11.12.11

Ја су авантгарда, ја пиша поезија!

Јас пишувам третокласна поезија
Крали Марко во споредба со Хајнекен
без лирика или ритам
без естетика или живот
па дури ако размислам убо
единствено нешто
шо дава впечаток
дека ова е поезија
е тоа шо пукам
ентер
на секој трет збор.
Крадам 300 други,
ама крадам од најдобрите
па шо, вие случајно да не крадите?
Не изигравам поетски џек, немам квалификации (не се викам Џо)
само сакав посочам на нешто, еве
во следнава строфа:

Уметноста е слобода, Роберт и Енди ми кажаа
а не мрсење муда со арсенал од стилски фигури
па затоа сум стиховен анархист,
се мочам во манифестите на сите естети.
Ако веќе милувате правила
ова е постмодернизам дечки
а не помпезен романтизам.
Романтизмот умре
ама очигледно
има баги некрофили.
Муабето ми беше
чоколадото е поважно од амбалажата,
суштината од формата,
ремек делото на поетот
е неговиот живот.
Животот треба да е вистина,
чиста и проста,
само преку неа
имаме шанси за духовен апгрејд
и спас од лакрдијава.

Pi-ass

Поезија заради портфолио не се пиши
никој не ја чита,
поарно изигравај фотограф
или научи акорди од Чорба.
;)

2 comments:

  1. Па уствари, да, незнам оти велите дека човештвото оди наназад кога секој трет, пардон секој втор е поет... и е "The 1%"

    (да го појаснам 1%.. ако си видел на 9гаг, нели има некогаш слики од некои кои слушаат упм музика за разлика од денешницава и гледаат филмови од 1405 (хаха) и тие всушност се 1% од популацијата која е квалитетна.. имаше па збор за нив :))

    ReplyDelete
  2. Сите пишуваат, сликаат, фотографираат, дискутираат, критикуваат итн итн.Денешното информатичко време на чело со СТРИКО Гугл тоа го овозможува.Меѓутоа целта не е самата поезија, фотографија, критика (insert kewl хоби).. колку тие да се добри или лоши...туку тие се алатка за задоволување на ниски материјални страсти.Тоа е трендот на напредниот капитализам.Тоа е девалвацијата на човештвото.Оти од уметноста, спиритуалноста и слични "дисциплини" создаваат пазар.Афирмирани интелектуалци не мрдаат со прст ако не бидат наградени со девојка, кеш, џип..додека во нивните песни ќе зачекаш стихови за слободата, романтичен занес, љубов бла бла бла.

    ReplyDelete