27.3.11

HOW I MET THE YELLOW RAVEN

Седев пред големата бела дрвена порта на мојата стара плитава селска куќа. Се сеќавам дека гледав далеку на хоризонтот. Мојот поглед ја „пробиваше“ ролатната планина која требаше да се премине за да се стигне до Новото Село. Јас лутав само со мислите, не ни планирав да одам таму. Во раката ја држев потковицата која ја најдов закачена на еден клинец од десната страна на чардакот, веднаш под пенџерето. Ми кажаа дека тоа е се што останало од големата стока што порано била чувана тука, во овие крупни дворишта. Ја тркалав на показалецот. Нозете ми беа прекрстени, десната рака им тежеше. Левата сум ја заборавил во џебот од моето палто. Сигурно сум барал нешто. Очигледно не најдов. 
Ми се чини дека бааги време седев и не правев ништо што не го споменав до сега. А сонцето веќе немаше сили, веќе не можеше да се докрепи горе, највисоко што можеше. Полека почна да се тркала по синиот небесен со веќе излитена фраза наречен свод. 

Ја фрлив потковицата од коњот што некогаш тука си го отслужил своето, ги стокмив двете нозе наспроти и главата ми падна на двете дланки. Чиниш изморен бев. Или тажен. А јас само си ги триев очите мои. Само тие беа изморени. Проткаени беа милион приказни додека ја посматрав втората статива на игралиштето. Го барав изворот, онај за кој мислев дека има вода што не се пие, ама не го најдов. Касно лето е, има високи шавари. 

Ги ставив двете дланки на колениците како механизам кој ќе ми помогне полесно да станам. Се исправив и го разработив мојот стар рбет во младо тело. Со двете раце како орел раширени се чувстував пријатно. Кога го завршив тој рефлексен ритуал, широко ги отворив очите, погледнав интуитивно надолу по благата стрмнина. По високиот ни наш двор забележав човечка силуета. „Кој ли може да е?“ - се запрашав. Знаете, јас нејќам ненајавени гости во случај да не ми се посебно драги. Нетрпеливо чекав да се доближи, со десната дланка преку челото и зо забрчкани мускули околу очите се трудев да ја победам дифузната сончева сјајност. 
Милион мисли, повеќето негативни, ми поминаа низ главата додека правев математики кој би можел да ми дојде на посета. Кој би можел да ме бара тука? 
Човекот беше облечен во црно одело и црна капа со цревена линија наоколу како панделка. Имаше долга светла коса. Кошулата му беше свилена, бојата не ја паметам. Имаше мустаќи. Другите детаљи кои би го опишале неговиот изглед не можам да ги обелоденам, од проста причина што не ги паметам. Кога дојде блиску до мене, бев сигурен дека прв пат го гледам. не ми рече ни здраво. Стоеше исправен пред, со десната рака малку подадена кон мене. Дланката му чуваше кутија цигари. Една беше истакната, што беше доволен знак дека треба да ја земам. Ја зедов. Тој зеде еве. Едната ја стави на увото, другата ја запали. Јас ја запалив и мојата. Но, се изненадив кога тој преку рамо ја фрли кутијата која беше речиси полна. -„Нема да ни треба!“ рече и се упати кон местото каде што до пред неколку минути јас господарев. Пред големата бела дрвена порта. Седна пред вратата на степеницата самоуверено и со блага ароганција како секој ден да го правел истото. Гледаше некаде во далечината, и ја димеше цигарата толку опуштено, како ова да го чекал целиот свој живот. А јас само го гледав. Ми се чини дека во тој момент бев, на некој начин вознемирен и изненадев, воопшто не знаев што се случува. Сега, можам да кажам дека вака требаше да направам, ова требаше да го речам, но, тогаш поинаку размислував. Ситуацијата беше нешто што не се среќава секојдневно. Одлучив да речам нешто, било што. Па го прашав:

- Барем да кажеше добар ден...“
- Добар ти е? Воопшто, добар е? 
- ...
- Од кај си? 
- Зошто е битно од кај сум. Битно е каде сум.
-А кој си? 
- Допрва ќе го установиме тоа. Засега сум човекот кој пуши цигара и гледа некаде во далечината. Знаеш, тие индијанците имале перцепција за која многумина можат само да сонуваат. 
- Зошто си тука?
- Каде?
- Овде!
- Ти си таму, јас сум каде што сум. Те молам, не ги компликувај работите! - ми одговори брзо и опуштено со последниот дим од цигарата која ја изгаси токму од потковицата која набргу ја зеде во двете раце за да ја посматра.

- Која е причината што дојде на ова место? Човеку, не те познавам!
- Ниту јас не знам кој си. Тоа не прави еднакви. Дојдов тука од многу причини. Повеќето не ги знам.
- (се насмеав па му реков) Пријателе, не се зафркавај, кажи ми што бараш тука!
- Велат, убаво било ова место. Велат, утрата се прекрасни. И свежи. Велат, имало чести виножита ...

(крај на прв дел)

24.3.11

Вај(т) најт?

Пред неколку години, извесна изфилозофирана флегма ме праша:
- Што би одбрал? Вечно да биде мрак, или бескраен ден?
Јас пробав да му дадам ретко виден комплициран одговор, иако сега не се сеќавам која би ми била поентата за такво нешто. Но, јас му одговорив.
-Како што Плант во песната the Ocean вели: kidding around, singing songs 'till the night turns into day ...

И само што сакав да ја извлечам поентата на цитатот, еден пријател ме прекина со прекорот: Абе, сотај ги Цепелин, кажи му што те праша. 
И навистина беше во право. Премногу филозофии не се потребни. Јас покасно одговорив дека денот е ден за луѓе. Ако некој неќеда биде човек, нека не биде. 

Уште тогаш ја сумирав лутината и острината на мојот одговор, но тој е севременски. Премногу луѓе сејат глупости. Премногу луѓе се жалат на состојбата, на се'! Премногу луѓе имаат избор. Премногу луѓе не сакаат да го видат изборот кој им е блиску како носот.
А изборот на ноќта и денот останува. Некои од нас ја мразат ноќта. Некои ја обожаваат. Некои зафаќаат средина, но ... гравитацијата наречена night time ги влече сите. Или сакаш да бидеш додека сјае Антарес, или можеш да бидеш сам додека пече или гризе Сонцето наше.

А зошто ноќта, а зошто не денот, немојте да ме прашувате. Сигурно би го цитирал Плант, ако не од the Ocean, тогаш од некоја друга маестрална музичка творба.

За тоа we have no doubts.

Indian summer bar

И после целиот хаос, целата драма, колење, убивање, бесење, тепање, ... Англичанецот и Индијанецот решиле да се ракуваат и привремено да бидат buddies. Одлучиле да одат во новооформениот паб на стрико Семјуел.


Вратата зачкрипела ... белецот и црвениот влегле во кафаната. Се упатиле кон шанкот.


- Со што да Ве удостојам момци? - праша делебиот шанкер додека ги полираше чашите.


Дај ... од тоа вискито Џимеј. И остави го до нас, вилја?
- Секако, секако, нема проблем.
„Црвениот“ не беше прашан дали сака, дали не сака „огнена вода“. Ама добро, тоа беше параклаза која ќе „помине“. Тој седеше на високиот стол, подгрбавен. Му беше неудобно. Но, тој беше тука, со силна волја. Со бистар ум и зацртана цел. Неговиот остар поглед ги пробиваше кафеавите очи на Англичанецот од Довер сити.


- Знаеш, ние не сме толку лоши момци. Ние всушност, дојдовме овде како мирољубиви луѓе, како цивилизирани битија. Сакаме да останеме тука. Да живееме во мир. Не сакаме крвопролевање. Ништо од тоа. Јас би рекол дека ... вие сте криви! - се изнакажа Англичанецот. Само што ја заврши својата реченица, Индијанецот рефлексно реагираше. Ја турна чашата виски и таа се скрши.
- Што? Што рече? Ние ли сме криви? Ние сме криви за смртта на нашите љубени дечиња? За ожалостените мајки, за никогаш веќе веселите баби? - говореше Индијанецот луто и гласно. 
Наеднаш стана, направи два три брзи чекори кон вратата и се сврте. Очите му светкаа. Тој беше неверојатно бесен. Со голема тага и жалост во позадина. Со горчина и лутина, му се обрати на Англичанецот од Довер Сити.


Кој ти даде право да дојдеш тука и да ми кажуваш дека ние сме криви за целото зло, за крвта што се пролеа? Кој? Кој Ви даде право мојот дом да го наречете џунгла? За мене е дом, а за Вас џунгла? Кои сте вие воопшто? Ние сме родени под ѕвездите, среќни сме што скитаме кога сакаме и каде сакаме. Јадам, ебам, одмарам, спијам. Вие, вие што ги “христијанизиравте“ нашите тела, што ја крштевавте нашата крв во зараза и болести. Вие, вие, вашиот алчен и мрзлив дух треба да го понесе тешкото и одговорно бреме на неправдата! 
Што направивме за да ја заслужиме оваа неправда преточена во демони како вас? Што?


Индијанецот ја исфли целата горчина од себе. Англичанецот слушаше внимателно, со мек поглед кон подот. Полека ја довршуваше својата пијачка. Го прочисти грлото, се сврте кон неговиот „црвен пријател“ и му рече ...


Смири се пријателе, you got it all wrong. Ајде, вака ќе ти кажам. Никој не е виновен. Боговите над нас. Богот ... не е битно, ќе ти објаснам за тоа подоцна. My point is ...
Никој не е крив, оти така се лошо подредени работите. Знам дека сакаш мир, и јас го сакам истото. Ама прво, мора да почнеме од некаде. Да се најдеме на „пола пат“. Слушајме ...


Прво, немате систем. Ќе мора да почнеме од таму. 
Ние, како поискусни во тоа, ќе ви помогнеме.
Ваќа ќе направиме ...

23.3.11

Да, утринско кафе ... но, нешто фали!

Утро е дел од денот кога ќе решиш дека е редно да се стане. Никој не е должен ниту привилигиран да ти каже кога е утро, кога е пладне, кога е попладне. Астрономијата и твојот микрокосмос се надополнуваат толку добро што не постои таков часовник што може да ја попречи вашата колаборација.
Утринското кафе е јак, многу јак елемент во секојдневната приказна. Понекогаш е требно да го свариш сам. Понекогаш ти е смачено од тоа, па решаваш дека треба да се жениш. Но, во принцип, it's quite (re)freshing.
Но, нешто недостасува. Нешто ... не е во ред. Ја чешкаш брадата, гледаш наоколу. Земаш уште една голтка од веќе изладеното кафиште. Се повлекуваш наназад, гледаш низ прозорецот. Нешто дефинитивно фали. Ама што?

Некои ќе прочачкаат низ плочите, цедињата, касетите, виртуелните папки, и (не)случајно ќе го најдат одговорот со (не)случајната одлука „ај денес да пуштам нешто ...  како Led Zeppelin.

Но, повеќето никогаш нема да го најдат одговорот. Ниту кои се тие, ниту дали постои Бог, дали има радијација во јапонија, ниту дали утринското кафе е доволно за освежување.

Фор о'клок

Четири наутро е најосамниот час во Универзумот. Или не? 
Не знам. Кој спие, кој се токми да спие. Кој се ебава. Кој пие чаша вода. За освежување. Ама никој не прави нешто посебно.
Посебна салама можеби.
Сите заедно лутаме на овај вселенски брод. Сите заедно и несложно кон Морисоновиот перихел. Не е „Морисонов“ (Џимов) оти мене ми текна, туку така е. А тоа е така, оти јас го кажувам. Зашто да не е?

Сетете се како се живееше некогаш. Лед Зеплин и пиво. Или само пиво. Или само Лед Зепелин. Или само размачкана шминка која врескаше „еееј, јас ги знам Зепелин“. Или каква била шминка. Или било што. Само сетете се.
Тоа беше посебно. Крстопат на генерацијата се прави. Луѓе, тоа е страшно. Јако страшно. 
Мојот виртус е да ве потсетам што беше. Мојата должност е да ви кажам што ќе биде. 
Има голема разлика.
Никој не ја знае азбуката на природата.
Ниту на братството, кое ние упорно го заменуваме со пријателство.
Нема пријатели. Има луѓе кои се тука да ти одмагаат. Во се'!
Луѓе кои ти помагаат се браќа. Тие работи не се мешаат. Но, сето спаѓа во комплементарноста на заебаната шминка која претпочита познавање на:
- природата
- азбуката на природата
- Лед Зепелин
- братството

Премогу нечесно се поставени работите.
Премногу нечесно е да се сменат. Премногу нечесно е да не се сменат.
Каде е честа?
Медалот на честа кој беше сервиран милион пати во изминативе години не е чесен начин да се покаже кој е чесен. 

Дајте ја цела облека која ги крие вашите големи слободни плакари на некој што нема плакар. 
Не ги полевајте своите цвеќиња со вода која гаси жед.
Направете го својот разум да функционира разумно.
Не ги кријте емоциите.
Со тоа ги негирате природните слова, братството и Лед Зепелин.

Убави очи и долги трепки.

22.3.11

Болан знае!

We are all sad and rusted boys.

Ако ништо не се случува, такви сме. Ни треба нешто, да знаеш дека нешто те очекува. И забораваш дека си тажен и зарѓан. Ти треба допинг. Било каков. Тргајќи од обично утринско кафе, до Heroin overdose. За секого - различно. АКо немаш допинг, како да не си намачкан со товатна маст. Зарѓан си!
Болан знае. Болан умее. Убаво кажал.

На УС-ловно

We are now entering the Periphel period. Нека е со среќа. И на тоа навезете уште неколку турски зборови кои мислиме дека ако се кажат носат среќа.
Брановите едвај носат пораки во шише. Тие што Стинг ги прати. Брановите носат големи пораки. Без шише. Од природата, не од Стинг. Оние што Јапонија ги прими. Како Индонезија back int the time.
Животот ни е on parole.

Ситна дифузија

Тешко е. Нормално дека е. Очајно е. Ненормално е.
Кај сега да најдам причина за нов коловоз. Јас не сум Берни Лидон.
Тешки одлуки надвиснуваат. Никогаш не можеш да знаеш дали секој избор е некоја посебна одлука. Ама стравот го има. фак ит.
Стравот не прави да се чувствуваме „некој и нешто“. Од типот „уау, мен, сега сум пред голема одлука во животот“. Не бе, од искуство Ви кажувам дека секогаш има нов, втор, пееспетти избор. Секој за понатаму.
Ако си загрижен дека го губиш времето, знај дека тоа го правиш додека мислиш дека некогаш си го потрошил.
Ако не беше времето за трошење, немаше да го имаме во големи количини. 
Се што ни превтасува, не треба да го мислиме. Кој може. Кој не е способен ни за тоа, си ја зафркнал првата работа во животот: самиот живот!
Запомнете! Ништо во животот не е толку важно и битно се додека не му се даде некое безвезално значење. Ништо веќе не е важно. Никогаш не ни било.

20.3.11

Сандеј афтернун

Почнаа лебедите да испаруваат од Охрид. Жеравите од Дебрца. Луѓето и од Охрид и од Дебрца. А нема крај. Крајот одамна е „закраен“. Останува само да ги слушаме приказните на Боб Дилан, кои не се за добра ноќ, ами се за добро утро. Сите приказни да беа за „будење“ ќе беше светот убав. Ама за добра ноќ се. 
Навикнати сме ние на тешка лоботомија. Дека Дедо Мраз ќе дојде низ оџакот. а живееме на 11 спрат и се грееме со парно. Дека Црвенкапа одела кај баба и на посета и го преварила волкот. Што бара да живее баба и на црвенкапа в шума? Како тоа го заеба волкот? И зошто после, малите деца не ги пуштаат да излегуваат од дома сами? А претходно им раскажуваат приказни за девојче кое се шетало само низ шума. И на крај, треба сето тоа поучно да биде. А како дете сам да појдеш на флипери, низ нос ќе ти извадат се што фантазираш. Уште ако пиеше мартини, лошо ќе беше. Можеше и педер да испадниш. Нејсе.
Глуп збор. Нејсе. Некако те прави анемичен, меланхоличен. Апатија ти ствара бре! Нејсе ... Е што нејсе? Двајсе шо викаат нашите саутерн мен колеги.
До кај бев? Воопшто не е битно до кај бев, ами битно е до кај ќе сум, на крајот. И зошто Highlands oд Боб Дилан не е искомерцијализирана песна. Еееее. Јебеш.

Сакав да ви кажам дека ништо не е сигурно денес. Ама ниту утре ќе биде нешто подобро и посветло. Секогаш ќе биде ... за никаде!

Или нејќев да ви го кажам тоа. Ама на крајот (пак овај крај бе маме му ебам) се е исто. И почетокот е битен како крајот. И едно без друго не можат. И така зборуваше Џои Рамон. Бог да му душа прости, еден од поголемите испотени шампиони. Чест ми е што му бев современик. 
Долго време.

15.3.11

Изместување: Иднината

Што е иднината? Што претставува?

Два прашалници на почетоков, како да е тест по граѓанско образование во седми клас.

Се што правиме, правиме за некое идно време. Led Zeppelin твореа за некоја идна публика. Ние ги кршиме рамената и грбот за да имаме ситнурија за да можеме да испиеме пиво, некаде во иднината.
Јас го пишувам ова безврскастично постЧе за во иднина, некој да го прочита и види. За иднината да има благ и мирен наклон.
Оти, ако некој стварно го прочита, значи навистина иднината постои. Оти, како стојат СЕГА работите,  не ќе да е премногу чудно ништо да не се случува, ами ние сме заробени во кафезот на слабата перцепција.

12.3.11

Изместување: Big in Japan

Некој почувствува, некој слушна за Чиле. Два пати.
И неколку други, мало-големи потресчиња. Неколкупати.

Јапонскиот  прелом беше мастерпис на природата. Што не' потсети дека ние не знаеме што е тоа страв. Не знаеме што е тоа ужас.
Оти ... тоа може да се случи, додека го читате ова.
Никогаш не се знае. Кога се тресе црната земја.
Најсилно, најдобро.
А ние, не знаеме ништо...

I bet Japan didn't

10.3.11

Тоа беше само ... сон!

Сите трчаат и брзаат, сите градат и уриваат. Секој секого гледа и прашува. Јас посматрам. Од место на место продолжувам. И сега, не се сеќавам. Што видов, што значи.

Не сакам. Не можам.

6.3.11

Мартовските иди, Манчестер види

Замислете, и фудбалска содржина на мојот блог непосетуван.

Морав некако да се оддолжам на момците во „црвено“ кои ја посрамотија големата плуканица наречена Манчестер Јунајтед.
И слично, како и пред две години, во овој период од годината, во март, Ливерпул го покоси тимот за кои “навиваат“ најмногу луѓе со сеуште неутврдена психичка дијагноза.
Толку за одбележувањето. Догодина подобро и повеќе. На сеуште нечитаниот блог.

Оти, други работи се ценат, иако немаат никаква вредност.
-Фејсбук.
-Македонски пост-југословенски Рок
-Манчестер јунајтед

Последните, како најголеми лигуши, барем има кој да ги „обработува“ одвреме навреме.

White wall blue blues



Брат, само ѕид гледаме. Бел, стар. Има ли нешто зад него?!
Брат, секако дека има. Ние сме зад него. Оти да мислиме дека сме пред ѕидот?
А што е ѕидот? И зошто ние, по ѓаволите го гледаме само него. Таков бел, така никаков. Мене ми ја испи целата енергија. И онака не беше моја, и онака не ќе ја чував. Ама зошто го гледаме? Брат ... 
Чиниш, војни и земјотреси издржал. Чиниш, години и векови надживеал. А ние му судиме, бел бил, ваков бил. 
Зошто гледаш нагоре, што има над ѕидот, што има на ѕидот? Јас не гледам ништо.
Каков е тоа ѕид што се прелева со млеко? Од каде? И зошто тоа наеднаш постана сино? Брат, јас не гледам крави. Гледам млеко. Која ја испило светската тага. Затоа е сино.
For your love свири, ама без вокали. И никогаш нема да запре. 
Ова не е кошмар. Оти не е ниту сон. 
Јас слушам само чекори. Јас слушам ѕвонци. 
Брат, поштар ти носи писмо, што ти беше напишано лани, а сега ти го пратив. А само ѕидот бил чуден. 
Сите околу нас се тажни и рѓосани момци и девојки. А ние имаме четири билети. За пат околу ѕидот. 
Можеби ќе дознаеме што е ова толку големо, млечно, чудно, тажно. Можеби не.
Тhe Watchtower


It was me, the Priest, и my great пријател prozaque. And ние were seeking for a сончево place down the долината за да се напумпа our basket ball, за latter that ден да можеме да го accomplish our plan што беше смислен couple of светлосни денови ago.

Скитајќи и барајќи, во стил „барај за да ненајдеш“, се замагли планот за играње кошарка. Рече Прозак тогаш: „Видиш, видиш! Се појави магла, оти го „зафркнавме“ планот за да „маваме“ баскет денеска!“
- Ех ... шо е работава ...? Од кај знајт универзумот што имаме на ум ние, м? - рече Прист, во случајов јас.
„Врска немам брат, ептен е зафркнато ова Скопјево. Подземни води, Рашче, све делува“
Се расчисти наеднаш маглата. И се беше повторно јасно и гласно. И се беше поинаку. Поминаа неколку минути пред да сфатиме дека се околу нас е црно - бело. 
Do you see what I see - рече Прозак. Тој тоа го кажа на македонски, ама јас го слушнав на англиски, а горе над планината имаше нешто како Options - subtitle - macedonian. Нашите мисли беа на македонски, ама што и да кажевме, беше на англиски. И се разбиравме неверојатно. И ... беше чудно. 
„Well, well, well ... - рече Прозак. Изгледа ова е само сон! Не е можно сето ова да се случува. Тоа го прочитав на преводот додека мојот поглед луташе лево - десно. Читав се што зборуваше Прозак. 
- „Не застанувај, само ќе одиме напред“ - реков јас, нормално, на англиски. 
Прозак само ги крена веѓите и запали цигара. И таа беше чудна, ама не рече ништо. Барем јас не осетив.
Дојдовме до еден дел од градот кој изгледаше како дa поминал низ неколку војни, но се познаваше дека веќе почнува полека и полека да живнува. Полека му се креваше духот. Имаше неколку дуќани, а тесните макадамски улички беа преполни со луѓе. Луѓето брзаа некаде. Сите растрчуваа, некој ваму, некој таму. Еден строен момак возече многу чуден точак, кој, најверојатно беше чуден само за нас двајца, оти од толкумина, само ние двајца се смеевме. Но, некако, никој не не забележуваше. Како да не постоевме. Момакот кој го возеше точакот делеше весници. Тазе весници. 
„Ќе земам еден“ - рече Прозак. Ја фрли цигарата и се стрча кон момакот со весниците. Прозак зеде весник, а момакот со весниците не го виде. Само виде дека му фали еден весник. That's weird - најверојатно реков јас, оти над мене, на небото се формираа облаци во форма на превод. Пишуваше -„ еј, чудна работа!“ И само се насмеав, иако не ми беше до смеење. 
„Ај да видиме што пишува во денешнава новина“ - рече Прозак, и седна на едно зидче до една фонтана. И јас седнав до него. И добро е што седнавме, оти датумот на весникот ќе не струполеше на земја, тоа сигурно. Најпрво, не им верувавме на очиве, оти, се што видовме денес беше чудно и невистинито. Ама пак датумот? 
24 мај 1949 година пишуваше на весникот. 
„Ај бе, не заебавај! Абе што се дешава со нас?“ - рече Прозак тогаш, на англиски. Пак! 
Не знам брат - реков тогаш јаси ги ставив двете раце на главата. - Немам некое логично објаснување, ниту пак ќе имам. 
„Мора, мора, мора да има нешто. Заебанција, не може да биде, за свесни - свесни сме, барем најверојатно. А најверојатно, ова не е сон!“ - нервозно рече Прозак.
Дај да прашаме нешто некого, некој сигурно ќе ни каже нешто, кај сме, што сме и зошто сме!“ му реков јас демек смирено, со пулс над дозволеното.
Растревоженоста не носеше од човек на човек, ама сите гледаа лево - десно, сите си бркаа работа. Никој, абе никој не не гледаше.
-„ Не е можно ова, абе неее! - реков јас. И ја ставив раката на чело додека се завртив 180 степени.
Тhere must be some kind way out of here - saud the prozaque to the priest. There's too much confusion, I can't get no relief - додаде Прозак.
Ај, чим велиш така, така нека е. Дај да „здрвиме“ по една пљуга. И запаливме по една.
-„Седи - рече Прозак. Најверојатно, тоа ни е најпаметно сега. Бар да видиме нешто, што како. Може ке се разјасни сета оваа мешаница. 
„Е, ај! - реков јас и се упативме до една блиска кафана. 
Застанавме на шанк, и откако веќе имавме утврдено дека никој не не „мава од ремен“, оти како да не постоевме, Прозак отиде позади и извади шише. Најверојатно беше ракија. Ама чудна беше. И таа ...
Седевме и пиевме, а кога ќе си на шанк, муабетите околни беа неизбежни. И слушавме.
Имаше еден тип со долга црна коса и каубојски шешир.Косата најверојатно беше црна. Ви реков, се беше црно-бело. Како старовремски филм. Зборуваше нешто многу нејасно.
- „Слаба дикција има типов“ - рече прозак, а преводот од англиски на македонски го видов во огледалото зад пијачките пред шанкот. 
„Да бе, не можам да разберам ништо, а и преводот е матен!“
- И ти го гледаш прводот? Лее брат, не знам, не знам ... и ја „мавна“ на екс ракијата. Прозак делуваше се' по нервозно.
Businessmen, they drink my wine, plowmen dig my earth, None of them along the line know what any of it is worth” - рече човекот со долгата црна коса кој стоеше десно од нас на шанкот. Не му го разбравме муабетот, ама и тој беше нервозен. И наеднаш стана, без да го допие, тоа што го пиеше, а не знам што беше. 
“No reason to get excited” му рече шанкерот, елегантно пополнетиот мустаклија. 
Се насмеа типот со долгата коса и му рече: yeees? Are you a father? If you have a son, you would know what it's like ... - рече доста нажалено косијанерот. Наеднаш покажа со прст низ прозорецот до едно детенце кое седеше блиску една чешма. Најверојатно се ладеше од жешкото сонце. Косијанерот излезе од кафаната и извади нешто од џепот. Тоа сигурно беше марихуана. Изгледа му требаше .. да се смири малку. 
Дебелиот шанкер ја навали главата и цинично се насмеа и рече: “There are many here among us who feel that life is but a joke“ и се заврте да ги „гланца“ чашите.
-„Брат, ај надвор. Не ме „збира“ ни овде - му реков на Прозак. И веднаш излеговме. 
Не можеш да ми поверуваш, оти не можам ни јас самиот, ама залутани сме негде - му посочив на Прозак тогаш. И ваљда направив гримаса со која изразив помиреност и разочараност, па Прозак за да ме утеши ми рече: you and I, we’ve been through that, and this is not our fate, so let us not talk falsely now, the hour is getting late” 
Ме облеа иронијата, и некако нервозно се запрашав каде тоа ние брзаме, ако не знаеме каде воопшто се наоѓаме. Но, Прозак имаше некаква фаца со збрчкано чело што асоцираше на решителност. Знаев дека тој знае нешто!
-„Не гледа детено. Ај, ваљда не' гледа. Ела до кај него“ - ми рече Прозак и ме тргна за ракавот од војничката кошула.
Детето имаше околу 10тина години, според мојата прва проценка. И веќе не ми беше важно колку години има, кога чув дека ни рече: Hello! Некако се почувствував среќен, и спасен. Спасен од не знам што!
Се насмеа и Прозак и веќе беше сигурен дека ќе дознаеме што навистина се случи. 
Здраво - рече Прозак. И се зачуди. И јас ги закосив веѓите во чудење. 
- „Аман бре, сега најде да се конвертира јазиков на македонски“ - рече Прозак и се насмеа цинично и со преголема доза на фрустрација. - Кај најде баш сега - додаде, и плус некоја пцовка.
Детето се насмеа и рече:
Today is my birthday. My 8th birthday...!
Прозак го прекина ... ме заболе мене дал ти е роденден или не! налутено рече Прозак. Туку, кажи, што се случува овде!
Детето се насмеа ... 
Јас го прашав „Како се викаш?“ Некако ме разбра и ми рече: My name is Dylan, Robert Dylan, and today is my birthday. И пак се насмеа ...
Остај го брат, не не токму детево - рече Прозак. Туку, ај низ чаршијава да се раздвижиме, ваљда ќе најдиме некој посалам од ова детиштево! 
Се исправив и тргнав да го следам Прозак. Само што свртевме грб и одминавме два - три метра, детето рече: 
I saw you approaching, the wind began to howl ... и пак се насмеа. 
Двајцата се свртевме. Детето веќе беше затрчано кон кафаната. Воопшто не се запрашавме што бара мало дете во кафана бидејќи видовме нешто големо, нешто грандиозно. 
На хоризонтот, од нигде - никаде здогледавме саат кула. Под саат кулата имаше мачка, неколку девојки и неколку слуги кои беа боси. 
„Што е пак сега ова?“ - реков јас.
Прозак запали цигара и само рече „не знам“
Ама ќе дознаам ... и решително тргна кон кулата 

.... 
(end of part one)