Голманската филозофија која вели дека за на едниот да му се раздени, на другиот треба да му се стемни.
Нам пријатели, како да ни се раздени? Некако, го чувствуваме само „поноќното сонце“. Ама, тоа е веќе астрономија и математичка географија, да не чепкаме натака.
Зборуваме за промени, бараме промени, сакаме промени. Ама тие се случуваат... сега, овде, драстично се' се менува.
Најчесто ние, што не веруваме во „лоша среќа“. Ние, кои се претвораме во тивки риби следејќи ја филозофијата на нашите предци која се темели на „попаметниот прв попушта“ маневрирањето.
Еден паметен чоек, покрај то што е паметен и пие ракија ритуално, има речено дека не е арно да се правиш паметен со недозреани.
Ај што не можеш, ама не е хумано.
Освен ако не си мазохист.
Па да се мачиш објаснувајќи му на далтонист дека дресовите на Ливерпул се црвени, иако тој вели дека дедо му од горно Лакочереј му рекол дека се зелени.
Бистри ум, ако веќе не можеш да дестилираш вода.
И после, немало промени?
Има, ние се менуваме.
Ама пак, тоа што не треба...
Никош не ти е потребно толку памет колку кога имаш работа со некој шо нема памет. Тој пијаницата арно ти кажал, не само шо не е арно, туку и штетно е...:)
ReplyDelete