Си беше два пати едно магаре. Кое знаеше да слуша. И кое слушаше секакви будалаштини. Најчесто, ги слушаше советите на најпознатите мајстори за правење самари и узди. Му велеа: „Не умирај до зелената трева, има уште малку!“
Веруваше пустото глупо магаре дека некаде таму кај што тргнало има трева зелена. Иако знаеше дека во селото има повеќе магариња од што има ливади во цела Донкдонија.
Трпеше магарето и влечкаше маки на грбот. Па пак ќе го посоветуваа да не умира до зелената трева. Наближуваше магарето, заедно со другите чапункари до тревата зелена.
Што поблиску биваше тревата зелена, магарето доби извици и пораки, да се осмели да стигне до тревата што побрзо. Оти, само храбрите магариња заслужувале да го носат епитетот кој многу добро би прилегал во секое CV:
„Елоквентно се инаетам ко магаре на мост“
Магарето сега имаше мотиви еден тон. Кај да е ќе се накрка зелена_трева, a за да се накрка зелена_трева, треба само да биде „свое магаре“. Да се обиде. Не да чека од здружение на самарџии од атарот на Донкдонија да му обезбедат крма и луцерка. И што ти знам јас, или што ти знае тоа магаре што друго.
Сеа ќе видите...
Арно ама, само што ги помина изворите и беше на кас-два до ливадата, магарето, ко за чудо, промисли нешто. Си помисли:
„Абе, дали е ова некоја будалаштина што сакаат да ми ја закачат мене, а? Еднаш ми викаат има таму зелена трева и само треба да ја изручам, оти ме сакаат како што јас нив ги сакам и им помагам безусловно и безрезервно, а сега ми викаат дека треба да се „окозам“ за да ја излапам тревата? Дали има тука некоја.. шега магарешка, а? Дали ме ... опростете што ќе се однесувам ко коњ... ама дали ме ебат во здрав мозок?“
Поминаа 2,14 секунди и магарето заклучи:
„Абе, што имам јас да мислам? Јас сум магаре. Што си го пикувам носот во секоја каша? Наместо да си го гледам патот свој, јас сум запнал ова она. Ексик!“
Не умри магаре до зелена трева.
Фати книга учи, нетуку ми зеленосвај, шеснајсти дојде...:)
ReplyDeleteИли свиткај тро трева...:)
ReplyDeleteШеснајсти дојде, а? ТО значит дека уште 364 дена и ке прајш роденден? Се забајв...
ReplyDeleteГoлем роденден, среќен да растиш.
Дан дојдам да ти ги истргам ушите да те напрам ко Ед... :)
Шо ќе дојш море, ќе дојдел тој, една ракија ќе ми испијат и...И да дојш бе, ак не дојш те запамтив, ти ја ебаф колата! :)
ReplyDeleteП.С. Сполај ти и на твоја гла да си исчекаш :)