11.10.11

ОCCUPY WALL STREET основно инфо

Премногу капитализам не значи премногу капиталисти, туку сосем малце капиталисти.

На 17 септември 2011 година во Њу Јорк започна народното движење наречено Occupy Wall Street (Oкупирај го ВолСтрит).Имено се работи за протест на граѓаните на САД против социјалната нееднаквост, политичка неправда и нивната економска незавидна положба која е производ на алчноста на мултинационалните компании и нивните потреби за профит по секоја цена(војните за нафта, инструментираните економски кризи итн).Како што и самите активисти велат : Ние сме 99% од популацијата која нема повеќе да ја толерира алчноста и корупцијата на 1%”.


“Aмериканската Есенкако што е популарно наречена, преку мирни протести има за цел зачнување на нова Револуција со која ќе се воспостави социјална правда и ќе обнови власта на народот т.е демократијата.Во редовите на демонстранитите има фенистки, хомосексуалци, либерали, републиканци, индивидуалци, свештеници, студенти, професори, уметници, философи, анархисти, различни раси и етноси сите обидинети под иста кауза, имуни на секакви поделби, медиумски спинови и помодарство.Засега протестите се проширија во Бостон, Чикаго, Сан Франциско и Лос Анџелес.На 15 октомври се најавува уште поголемо проширување.Мотото на демонстраните е блок по блок, град по град”.За ефикасноста на протестот се користат тактиките од Арапската Пролет.На новоименуваниот Плоштад Слобода во Њу Јорк се поставени сцени за уметнички перфоманси, кујна, место за преспивање, кампови за прва помош итн.На сличен начин е организирано и во другите градови.


Ноам Чомски, Славој Жижек, Корнел Вест и Мајкл Мур во изминатиот месец се луѓето кои во изминативе недели ги посетија демонстраните каде држеа говори.Писма со подршка и солидарност стигнуваат од целиот свет, па дури некои патуваат до Њу Јорк да лично учествуваат.

http://occupywallst.org/

No comments:

Post a Comment