawn

Just like the Norwegian sun. It's gon, but it's never really leaving.
Not like the Drake's bird. Or the sad party.

It's time to GET IT ON!

BUT, FROM THE BEGINING. A new life blog form.

See you on the dark side of the globe.

14.6.12

Ноќните белешки на лудакот.

Доколку не пишувам со денови во главата ми летаат рој неискажани мисли кои влегуваат една во друга и чувствувам дека го допирам врвот, се соживувам со моите луди богови кои ме водат кон правиот пат во ноќта, посакувам тоа лудило да е присутно секогаш длабоко во мене и насекаде околу мене, само тогаш би се чувствувал нормално.

13.6.12

Слобода (I)

Кога посакувам да не мислам на проблемите единствената утеха ја пронаоѓав во правење непромислени детски будалаштини кои за миг го убиваа тој бран од таги и ме правеа да се чувствувам како најголемо ѓубре на универзумот, но ненајдено студениот бран од проблемите го преплавуваше моето тело, мојот дух и мојата сенка во срцето на дејството од будалаштините и повторно бев скршен и стуткан на подот како тажно ѓубре исполнет со коктел од тага и будалаштина, ја барав светлината во мрачната страна придружен со илјадници демони кои го гризаа секој дел од мојот духовен мир, се плашев од патот по кој чекорам. Слободата беше лекот, таа беше еден чуден странец околу мене, ја посакував, ја повикував долго во моите тажни и осамени ноќи се додека не сфатив дека таа не е чаша полна со вода за да ја зедам спокојно од масата, патот до неа е речиси непроодлив и трнлив исполнет со сурови препреки, доволно е само една единствена грешка за да камшикот заигра по твојот грб, но како што кажале мудрите за секој проблем има решение ако подобро размислиме ги има и два. Духовната храна ке биде твојот верен сопатник за да им се спротивставиш на проблемите кои те опркружуваат заедно со твојот зацврстнат грб низ кој минале безброј камшици, тогаш ке го почувстуваш тој волшебен миг во телото, тоа необично возвишување и ке прошепотиш 'Дали сум ова јас?'. Лузните од тагата засекогаш ке бидат запечатени длабоко во твојата душа, за жал нив никогаш нема да можеш да ги отргнеш, да ги избришеш од себе, но од друга страна ти си Слободен човек, човек кој умее да плови по матните води на животот и секогаш да излезе како победник во крвавиот двобој. Верувај, човек кој е исполнет материјално не е слободен човек, тој ниту ја познава слободата, ниту ја почувствувал природната среќа, неговите ноќи се исполнети со вештачки авантури што и слепиот би го здогледал тоа, но еден сончев ден сигурно ке ја побара, но ќе ја освои доколку жртвува некои значајни работи во животот, тоа проклето-среќно правило одсекогаш е главно дури и незабележливо за многумина, но тешко е да се почувствува. Како на пример за да станеш славен треба да се откажеш од семејството или некои слични работи. Доколку твојот ум е ограничен слободата воопшто и не постои, обиди се да ги урнеш границите бидејќи ти си единствено царство, препушти и се на имагинацијата и погледни со твоите очи и помирисај дека слобода е ЖЕНА, земи ја во прегратка и препушти го твоето тело и дух да си поигрува со таа бесконечна природа и убавина.