4.12.10

Тhe last Rose of summer


Беше доцно априлско утро. Кај што потокот силно жубореше, и утрото априлско беше топло и меко. Накитено со зраци сончеви кои не ти го превиткуваат погледот кон црната земја. Сонцето сјаеше милно и бавно, како да сакаше да каже good bye!
А до потокот кој беше зародиш на цветната надеж на секое утро, се наоѓаше мала селска куќа. Чудна беше само заради тоа што беше осамена. Тотално сама, задскриена помеѓу гордо исравените тополи, нежно изникната во една ливада. Сама, тивка, беспомошна. Но, никогаш заборавена.
А во неа, еден младич мисли ткаеше. Тој беше скромен и срамежлив лик од универзумската сликовница. Беше сам, помалку тажен. Уживаше да гледа низ прозорецот како планината која и не беше мошне далеку, се спојува со сивото веќе расплакано небо. Тој, ја опишуваше секоја скапоцена глетка преку својот прозорец, секогаш и со различни, илјадници убави зборови. Но, никогаш не погледнуваше кога беше сончево и сјајно, баш како овој априлски убав ден.
Но денес, погледна ... гледаше долго, а неговите немирни кафеави очи шараа многу долго низ замаглениот прозорец. Но, не го видоа тоа што го чекаа. Момакот воздивна тивко, па се одтргна од прозорецот.
„ Го нема!“ - скоро горко нажалено, со филувана нервоза го рече тоа младичот. Зачекори брзо, а штиците на вториот спрат од неговата куќарка почнаа да се тресат. И чекорот му беше крајно неконтролиран и нервозен. Седна покрај една масичка. Ја отвори книгата во која пишуваше се што ќе му слеташе на ум, секој ден, веќе две години. Но, овој пат ... немаше ни желба. Ја потпре главата на десната рака ... заспа со отворени очи. Почна да лута во минатото ... Фантастичниот сонброд го одплови далеку. На едно топло априлско утро, неколку години наназад ...

...

Се присеќаше тој на тие фалични и долги утра, сите тие моменти на дневното воскресение од молскавичната бурна и дождлива ноќ. И со месеци беше такво времето. А надвор, беше толку сиво и безбојно, толку безживотно и мрачно ... Младичот не чувствуваше голема потреба да се прошета низ калливите селски улици, да проба воздух чист и заплакнет од ноќни дождливи потоци. Не, тој беше затворен и сам. Изгледаше како времето, тмурен и бавен.Таков беше тогаш ... се присеќа како да беше вчера ...

А тој ден, порано од денешен, не беше тмурен и сивилен. Но, тоа младичот не го знаеше. Стана рано наутро ... се прозева и протегна. Заклепка неколку пати, да се расони. И како секој ден, беше убаво расположен. Секое утро забрзуваше чекор кон прозорецот, да го види раскошното прекуноќно дело на мајката природа, на солзите облакови, на невремето безвременско, на сивилото што плени.
Се затрча момчето ... ја запрегна зелената завеса од прозорецот негов, тогаш сјаен и бистар. Но, виде ... светлина. Силна светлина како непоканет гостин се протна низ прозорецот во негова прегратка. Се бранеше момчето силно со рацете, а очите му беа ширум затворени. Но, сонцето победи. Тој, веќе се привикна на сега веќе милата светлина. уште пошироко ги отвори пенџерите ... па се потпре на двете раце и гледаше ... а надвор се беше расцутено и запролетено. Зелено и зелено и зелено ... росно зелено. А под прозорецот, момчето забележа мало, убаво боцкаво кактусче. И веќе не тргна поглед од него.
Момакот се насмеа. Кактусот му го разубави денот, му направи насмевка, му измами поглед. Долго време вака не се чувствувал сега веќе зрелиот млад момак. Неговото филозофско битие мораше да се запраша што бара кактус после дождливи месеци под неговиот скромен прозорец. Но, не почека одговор. Излезе од домот свој ненапуштен. Го прибра кактусчето мало во саксија. Црвена и убава.
Кактусот му го осветли домот.
А сега, прозорецот на момчето беше редовно отворен. Сончевите зраци беа секогаш добредојдени. А тој, на маса си го положи кактусот зелен и здрав. И книгата си ја пишуваше, а веќе сам не се чувствуваше. Понекогаш и му зборуваше, приказни му редеше, никогаш неизустени, од никого не разбрани. А кактусот како да уживаше со својата растениолошка природа. Како да уживаше во неговото друштво, во тишината и во меланхолијата на неговиот глас. Впрочем, само кактусот знаеше како му е. Но, изгледаше убаво и ... среќно.
и секој ден беше убав и сјаен како претходниот. Можеби ист, но никогаш досаден. Момакот старееше од ден на ден, созреваше, а книгата беше се помудро проткаена. Кактусот беше зелен и боцкав. Но, нежен, и покрај милионите игли.
Сончевите денови поминуваа, и заминуваа, за никогаш да не се вратат. Облаците се повеќе го надлетуваа селцето. Веќе поткапнуваа првите облачни солзи. Сонцето веќе почна да се задскрива зад тмурните црни облаци. Прозорецот веќе беше затворен. Во куќата повторно завладеа тишина. Мила тишина пропратена со грмотевици, кои беа тивки само во собата на момчето. Надвор имаше вистинска војна меѓу небото и земјата. А облаците, жалеа и плачеа за загубеното мирно и спокојно време. Како да се обвинуваа самите дека тие ја носат временската неправда.
А таму долу, во домот на младичот, се беше во хармонија. Кактусот растеше и боцкаше, момакот пишуваше и мудруваше. А што беше надвор, веќе не беше битно. Сивилото не му беше толку интригантно како кактусот зелен и боцкав.
Книгата стануваше подебела и помудра. кактусот позелен и позрел. Младичот позрел, веќе не зелен.
Тмурните немирни ноќи веќе беа како една. Тешко беше да се раздели денот од ноќта.
Се присети младичот дека една вечер беше премногу тивка и мирна. А тоа значеше дека веќе дошло време животот да тече во правецот на боите, дека дождот ќе биде отсутен подолго време. Па легна да спие. А таа ноќ, беше последната каде што фрли длабок поглед на неговото мило рестение. На тоа живо битие кое ништо не бараше. Само жиевеше, мирно и бавно. Слушаше и растеше. Момакот многу го сакаше. Дури и премногу. Но таа вечер, беше последна за кактусот мал. Веќе беше растение кое овенуваше. И на тоа младичот со „севдах“ се присеќа, но никогаш нема да знае зошто, и како се случи.

А сабајлето, момакот нажалено виде и со очи прошара. Кактусот беше свенат и воден, како да ја отслика целата таа сезона на врнежи и грмежи. Веќе не беше зелен и здрав. Кактусот веќе го немаше. Го снема, само така, преку тивка и мирна ноќ. Младичот се ужасна. Горка болка во градите чувствуваше, во грлото мачнина. Се почувствува бескрајно сам. Откако го напушти сивилото на денот, веќе не знаеше како е да бидеш сам. Веќе не беше тој за тоа. Почна ад губи желба за живот. Желба за живот ....
Ги отвори прозорите ширум и набрзина. А надвор ја виде истата слика. Силно мило сонце, расцутен хоизонт и распеани птици. Зелено и пролетно. Се беше поубаво надвор од зимата која момакот мислеше дека е убава. Во зимата која надвор немаше ништо, се беше мртво, но го имаше кактусот. А сега, надвор е се убаво и како виножито. Убава слика со зборови тешко опишлива. Момакот немаше интерес да го пропрати сето тоа. неговите очи побрзаа да видат под прозорецот. Но, убавото, мило и зелено кактусче веќе го немаше ...

Момчето се присеќаше со голема тага. Се присеќаше, само толку ...

Во уште едно сончево априлско утро ...

No comments:

Post a Comment