Командантот Че е роден на ден денешен. Да му се слави името!
Човек што сакаше промени. Човек што правеше промени. А можеше да стои настрана.
Можеше да гледа како светот се дави во неправди и поделеност.
Командантот остана пример за револуција. Ама и за последиците од истата.
Јас денес сакав да се придружам на „мирната вода која дефинитивно брег нема да изрони“ низ Скопските улици, да бидам еден од многуте кои на тој начин сакат да кажат дека нешто е труло во јаболката на пазарче, ама и во банана државата Македонија.
Знаете... јас сакав... Имав намера. Зборовите завршуваат на „в“.
Забележав дека еден од организаторите на „протестите“ има веѓи како да му се нацртани со фломастер. Речениците му се подмачкани со „товатна маст“ ала метросекшуал пеер. Стилот и облеката му прејудицираа дека тој можеби има BMW и јахта некаде во јадранот. Или барем неговите „стари“ имаат.
А тој, сигурно се досадува, нема лајкови на фејсбук, па сака да изиграва „лидер пеер“
А јас, јас се чудам зошто протестите не ронат брег, ниту пак ќе изронат нешто.
Можеби организаторите на протестите wanna be Јан Палах ќе се изрекламираат. Можеби ќе си привлечат обожаватели од понежниот пол*.
За тоа се тука, или за што?
Уствари, се борат за промена, или?
За насилстовото да престане, или?
За смртта на младото момче (една од најболните работи што се случиле во ова поднебје ever) или?
Протестираме заради „полициската држава, бруталноста, насилстворо, обесправеноста“ ... со организирње на уметнички работилници и организирање на концерт(и)? Згасна млад живот и револтот се искажува со концерти и работилници?
Јас јавно се одрекувам од својот вид.
Јас сум овде за да се чудам како ВИЕ ЛУЃЕТО ќе ја преживеете иднината.
Јас сум овде за да ви кажам дека ВИЕ ЛУЃЕТО нема да ја изживеете реалноста.
In the whoring streets.
* Зарем сеуште важи зборот дека мажите се посилен пол? Со „чупани“ веѓи?
Недијагностициран wrote: Згасна млад живот и револтот се искажува со концерти и работилници?
ReplyDeleteКонцерти??? Е ова не го знев! Можам да замислам нешто ко Вудсток ќе се (мислам ова не во смисла такви изведувачи, туку публиката таква). ОМГ!
Иначе за веѓите.. има пострашни работи кои ги прават припадниците на “посилниот“ пол, ова не е нешто, незнам што се затрашта толку. :)
Добро, јасно ми е дека има далеку пострашни работи што еден маж може да ги направи од „исчуапни веѓи“... на пример- да навива за Манчестер Јунајтед :D
ReplyDeleteСамо за пример го зедов тоа...да не го опишувам целосно. Ете, носеше наочара ала Боки13, шо не ги вади цело време... знајш
Братот излегува од СИлуете за да протестира, не е мала работа :D