долго в ноќта
кога сите светилки
одамна згаснаа
кога сите бездомници
мирно се засолнија
под мостот.
Го сечеш
моето тело
на стотици парчиња
и правиш круг
со нив.
Моето бледо лице
со сета сила се бори
во студената ноќ
кога бирократијата спие
а третата смена
незапирливо реди успеси.
Ме лажеш
ме моташ
ме одмотуваш
ме водиш далеку,далеку
ме враќаш назад
ме вртиш во круг.
Сега е јасно
кој каде припаѓа
сенка од лицето
одамна падна
сите заминаа
во бирократија.
No comments:
Post a Comment