31.7.11

Сон за подобар живот


Го барав патот
но не го најдов
никој од вас не ми ја покажа
светлината на денот

Не беа доволни
само магични зборови
изустени од мудриот
или начкрабани со златната рака

На другата страна
на градот
нафурани копилиња
чекорат по патот

Дојди малку поблиску
и погледни го овој свет
контејнери преполни со ѓубре
и звук на детски плач од далечината

Како да се променам
самиот себеси
заплеткан во морската трава
со пет илјади непознати луѓе

Оваа дупка е мајка
на сурови и лоботимирани лица
кои чекорат наоколу и оставаат траг
на мокриот асвалт

Есента пристигна
жолтите лисја расфрлани
на осамената улица
јас пак сонувам за подобар живот.

The Rain song

Ова е еден од тие моменти (ако за момент може да се заокружи периоод од неколку минути), каде што, без разлика што мислат другите, третите, псоледните, сакате да кажете нешто, само за да биде забележано. Дали е тоа рецитирање на Celebration day песната на плоштад во Охрид, или цитирање на Џони Штулиќ на некои скали додека пиете пиво со блиски другари и полемизирате за вечноста и политиката која го преплетува тоа, не е битно, битно е да биде одбележано, со сина боичка во некој практикум од високите школски учебници.

Сакам да ви кажам за песната која го носи бремето на ова заглавие. The rain song.
Кој ќе ја слушне, станува дел од синџирот кој почнува сега, тука, овде.
Не дека не сте ја чуле (за тие што ја слушнале). Но, сега, станува посебна, многу повеќе од што беше.
Не прашувајте зошто. Само слушајте.
Животот е премногу краток за да се преиспитува песна како The Rain Song од Led Zeppelin

27.7.11

Последниот човек на земјата


Последниот човек на земјата
седеше во паркот на слободата
и се потсетуваше на старите добри денови.

Кога диносаурусите се вратија назад
и направија црвена слика во твоите очи,
млади и стари беа преплетени меѓу себе.

Кога Ти Рекс од неговите уста
пушти волшебен оган
сите села и градови гореа со рокенрол.

Последниот човек на земјата
седеше во паркот на слободата
и размизлуваше како да се врати назад.

way way back in 1969.

Кога Морисон Џими го извади алатот во Мајами
Кога Хендрикс и Џоплин ја покажаа моќта на магијата
кога половина милион наркомани се ваљаа во Калта на Вудсток.

way way back in 1969.

Кога се беше розево како во бајка
мали деца насмеани и ведри,
Штулиќ Џони знае што е најдоброто за тебе.

26.7.11

Значи вака ... (1) - Недијагностицирани муабети

Значи вака ... после долго време без збор,реченица и текст,полека го земам пенкалото и чкрабам на белиот лист.
Ако скокнат сите Кинези од 2 метри височина,цела Америка и пошироко ке биде погодена од земјотреси,цунами и сл. ствари.Од друга страна ако скокнат сите Американци од 8 метри височина ке се случи пак истото,овој пат комунистичката сила ке биде погодена од горенаведените ствари.
Јас стварно неможам да го сватам мозокот на луѓето во денешното време.
Размислував,размислував,размислував ..
и еве.Единствено нешто добро што е развиено во последните четириесет и кусур години е технологијата во позитивна насока.
Со тек на годините како растам,некои работи ми стануваат се појасни и појасни.
Селаците сами си излегуваат на виделина,како што кажа Прист.
Ги видов "правите" рокери што го ставија Курт Кобејн во ист кош со Морисон,а воедно као демек да се покажат плукаат по оваа дрогирана еврејка,нема никаква врска со легендиве таа и тој Курт се само обични наркомани,и дете од 7 години може да напише текст како него и човек кој свири 1 недела на гитара ке има креација да направи ствари како него,но ако сака да биде главна фаца,мора да се палат пичките на него.Ги видов и луѓето кои што менуваат мислења за некоја ствар секој ден,ги видов сите шминкери/позери.
Дали ова што го пишувам ке го прочита некој ?
Дали ке го стави прстот на главата и ке размисли малку ?
Што да правам јас,медиумите се појаки од мене,јас не сум во мода за да прочита некој нешто од моите срања.Уште некој од многумината ке помисли дека удирам во празно,се фурам на празно,и ке ми биде баш мило.
Го давам одговорот на последниот пост од Прист,АМЕРИКА ја расипа младината и нивната мода,зборувам за денешна Америка не за онаа пред 40 години.

Во наредна прилика ке позборувам малку поопширно за ова.

25.7.11

Изместување: Што ја расипа младината?

После неколку месеци, го продолжувам серијалот на „проколнати чаршиски муабети“ собрани во папка наречена „Изместување“. теме на денешното trololo е многу... лајт! Многу лајт бе!
што ја расипа младината која е без фискална и со назнака „робата не се враќа“?
Сакам да посочам дека, младината одсекогаш била ѓубре расфрлано, ама што ја расипа денешната?
Оти, секоја младина има свои карактеристики на rotten-оќа.

No Freud, no Nietzsche, no Problem!


Кренете два прста сите Вие кои мислите дека (дел од) проблемот се наоѓа во залудно потрошената хартија од овие копуци!

16.7.11

Приказни од Дембел Чаршија (2)



- Тешки времиња надвиснале над нас пријателе.Оние што гледаат се сметаат за најголеми слепци, а слепите во својот Мрак не гледајќи лево и десно, одат право и стигнуваат пред нас, над нас – рече Десоецот со голем презир во гласот. Ги имаш очите на татко ти ама видот ти е од мајка ти.Уште еден “слепец” кои ги талка битолските улици – Десоецот почна да смее гласно, но смеата набргу премина во гласно кашлање.Туберколозата се навлекла во неговите гради после студената зима.
- Блескотот на грошевите ги заслепува очите, виното го заслепува умот, но на душата само Бог лично му ја зема виделината, ја помрачува.Мојата душа е чиста, затоа ти оставив милостина, не барам никакво гатање, посебно за нешто што веќе го знам.Пријатно – рече Исак и го премина сокакот на чија страна се наоѓаше неговата куќа.

Душата на Исак не беше истата пред да замини за Париз.Тогаш беше млад, крвта му вриеше за нови слики, звуци и мириси.Во Париз сите негови апетити беа задоволени, па дури проширени...се чувствуваше како слободен човек далеку од болеста на Болниот на Босфорот, на ситните трговци и ситните души.Петте години философија на Сорбона, боемската револуција во париските кабариња исполнета со алкохол, музика и жени, барутот и крвта од задушената Комуна го променија целосно.Се врати како граѓанин на Светот желен да промени нешто во негов романтичарски манир.Ја најде и Битола променета, небаре преку ноќ таа се преместила да биди кварт на некој град северно од Дунав.Започнуваше да процветува благодарение на европските ветрови, бурките и носиите стануваа градски фустани, се отвори бордел во близина на Саатот, пукнатините на калдрмата на Дембел-чаршија - битолскиот Монмартр беа полни со црвено вино.Се шепотеше за доктор Рафаел познат како војводата Скендерберг и собиранките во неговата куќа со луѓето на Шестарот и Ѓонијата, за младиот турски кадет Ататурк и неколкумина од неговите соученици кои не беа согласни со ситуацијата на царството.Конзулите непрекинато испраќаа пошта до нивните матични држави.Револуцијата беше во воздухот, потребна беше само иницијативата сите состојки да оформат хармонија во една кохерантна струја за ново утро.

Исак Хаим синот на познатиот битолски бозаџија Самуел Хаим чувстуваше припадност и одговорност.

Продолжува...

15.7.11

Право на мислење

Знам, запознаени сме со широката филозофија „секој има право на свое мислење“.
Добро, ја прифаќаме. Усвоено, ако мене ме прашувате. А треба, оти, нели, право на мислење имам.
Но, дали ќе се согласите со мене дека, сите што имаат право на свое мислење, не треба да имаат право да го споделат тоа мислење со нас?!

Ако помисливте дека сум „ваков, таков, онаков“, почекајте... размислете:

Ќе Ви се разјасни...

Bitter dream




(on the rooftop)

Hey!
- What is it Steven?
We can walk right in, man!
- But still I'm blind man, still!
Never mind the snow in ya head Paul, there's a life out there to steal. Lets not be silly bro!
- Dirty livin, never kill the pain. OK, lets hit... the stairs.

(driving in the Cadillac)

Steven, have you ever been lucid while awake?
- Awake? (laughter)... dunno man, dunno... ya know, i'm mixed up in my... shoulder top. You know me well, Paul...

I think that it was a dream. I saw my girl. She falled dreaming on the kitchen sofa, waiting for me. She had some writings. Something like a letter, saying: “If you would come back again, it would take away this pain, but I don't know if you ever will...“

- And?

And what? Nothing. I'm there, always. I guess. But... forget it man, just'a dream. And I remember...

- What?

I was driving down the road, in the midnight hour. I saw a man, samo lonesome hobo or something like that. Drinking and smoking. I waited awhile. He turned around.
I saw that man is me...

Наскоро - подобро!

Можеби тоа важи за времето. Малку изгледа иронично, ама за да биде времето подобро, треба да биде невреме. Само заради тоа што луѓето (нема да кажам ние) не знаат што сакаат. А јас, сакав да напишам некој експресен коментар кој би имал некаква суштина. Well, многу е жешко и за тоа...

Можеби не' очекуваат подобри времиња, ама сигурно не подобни... времиња.
И бидејќи ковам мисли на слаба светлина и на јака топлина, оти так ми било пишано (ама не во овој коментар), полека ќе пробам да го принесам кон крајот моето излагање. Или моето „лагање“. Збор кој може да помине во некоја новоконструирана граматика со разно=разни шмекови и примеси на фрази од пост-беверли хилс генерацијата.
Дегенерацијата.

Од утре, ветувам, ќе пробам да пишувам на некои суштински и сушни теми, џаболебарски филозофии и антиматематички шовинистипко-бескрупулозцни теории.

Во некое поубаво невреме!

                                                          (фотографија: NEMO)

11.7.11

I'm so bored with the people here!



Let's go !

Првин мислев дека ова ке биде одличен наслов за поезија,но подоцна размислив подобро и заклучив дека ептен би звучело во стил на панкерски текст,без поетски слики.

I'm so bored with the people here,секогаш иста приказна,со исти режисери и глумци.
Лоботомија владее тука,и тоа тешка.За жал на 99,9 % од нашава младина дозволија да им го исперат мозокот на фин начин.
- So what can i do?
- Kill the mediums.
- Noo.

Да посветам малку внимание на Интернет револуција.
Интернет револуцијата се состои од неколку бранови:
1 Бран: мирц
2 Бран: ХИ5,мсн
3 Бран: Фејсбук(in progress)

Facebook kill the real world,so welcome to the virtual,you will stay here for a long long time! 100% checked!

Сега се чека само да му пројде и нему модата,па да дојде некое друго срање кое ке управува со вас,можеби ке има повеќе опции за перење на мозок,отколку сега,така да ке имате можност да бирате на кој начин сакате.

Парковите пусти,
игралиштата празни,
мали деца незнаат
што е тоа велосипед!


What about a TV? Ин се турските,индиските,шпанските серии кои се вртат по нашиве канали со синхронизација,па тоа е сега во мода бре,како во европа без синхронизација,нели треба да личиме малку на Запад,глобализација брате.Па и да прикажуваа узбекистански серии,пак ке гледавте,е еве и тука се покажува IQ на на човекот.

А пак медиумите лесно ве затупавија.Стварно незнам која е поентата да се расправате околу идентитетот кога за 20 години сите ке не снема.Од друга страна,опозицијата врши притисок над власта,главен центар А1.
Сител vs A1,која подобро го пере мозокот.

На самиот крај сум,полека завесата се спушта,но пред целосно да биде спуштена,треба да се посвети некоја реченица за денешниве шљакери.

Шљакери данас живе
као бубрег у лоју.

Штулиќ Џони

Дефиниција: Aprilia + партали во мода + елитен кафиќ(место каде што пијат 'виски',а уствари коњак)

Мислам дека набројав доволно причини why I'm so bored with people here.

AM I WRONG ?

3.7.11

Куме Џими...

Еден од „кумовите“ кои не крштеваше со музика го напушти овој скапан свет, на денов денешен јулски пред 40 години.

Пролетаа два црни гаврани, се затресе земјата црна, умре Морисон Џими...

Куме Џими, благословен да си! Над тебе не се најде појунак!