Така зборуваше Џони. Бранимир Џони Штулиќ, балканскиот life guru.
- Пријателите служат за да одмагаат - велеше тој. На тоа дополнуваше:
- Интересот е важна работа. Ако го немаш, снаоѓај се како знаеш!
Да, гуру е човекот. Знае многу работи. Многу видел и чул. Сака да пренесе.
Ама, тоа не значи дека секогаш треба да се зема здраво за готово.
Како на пример, интересот.
На прв „поглед“ - демек се работи од користољубие ...
Не, првиот „поглед“ може да лаже.
Да, јас имам девојка од интерес. Добри пријатели, од интерес.
Со нив се „движам“ од интерес.
Ама интересот не е само од користољубие. Има нешто тука, а не е скриено како зајак.
Да, интересот е во тоа што, ми е интересно времето со нив. Се чувствувам вредно, корисно, рамно.
Од која и да видиш перспектива, пак е интерес.
Јас немам интерес да се дружам со некој што нема три чисти.
Не постои „немање време и сл“. Добро, се случува.
Но, одржување „контакти“ во живот, барем на апарати, зависи од ... интересот!
Интелектуално ниво, пред се.
Крај краева, што знам јас.
Секој се движи со „своите“. Со тие што ги одбрал. Да немаше интере, пријателите ќе беа рандом.
Се ќе беше „онака“.
6.1.11
5.1.11
Одговор за Daron Malakian
Сета своја енергија и талент, токму тој ги вложи, како неколку момци пред него, за да им каже на луѓето со него или околу него, за да им пренесе на истите, како стојат работите, како се движат облаците, како се стриже овцата. Но тој, како момците пред него, не доби ништо. Само загуби.
Демек параноја има. Нејсе ...
Неговото нецентрирано прашање беше:
If you were me, could you defend the given rights of all the man?
Без разлика на условот и природата, на погоденоста.
Мојот одговор е НЕ!
Доста е со филмот „битницизам, анархизам“.
Ниту некој заслужил да му посадиш пченица, ниту пак, сите треба да јадат леб. Ги иам премногу, премногу „батал“ луѓе.
Дароне, барем поука извлеков(ме) од тебе. твоето дело нека биде Вечно. Оти залудно не е!

4.1.11
Изместување: Секој човек со својот блуз
Демек, мислам, секој со својата мака, а сакам да испаднам паметен, па го правам комплициран дури и насловот. А за што се работи?
За ништо посебно. Маката и тешкотијата на денешниот човек е толку конјуктивна, што секој ја чувствува планината на некој што не го познава. А општеството стега ли стега. Ако е остро, ќе биде уште повеќе. Ако е црвено, нека биде инфра. Ако е ладно, нека биде апсолутна нула.
Годините веќе не станаа мерило за ништо. Глупоста ја прелева чашата. Понекогаш глупоста е претворена во вино, или ракија, или што било. Понекогаш, тоа е само метафора. Но, нема да се згреши ако се каже дека е „ова или она“. Епизода = сеедност!
Блузот беше на црнците. Црнците беа на белците. Белците беа на памукот. Памукот на парите. Парите на банките. Банките на Евреите. Продолжете го кругот ...
Некој мора да страда, за да ја исцели маката на некој друг, трет, ...
Блузот се роди од мака. Секое раѓање е мака. Секое прво сонце е Сонце на воскресението од мачноста. Фениксоидни епизоди на човекот.
Денес има црнци, има и памук. Има и плантажи. Ама маката е на друга маса.
Денес памукот е друг, поинаков, трет.
Денес имаш blues ако си прибран, паметен, начитан.
Денес треба да бидеш возрасен и глуп.
Денес треба да бидеш - ужасно глуп.
За некој друг да ти ја носи планината.
Некој друг да има свој блуз.

3.1.11
Изместување: Соларна цигла!
Пред три дена голем дел од исправените мајмуни наречени луѓе, ја прославија Новата година.
Што и зошто прославија, нема да елаборирам и објаснувам. Секој за себе си знае, тука јас не се мешам.
Денес е трети јануари. Три дена после стартот на уште една година, која човекот ја измисли за подобро снаоѓање во загубениот простор, а подоцна и ја прослави за дотрошување на наталожените пари. Најчесто, трошење на пари кои се повеќе од потребни.
Затоа се вика(ме) исправен мајмун. Оти, само по тоа се разликуваме. На кревок стадиум понапред на еволуциската степеница.
Денес, планетата Земја, се наоѓа во фаза на „Перихел“, односно е на „само“ 148 милиони километри оддалеченост од Сонцето, нашата собна светилка. Да кажам попросто, Земјата денес е најблиску што може до жолтата топла топка, и тргнува на нов пат, нов круг околу сонцето, се до следното најблиско видување.
Појасно е?
Ама што има улога астрономијата во човечките сметки. Годината почнува на 1 јануари и така и ќе си биде!
Партибрејкери едни астрономски!

2.1.11
Првата цигла, аут!
Планирам, да пишувам за своја душа. Не дека си ја хранам уметнички, туку, сакам да ми е полесно.
Ако каам работи кои многумина треба да ги знаат, треба да ги слушнат. Гајле ми е дали ќе им се зафати некоја мисла. Ама, треба да се каже.
Имаме ѕид. Безброј цигли.
Чуму ни е ѕидот? Мора да се (с)руши. Цигла по цигла.
Изместување! Нужно е. Барем за мене.
It's a hard time.
Strange days in strange ways.

Ех, време ко бреме ...
Зошто денес е ко вчера, ко завчера, ко пред 30 години? Зошто е се' исто? каде се промените?
Не ве слушнав ...
Да, да, се разбираме. Ама не промени од таков тип. Овде правиме муабет за животот.
Зошто е толку тешко и недопустливо секој да си биде свој? Зошто никој не го сака тоа? Зошто луѓето се плашат од самите себе си?
Тоа ни го донесе вчера? Тоа ќе ни го реши утрето? Многу тешко мои браќа.
Тежок е животот, премногу тежок.
Краток е животот, премногу краток.
За да се шегуваме со него.

Subscribe to:
Posts (Atom)