13.1.12

Храм на слобода

Темно е долу на дното
се криеш во улиците на стравот,
твоите мисли потонати во океанот
ги бараш на погрешно место.

Чекориш низ рушевините
талкаш по сликите од минатото
месечината ти го осветлува патот.

Доцна е за нови подвизи
силата длабоко сокриена во твоето истоштено тело,
лавовите ја спречуват да излезе.

Градиш храм на слобода
а неа сеуште ја немаш пронајдено,
патуваш помеѓу војната и мирот,
твоите песочни траги избледуваат
летаат векови наназад.

Твојот часовник е тука
скаменет на дрвената маса
се прашуваш колку ноќи е осамен.

Го губиш сјајот на очите,
паѓаш во работ на рушевините,
под тебе илјадници мртви тела,
над тебе илјадници мртви тела.

Зад полиња, ридови и шуми
волкот самотник завива,
во потрага по чесен пријател,
ти пак сеуште сонуваш
за храмот на слободата.

No comments:

Post a Comment