Пред три дена голем дел од исправените мајмуни наречени луѓе, ја прославија Новата година.
Што и зошто прославија, нема да елаборирам и објаснувам. Секој за себе си знае, тука јас не се мешам.
Денес е трети јануари. Три дена после стартот на уште една година, која човекот ја измисли за подобро снаоѓање во загубениот простор, а подоцна и ја прослави за дотрошување на наталожените пари. Најчесто, трошење на пари кои се повеќе од потребни.
Затоа се вика(ме) исправен мајмун. Оти, само по тоа се разликуваме. На кревок стадиум понапред на еволуциската степеница.
Денес, планетата Земја, се наоѓа во фаза на „Перихел“, односно е на „само“ 148 милиони километри оддалеченост од Сонцето, нашата собна светилка. Да кажам попросто, Земјата денес е најблиску што може до жолтата топла топка, и тргнува на нов пат, нов круг околу сонцето, се до следното најблиско видување.
Појасно е?
Ама што има улога астрономијата во човечките сметки. Годината почнува на 1 јануари и така и ќе си биде!
Партибрејкери едни астрономски!
No comments:
Post a Comment