18.11.11

Дагеротопија и дегенотопија

Среќен роденден Луј Дагер, таткото на фотографијата(November 18, 1787 – July 10, 1851).

Стигнавме дагеротопија до врвна дигитална фотографија за релативно кратко време.Not bad, not bad at all.Штета што многумина фотографската технологија ја земаат здраво за готово, па константно се незадоволни од перфомансите на своите апарати и на норма купуваат нови, а фотографиите најчесто им остануваат исти.Најчесто лоши.
Пред 200 години требало 8 саати за една експозиција.Тоа е една третина од едно деноноќие.Бидејќи блиц/рефлектор/вештачки извор на светлина немало тогаш, морало да се снима на дневна светлина, на лето кога денот е подолг.Плус на хомогена светлина т.е кога било облачно.Значи 3/4 од дневната светлина посветени на една фотографија.А денес можиме да створиме фотографија за илјадити дел од секундата 1/1000, во секое време, колку што ни крепат мемориските картички.

И за што?За нафурани клинки и клинци да си прават фотки во вециња пред огледала или документација на пијанките во парк со најновите Никони и Канони.Оти е IN имиџ да се шеташ со Никон/Канон торбичка низ град.Еден другар кој е фан на Фројд забележа дека кога "фотографиве" кога шетаат низ град со нивните апарати намерно ги местат телеобјективте оти тие се најфалусоидни.Просто кажано "си ги мерат" со апаратите.

Ех Дагер, Дагер...да знаеше дека на вакво дереџе ќе истуркал неговиот изум ќе го измислел точакот со помошни тркала.

No comments:

Post a Comment