На волшебното место
каде што небото и земјата
се спојуваа
едно во друго
на мокриот пат
кој водеше право
до еден беден град
една ладна ноќ
кога луѓето
бегаа во ново утро
јунакот се бореше
да ги разбие
цврстите ланци
и сам да се бори
против сите препреки
кои го очекуваа
во суровиот град.
Една јулска ноќ
долго седеше и размислуваше
за својот животен белег
кој ке го прати во иднината
се до крајот на неговата
храбра пловидба
исполнета со тон бранови
кои едноставно го туркаат
на која страна сакаат.
Над него мракот царуваше
под него светлината си поигруваше
со неговите чувства
како остра сабја
правеше кругови
по неговото тело
кога птиците преселници
своите огнени крилја ги замавнаа
накај југот
последните пријатели како куршум си заминаа
почуствува празнина во неговото срце
лавиринтот во неговата глава
не успеа да го победи
остана да лежи на свежата трева
со болка во неговото срце.
Се додека магичната моќ
не му ги отвори очите
беше најголемото ѓубре
во универзумот
таа пред него
а тој пак храбро
ги следеше нејзините трагови
на мокриот пат
кои го водеа горе на тронот.
Без да го осети
февруарскиот студ
без да ја почуствува
топлината во јули
храбро царуваше по патот
само тој и магична моќ
само тој и магична моќ
само јас и магична моќ
No comments:
Post a Comment