28.1.12

Homenaje

Usted se merece un homenaje, el claro ejemplo de geógrafo real. El profesor eterna!
Usted siempre será nuestro maestro.
Hasta Siempre Vasileski!

22.1.12

Е да..



Во нашата реалност ваљда оправдувањето ќе биди: "Aце ко можеше до Индија да стигни без Џи-Пи-Ес на Ајфонот и Интернет можеме и ние"

15.1.12

капутот и слонот

Koга ќе работам и заработувам ќе можам да си дозволам Lee Oscar хармоника, Лаика М7 апарат, Џим Бим бурбон и билет за Исланд ама поради самата работа нема да можам да уживам во ништо од тоа или барем поради психофизичкото абење нема да биди тоа-тоа.



Се сеќавам кога со Драж шетавме низ Битола да си купи капут.Тогаш Драж уште не го знаеше градот.Одевме од бутик до бутик низ градот за да најме нешто соодветно.Драж да е жив и здрав малце работи го собираа.Нозете ни паднаа.Конечно влегваме во еден бутик на Широк Сокак и гледаме еден "мафијашки" модел каков шо сакаше.Изгорен беше за таков.Под колена, црн и со скриени копчиња.Згора на се точен.Ко за него шиен.

-Леле колку е закон браааат.Леле колку е убав.
(Ја гледа цената. 6500 денари)
-Абеее капут.Шо ќе ми е капут?

Драж замина да студира Словенија.Батали студирање и почна да работи.Носеше коли за Македонија.Едно време се засити пазарот, па почна да работи како bell boy(Буковски исто работел мислам) во хотел.Носеше куфери на дебели американци и на германски ороспии.Собра пари и си купи капут.Плус си купи и црн мерцедес S класа на старо да му одговара на капутот.Неговата најстара желба.Да го има "слонот".Во средно стално се расправавме за тоа.

-Абе брат, многу троши бе...скапи делој има, нема модел понов од 92'...шо ќе ти е таква кола.Ако земаш некогаш нешто...земи си нешто практично..ко за низ град.
Драж беше прагматичен чоек ама кога беше во прашање "слонот" беше романтичар.
-Море, на дете мало да му дајш хартија и пенкало и да му речиш да ти нацрта кола шо ќе ти нацрта?Нема да ти нацрта пунто во профил, југо, фичо..туку лимузина...МЕРЦЕДЕС.Мажите се деца брее..

И така еден ден дур вегетирав низ станот ми се јавува Драж на телефон.

Скопје си? Дома си? Слободен си?
-Да.
-Идам.

Ете го Драж на врата во капутот ги врти клучојте од "слонот".Фативме муабет шопрајш-какопрајш.Дур варев кафе го гибам другарски со форите од средно.

-Си го заноси ти ама капутчето.А слушам и сите пички во Љубљана си ги ебел..не за нешто друго..најмногу место имаш во колата.

(се смеј)
-Брат, ако ме верваш, ете првпат кај шо си идам по 6 месеци, капутов прв пат го облеквам.Скиснав во мочаната униформа на хотелот.Пижами-униформа-пижами-униформа.Тоа е тоа.
Колата ми рѓоса в место.Само паркинг плаќам мамичето..Арно сеа Хрватска на враќање ја пуштив на автопат да се издува.

Со Драж музички многу не се согласуваме.Типот е кафански чоек, мераклија по Харис и Тома, а јас сум по "некапените", "ненормалните", "хевиметалците"..Aма двајцата го сакаме Балашевиќ.Дури имаме иста омилена песна од него сеа...

Djaba bilo konja vranih
Po livadi razigranih
Djaba bilo karuca i salasa.
Djaba bilo njiva plodnih
Vinograda blagorodnih
U karuce pregnutih cilasa

Е Драж, Драж..

Шанк муабет

Ноќниот живот е капиталистичка пропаганда.
Струјата го заеба човештвото.

Се среќаваат двајца урбани интелектуалци пред Триумфалата Капија. Додека едниот си ја мести розевата марама, а другиот хипстерските наочари започнува муабет што би одговарал како сценарио за драма на апсурд, џоа "Чекајќи го Годо" од Бекет. Едниот расправа за "модерниот" хеленистичко-демохристијански архитектонски израз на портата, другиот расправа за стимулативното дејство на културните споменици во микроекономијата на транзициските земји. Никој не расправа дека Триумфалната е бело шупливо гомно измеѓу бароконизирани социјалистички градби и сендвичари, а панорамскиот поглед на врвот 90% го сочинува мувлосаниот кров на ГТЦ. Доаѓа Ацо Станковски накркан со вмровски Acid и ја прогласува средбата за успешна и продуктивна.Во позадина допираат звуци на драпање на мадиња.Едно долго и тапо Чеш.....Чеш....Чеш.....Чеш до целосно оглувување.

Денес дознав дека имам 8ка по епидемиологија. Иако учев најтемелно и најпосветено во моето студентисување. Додека тргав цигаре на нервна база пред автоматските врати на факултетот, гледам како слегва благо-ретадирано девојче кое прај муабет со мајка си на телефон. Девојчето ќефој оти добило 10ка по некој рандом предмет.
Later that day додека бев на кафе слушам како мојата колешка, инцестиодно чупе која е подвижна интелектуална имплозија, прави brain-drain ќе има 9ка по предмет кој влегува top 3 најтешки медицински предмети.

Уште полејтр додека замислен се враќав дома покрај Вардар, на ѕидот на кејот кај Маџир-маало се отвори портал во иднината.Се видов себеси за 7-8 години.Оќелавен и здебелен.Седам столче во фенси канцеларија.На интервју за работа сум.На ѕидот од лева страна гледам урамен портрет на Чарли Чаплин, а до него знаме од Обединетите Нации.Газдата - костумосан неандарталец го разгледува моето Си-Ви.Фацата му е згрчена од негодисување.
-Господине знаењето неможе никој да Ви го земе. Меѓутоа според политиката на нашата компанија и премудриот закон за вработување од Министерство имаме проблем со Вашиот просечен просек.Имате ли партиска легитимација? Не? Жалам господине.
Под бирото од благородно дрво излегуваат спомнатата колешка и ретардираното девојче.Лицата им се потопени со сперма.
- Кафе? - ми се обраќа колешката.
- А можеби Студен Чај? ми вели ретардираната со ретардирана насмевка.

Кога се разбудив бев жива кисла, а ќебето и перницата ми беа под кревет.

13.1.12

Храм на слобода

Темно е долу на дното
се криеш во улиците на стравот,
твоите мисли потонати во океанот
ги бараш на погрешно место.

Чекориш низ рушевините
талкаш по сликите од минатото
месечината ти го осветлува патот.

Доцна е за нови подвизи
силата длабоко сокриена во твоето истоштено тело,
лавовите ја спречуват да излезе.

Градиш храм на слобода
а неа сеуште ја немаш пронајдено,
патуваш помеѓу војната и мирот,
твоите песочни траги избледуваат
летаат векови наназад.

Твојот часовник е тука
скаменет на дрвената маса
се прашуваш колку ноќи е осамен.

Го губиш сјајот на очите,
паѓаш во работ на рушевините,
под тебе илјадници мртви тела,
над тебе илјадници мртви тела.

Зад полиња, ридови и шуми
волкот самотник завива,
во потрага по чесен пријател,
ти пак сеуште сонуваш
за храмот на слободата.

10.1.12

Неделно утро

Ништо ново
на моите ѕидови
моите крилја
летаат по блудниот пат.
Покрај мене
пламен од желби,
пролет во мојата душа,
на улицата
автомобили спокојно блескаат.
Досадно неделно утро и јас
заробени во мојата соба,
некој заспан сон
ги прошарува чувствата
и си заминува.
Некаде на патот од вечноста
каде што минуваа
загрижени лица
го пронајдов мојот лик,
мојот глас, мојот жар,
додека неделното утро
го впивав во моите гради
безгрижно ја заклувив
вратата од мојот дух.

6.1.12

Мрачни чувства

Води ме низ стрмнините
помати ми го срцето
низ бодликавата жица.
Фрли ме како сираче
во некој озлогласен ќош.
Патувај по моите трагови,
следи ги моите мрачни чувства.

Сите тие собрани во круг
зјапаат еден кон друг,
месечината им ги осветлуваше лицата
живееја и се радуваа со болка,
им се потсмевнуваа на богатите,
талкаа низ брановите,
нивните солзи полни со очај и тага.
Тенки беа линиите помеѓу
реалноста и илузиите
на нив бесконечен пат
само траги од чекори
блескаа на лицето.

Ноќва мрачните чувства
заробени во мене
го измачуваат секој столб
од пропаднатото тело.

4.1.12

Мртва поема: Тајни се вратите на подземните води.

Додека го читаш ова парче слобода, парче на ветровит и разбранет дух, јас лежам мртов под мојот кревет, под моите подземни води.
Месечината ги осветлуваше темните улици, градот нежно умираше, во него празни барови, бледи светла и лаеж на кучиња.
На празните маси ништо ново, иста слика од секојдневието, наоколу наркомани кружат, автомобилите празни со скршени прозорци, куќите без кровови, додека снегот кој паѓа ги шара улиците на надежта.
Ветерот ги носи празните патишта и сенки во некој осамен поток, виното ги управува зборовите на љубовникот.
Мртва е зимата, мртов е студот, мртов сум јас, таа патува накај моите врати, и внимателно тропнува на нив, мракот и ги прегризува усните, лицето одеднаш исчезнува во потрага на скриено богатство.
Вистина е браќа, не беа празни зборовите на јунакот, Тајни се вратите на подземните води.

Вие...

Вие сте деца, луѓе, на овој систем, вие ја отсликувате иднината на нас, вие управувате со нашите мозоци, вие го стоплувате домот на секој од нас, вие не правите среќни и весели...

3.1.12

Бранислава

Нејзиниот лик скриен зад стотици скали,
го пиев тајно секој дел од нејзиното тело,
нејзиниот жар, нејзиниот дух.
Слободата од нејзините раце леташе далеку од мене,
нејзинот стил зрачеше длабоко в мракот.
Нешто чудно се случи во моето тело оваа ноќ
покрај зелените ѕидови и слики од боговите,
страв и трепет, убавина и кошмар, радост и болка.
Загубен во мислите, таа можеби лута на некое опојно место,
можеби седи во пештера исполнета со студ наоколу
или пак плови на месечината и испраќа заводлива насмевка кон моето бледо лице.
Посакувам јас да сум нејзиниот хероин, нејзиниот магичен напиток,
да се будам во раните утрински часови во топла прегратка со нејзиното тело.
Ноќта го губеше својот хумор, денот храбро и се спротиставуваше и нежно ја убиваше,
улиците беа створени за мене и браќата.


Исти луѓе, ист бар,
само неа ја немаше, нејзиниот флуид исчезна,
гледав бледо накај празниот стол, во меѓувреме полека го малтретирав својот пијалок.
Можеби е крај на оваа горчливо патешествие, можеби нејзиниот жар ке го здогледам за пет или шест години.
Јас скаменет на шанкот со брада од шест дена и очајно молам за пијалок,
таа загрижена од општеството, не се сеќава на мојот лик,
или пак наредната ноќ повторно и повторно ке го почуствувам нејзиниот стил,
спокојно ке летам околу маглата и ке се доближам покрај нејзиното тело, кога уличните светилки одеднаш ке избледат.