Ништо ново
на моите ѕидови
моите крилја
летаат по блудниот пат.
Покрај мене
пламен од желби,
пролет во мојата душа,
на улицата
автомобили спокојно блескаат.
Досадно неделно утро и јас
заробени во мојата соба,
некој заспан сон
ги прошарува чувствата
и си заминува.
Некаде на патот од вечноста
каде што минуваа
загрижени лица
го пронајдов мојот лик,
мојот глас, мојот жар,
додека неделното утро
го впивав во моите гради
безгрижно ја заклувив
вратата од мојот дух.
No comments:
Post a Comment