Додека го читаш ова парче слобода, парче на ветровит и разбранет дух, јас лежам мртов под мојот кревет, под моите подземни води.
Месечината ги осветлуваше темните улици, градот нежно умираше, во него празни барови, бледи светла и лаеж на кучиња.
На празните маси ништо ново, иста слика од секојдневието, наоколу наркомани кружат, автомобилите празни со скршени прозорци, куќите без кровови, додека снегот кој паѓа ги шара улиците на надежта.
Ветерот ги носи празните патишта и сенки во некој осамен поток, виното ги управува зборовите на љубовникот.
Мртва е зимата, мртов е студот, мртов сум јас, таа патува накај моите врати, и внимателно тропнува на нив, мракот и ги прегризува усните, лицето одеднаш исчезнува во потрага на скриено богатство.
Вистина е браќа, не беа празни зборовите на јунакот, Тајни се вратите на подземните води.
No comments:
Post a Comment