Затворен во плавата кутија
сите мисли лебдат околу неа
илјадници кретени собрани
на едно место
исполнето со енергија
на беспотребна агресија
која тајно се шири наоколу
Одам по патот
сосема сам
без светлината
пред нозете
која ми го покажуваше
патот до едно осамено дрво
Плавата завеса
која долго време
ја набљудував
за миг исчезна
кон ѕвездите
Ноќта беше прекрасна
но не и луѓето
кои беа во неа
не сум свесен
дали тоа го доживеав
или беше само еден обичен сон
од секојдневието.
Над мене ѕвездите царуваа
под мене се ширеше
специфичен мирис
уште една и една голтка
до самиот крај.
Наоколу илјадници
замислени лица
длабоко сонуваа
во една летна ноќ.
Главата се нишаше
лево,десно
лево,десно
и телото целосно предводено
од боговите
контролата веќе
одамна си замина
кон својот дом.
Се беше претставено
на белата хартија
од овој суров свет
сета болка,радост
смеа и солзи
пустото минато
се навраќаше
назад во очите
сите тие слики
од старите добри денови
и лошите спомени од минатото
кои беа собрани на куп
кружеа во ќелија
со надеж дека еден ден
ке го најдат патот
за да ја погледнат светлината.
Светлината на денот
одамна не повикуваше
да ја почуствуваме
за момент
да излезеземе за миг
од белата ноќ
сигурно да чекориме
во новото утро.
Првин тропнав,потоа повикнав
за жал никој не го слушна
мојот чуден глас
мојот збор кој значеше многу
во една летна ноќ.