4.12.10

Jason B. Sad


(Кога никој веќе не беше свој)


... - Ти реков. Тогаш сум нешто друго. Јас, јас ... патувам низ времето и просторот. Мојот ум не познава никакви граници! - очите на Џејсон светкаа додека зборуваше. Неговиот пријател Џими, седеше спроти него. Во едната рака држеше запалена цигара. Со другата, навидум нервозно, ја грепкаше дрвената маса. Погледот му беше таму упатен. Изгледаше како да не “учествува“ во муабетот, но тој беше сосема концентриран. Внимателно го слушаше енергичното излагање на Џејсон.

- Какви идеи добивам човеку!Се е едно и едно е се. Тогаш јас сум се'! Јас сум филозоф, математичар, поет ... поет! Замисли ме мене, тажниот работник, како пишува поезија. Замисли ме! ...

По кратка тишина, Џејсон продолжи.

- Вчера вечер, во старата визма на Бил ... ја знаеш, спроти куќата на чичко Алберт. Јас и уште неколку црнци од работа, најдовме трева. Вечерта ја пушевме. Нив ги викнав од внимателност. Ако некој не забележеше, ќе ги пријавев нив, нели?
Потоа, црнците се смееа на своите глупави шеги. Јас, не им придавав некое значење, ниту ги сметав за живи. Си се изнасмеаа, па заспаа. Беа уморни од работа. Сето тоа добро им дојде. А јас ... само стоев и не мрдав. Спроти мене имаше една слика. Нацртана беше реката Мисисипи. Таква слика, ми поттикна милион идеи. Како река течеа безброј мисли. Бранови, ти велам. Само, од една обична слика.
Бев мрзлив, но ... зедов парче хартија и мастило. Почнав да пишувам. Со секој поглед, приказна нова. Потоа, мислам дека заспав. Да, да. Сабајлето се разбудив таму. Црнците, веќе отишле на поле да работат. Читнав што сум напишал ... Човеку, предобро беше. Предобро! Веднаш станав од таму, и дојдов кај тебе ...
Брате, тоа ми дава сила и разум. А сега, седејќи до тебе, не ми текнува што јадев вчера!
- Што е битно што јадеше вчера! - прокоментира Џими со мал тон на подбивност додека ја гаснеше веќе испушената цигара. Се исправи и протегна, па повторно се врати на старата положба. Ги прекрсти двете раце и погледна кон Џејсон. Па праша ...
- Добро, и?
- И што и? И што и? - Како куршум брзо возврати Џејсон.
Во тој момент, од предниот џеб извади парче хартија. Беше извиткано па го исправи. Со брзи чекори пријде кон страната на Џими. Силно го плесна парчето хартија на делот на масата токму пред Џими. Додека му висеше над главата, му рече:
- Читај. Читај слободно ...
Џими гледаше нагоре кон Џејсон. Со помош на двете раце го поттурна столот поблиску до масата. Ги извади наочарите за гледање и рече: Добро, ај да видаш што има.

Поминаа неколку секунди, а Џими прекина со читањето. И прокоментира:
- Што бараш ти во Луизијана? Чудно ... (се насмеа Џими).
Добра ти е приказнава, ама не знам која ти е поентата на целиот муабет?
Џејсон отиде на другиот крај на малата соба. Беше свртен со грб кон Џими, но зборуваше. Го праша:
Мислиш дека јас сум способен да го напишам ова? Јас, обичниот работник?
Џими веднаш одговори:
- Да! Си, и тоа повеќе од тоа! Можеш повеќе и подобро. Немој да ми кажеш дека во мозокот имаш крава, па не ти врши работа без трева?
Џејсон се насмеа ... па му одговори:
- Никогаш не сум напишал, рекол, направил нешто слично, како тоа што е на хартијата. Никогаш! Освен вчера! А тоа, и тоа како значи нешто!
„Чадот во визбата“ ме прави човек, силен и разумен. Без страв и болка. Јас сум се'!
Џејсон продолжи „уфилмано“ да зборува, но Џими го прекина.

- А црнците?
- Што со нив?
- Што напишаа тие?
- Па ти реков. Се кикотеа, и заспаа. Сабајлето, отидоа со вилите и мотиките на поле. Толку. Не напишаа ништо! - некако наивно одговори Џејсон.

- Ааааа, значи, тие не се сметаа за филозофи и математичари. И недај боже за поети.

„Чадот“ ним не им помогна. Тие и со тоа и без тоа се истите. Црнци, работници. Не знаат ништо понатаму од работата. Во право сум, нели?
- Да! - рече Џејсон, па потоа Џими продолжи со „лекцијата“.

Ти го имаш тоа во себе. Со или без помош. Само, зависи колку го сакаш и колку знаеш што можеш. Кога ќе дознаеш, веќе не ти треба ништо друго, освен леб и вода.
Ако се сметаш за силен и паметен, бестрашен и моќен, само со “помагала“.
Каде е наградата, ако си таков само кога си некој друг? Се чувствуваш гордо?
Кој фактор си ти? Напиши нешто ти, а не другиот ти.
Јасно ми е се. Слабак си, таков и ќе останеш. Со страв од самиот себе. Од она што го можеш и сакаш, од она што го умееш. И ништо повеќе.

Џејсон не рече ништо. Го зеде парчето хартија и излезе низ врата.
Ја стутка хартијата и ја фрли во празна канта за губре.
Џими излезе надвор, и ја стави раката преку челото, за да може да види во далечина и покрај силното сонце.
Каде одиш? - силно извикна?
Џејсон без да се сврти, одговори: Одам на риби, се гледаме покасно! И продолжи со брзи чекори ...

Џими влезе дома и си свари чај.

До кантата, со сламка во устата одмараше еден работник. Го зеде листот и го однесе кај својот постар брат Џони. Тој, свиреше гитара.
Само што го прочита текстот, очите му засветкаа. ја зеде својата гитара и почна да свири ...

(go, Johnny, go, Johnny B. Goode)

No comments:

Post a Comment