31.7.11

The Rain song

Ова е еден од тие моменти (ако за момент може да се заокружи периоод од неколку минути), каде што, без разлика што мислат другите, третите, псоледните, сакате да кажете нешто, само за да биде забележано. Дали е тоа рецитирање на Celebration day песната на плоштад во Охрид, или цитирање на Џони Штулиќ на некои скали додека пиете пиво со блиски другари и полемизирате за вечноста и политиката која го преплетува тоа, не е битно, битно е да биде одбележано, со сина боичка во некој практикум од високите школски учебници.

Сакам да ви кажам за песната која го носи бремето на ова заглавие. The rain song.
Кој ќе ја слушне, станува дел од синџирот кој почнува сега, тука, овде.
Не дека не сте ја чуле (за тие што ја слушнале). Но, сега, станува посебна, многу повеќе од што беше.
Не прашувајте зошто. Само слушајте.
Животот е премногу краток за да се преиспитува песна како The Rain Song од Led Zeppelin

No comments:

Post a Comment