30.10.11

Поетски копнеж

Црвените светла
го шараа мокриот асвалт
на дрвената маса
празно шише со мирис на рум
остатоци од твојата сина коса
флуид на нежност и топлина
капки од дожд на твоето лице
нестабилен почеток
неизвесен крај
нови сништа во твојата глава
извалкани раце
го допираат твоето тело
глумиш дека не ме забележуваш
бегаш од тука
полека се губи твоето лице
како воз во далечина
повторно и повторно
сакам да го видам.

No comments:

Post a Comment