“Како Министер за екологија на Република Скопјанија И Остали, не гледам друг излез.
Поради прогресивното загадување на нашата метропола, Владата планира главниот град да го премести на Месечината!Да, на Месечината!
Во план е да се вгради ракетен погон под самиот град што ќе го лансира и инсталира на лунарната површина.Бидејќи ракетното гориво е премногу скапо, постепеното колонизирање и градење од старт кое подразбира повеќе тури Земја-Месечина е вон-прашање.Вака со една тура ќе биде најрационално.Комисијата за енергетика од наредниот месец, започнува со рестрикции на парното и покачување на цената на нафтата и нафтените деривати за 300% со цел да се заштедат доволно средства за ваквиот потфат.
Тендер за ваквиот потфат е распишан, како најсериозни конкуренти се имаат јавено НАСА, Иранската Програма за Нуклеарен Развој и Ѕинго Спејс Травел Ејџенси.
Додека опозицијата стравува дека ваквиот потег сериозно би го компромитирал интегративниот процес во Unionis terra и Галактичката Унија, голем број независни граѓански движења дискутираат за можните поволности.Една од нив е фрлање на ѓубре на 0 гравитација, со што наместо на површината, отпадот ќе заврши во орбитата.Во наредната дека се планирани работилници во кои јавноста ќе биде едуцирана за техниките на остранување на отпад од страна на еминентни сељаци.
ЈСП изјави дека активно работат на приспособувањето кон новите услови.Најверојатно ќе бидат поставени шини на градските улици, а на градските автобуси ќе им бидат извадени гумите со што ќе конвертираат во трамваи.Двокатни, кинески трамваи.Сепак, Владата сака да го задржи сјајот на Златното Доба на Скопјанија И Остали во почетокот на 21 век.
Историчарите и археолозите изгледа се најзадоволни од оваа одлука бидејќи минатиот месец докажаа дека Античките Скопјанци во своите походи кон Истокот ја посетиле и Месечината.На само 200 метра од американското знаме е откриен штит со вергина и остатоци од војнички логор.Оваа наод е дополнет археолошкото пронаоѓање на голем број на месечеви камења под црквата на Плаошник.На одредени блогови се шпекулира дека таму се наоѓа и гробот на Александар Ѕверо, па дури и сметаат дека неговата прерана смрт била предизвикана од вселенски цревен паразит пронајден во еден од месечевите бунари за вода.
Скопје 2041 е најрационален проект кој е компатибилен со нашите потреби и ресурси.По повод ваквиот потег, на денот на раѓањето на Големиот Татко е предвидена парада на плоштад.”
-Соломоново решение- дополни киборгот Миленко 3.6 и си го поднамести дебелиот газ во фотељата.
Љуфка...Пардон, полн погодок! Ме бендисва. Кратко, јасно и гнасно :)
ReplyDeleteФала брат, можеше и подобро, ама чувствував огромен притисок од моите читатели, па еве...шта је ту је..
ReplyDeleteПатем, Среќен Роденден! :Д
Фала, бујрум :)
ReplyDelete