Ме водеше
долго в ноќта
право кон
белите рајски порти
таму илјадници
насмеани и ведри лица
Управуваше
со моето тело
испотен и вкочанет
се тресев
како ливче на дрво
О,каде си сега ти
моја магична моќ
А,моето бледо лице
одамна ја знаеше
таа слика незаменлива
чувсто на болка и моќ
магична моќ
Зад нас
оставаме флуид
преполн со магија
и нестабилно чекориме
кон суровата реалност.
О,каде си сега ти
моја магична моќ
No comments:
Post a Comment