31.7.11

Сон за подобар живот


Го барав патот
но не го најдов
никој од вас не ми ја покажа
светлината на денот

Не беа доволни
само магични зборови
изустени од мудриот
или начкрабани со златната рака

На другата страна
на градот
нафурани копилиња
чекорат по патот

Дојди малку поблиску
и погледни го овој свет
контејнери преполни со ѓубре
и звук на детски плач од далечината

Како да се променам
самиот себеси
заплеткан во морската трава
со пет илјади непознати луѓе

Оваа дупка е мајка
на сурови и лоботимирани лица
кои чекорат наоколу и оставаат траг
на мокриот асвалт

Есента пристигна
жолтите лисја расфрлани
на осамената улица
јас пак сонувам за подобар живот.

No comments:

Post a Comment