23.9.11

Есенска приквечерина

Илјадници чудни гласови
го изговараа моето име
пробуваа да го уништат
моето јас
сите препреки
мудро ги поставив.

Од спротивната страна
на темниот бар
сонував среќни лица
одамна немав такви видено
плавата крв излета
од белата хартија.

Во твојата градина
царуваа Абел и Каин
твоите кафеави очи
се плашеа да го погледнат
суровиот живот наоколу
преполн со ѓубре.

Есента пристигна вчера
одеднаш моите очи
здогледаа жолто
и како твоите топли усни
оставаат трагови
на моето тело.

No comments:

Post a Comment