Демек, мислам, секој со својата мака, а сакам да испаднам паметен, па го правам комплициран дури и насловот. А за што се работи?
За ништо посебно. Маката и тешкотијата на денешниот човек е толку конјуктивна, што секој ја чувствува планината на некој што не го познава. А општеството стега ли стега. Ако е остро, ќе биде уште повеќе. Ако е црвено, нека биде инфра. Ако е ладно, нека биде апсолутна нула.
Годините веќе не станаа мерило за ништо. Глупоста ја прелева чашата. Понекогаш глупоста е претворена во вино, или ракија, или што било. Понекогаш, тоа е само метафора. Но, нема да се згреши ако се каже дека е „ова или она“. Епизода = сеедност!
Блузот беше на црнците. Црнците беа на белците. Белците беа на памукот. Памукот на парите. Парите на банките. Банките на Евреите. Продолжете го кругот ...
Некој мора да страда, за да ја исцели маката на некој друг, трет, ...
Блузот се роди од мака. Секое раѓање е мака. Секое прво сонце е Сонце на воскресението од мачноста. Фениксоидни епизоди на човекот.
Денес има црнци, има и памук. Има и плантажи. Ама маката е на друга маса.
Денес памукот е друг, поинаков, трет.
Денес имаш blues ако си прибран, паметен, начитан.
Денес треба да бидеш возрасен и глуп.
Денес треба да бидеш - ужасно глуп.
За некој друг да ти ја носи планината.
Некој друг да има свој блуз.
No comments:
Post a Comment