29.12.11

Dreams of 2011 (Или не..)

Растргнат меѓу тебе и удолницата,
веќе незнам ни самиот на која страна да тргнам.
Деновите минуваа како тивка река
ги обележуваа телата на мачениците,
свеќите гореа над сивото небо, на лицата пламен исполнет со тага.
Годината веќе исчезна, ја немаше околу нас, ја немаше покрај бреговите, полињата, улиците, баровите, зградите... Замрзната некаде талка далеку од нас, нејзиниот мирис веќе никогаш нема да се врати во нашите тела.
Копнеам да се пронајдам самиот себе си во толпа робови кои макотрпно работат на плодните полиња.
Чувствувам дека годините прерано си го направија своето, тука загубен како водопад ја шарам горчливата земја, земјата на нашите претци.
Слушам пискотници, тажни крици на гаврани кои кружат на небото, сонувам среќна иднина во моето тело, прочистено од илјадници демони, прегазено на сред улица како празно стаклено шише.
Клучевите на иднината лебдат некаде околу мене, доволно сум слеп за да не ги пронајдам,
бескрајна препрека на мојот пат, смрт за нив, смрт за сите нив.
Го губам разумот кога сум со тебе, подоцна се обидувам да ги допрам ѕвездите, да им побарам прошка, за сите гревови кои ти ги сторив, во потсвеста чувствувам дека некој сончев ден ке бидам камен во твоето срце, во твоите раце и нозе, во белиот ходник на синиот стол со венец на главата знам дека ке ме покориш, го губам разумот и кога трчам накај твојот град, го губам разумот на крајот од ноќта, патувам во некоја древна приказна, каде кралевите паѓаат од тронот, некоја тажна приказна во која ни самиот незнам каде е почетокот, каде е крајот.
Танцувам во дворецот, наоколу снегот ме заробува во круг, ние умираме, и повторно се раѓаме, пловиме по патеката, живееме во куќата на претците, тажното патешествие наскоро се претвара во убавина и кошмар, прегрнати заедно ги гледаме црните птици како танцуваат во ноќта.
Месечината ни праќа магична насмевка, во светлината мојата заблуда исчезнува, иста приказна, ист град.

Предновогодишно ритуално јадење на бурек.Director's cut.

Последниве 3-4 саати почнува се повеќе да ме влечи фотографска критика.Незнам дали е до тоа што нема доволно притисок водата во зградава или дека отепав пола вино сам, битно тоа ми преокупира мозокот.Се сеќавам на еден фазон во средно кога сакав да се запишам на Филозофски, Книжевност или некој друг секси факултет, за после откако ќе завршам факс да бидам критичар на уметнички дела.Или според Македонскиот толковен речник на фрази и зборови : гомнојадец со тапија или културно кажано: дипломиран конзумент на трици.

Со оглед на тоа што во Македонија се создава нешто (ваљда уметност е) онолку пати колку што Халиевата Комета се појавува на небото ја отфрлив таа опција.Па дури и да се смени тој тренд, не верувам дека во оваа наша партиска, прото фашистичка реалност би имало објективна или било каква критика.Луѓето престанаа да читаaт преводи на филмовите на телевизија(се е синхронизирано), камо критики."Пфф.Критика.Ој таму мести парно, нетуку сеи глупости" вели еден добар другар.

Нејсе, шо ми беше муабетот...

А да.Јас можеби нема да пишувам "oфицијални" критики, но сеуште држам критички став кон многу работи.Таа критичка парадигма го опфаќа дури кусурот што ми го враќа продавачката од маало, секое сабајле иако си имаме разработено кежуал чамче муабет ради куртоазија т.е демек се поштоваме на ниво редовен муштерија-продавач.

-О комши, добро утро (се смеј)
-Добро утро (кисела насмевка)
-Ладно времето од сабајле.Не се трпи више зимава. (а тек почнала)
-Богами...Родео Лајт имаш? (А тој пред мене шо беше зеде.Глуп еден.)
-Имам.Цигарче сабајлечки со кафенцето а?Како на факс?Девојчето арно? (не дека ме интересира..ама ај)
-Арно, се арно е.Ќе земам и лепче и нешто благо. (немам друга работа, тебе ќе ти кажам)
-Ако ако...(ми враќа кусур)
-(Чувстувам дека наместо железна 50ка ми подметна 10че, пребројувам набрзина, ќе и'ибам матер ако е така.Ок.Не ме зезнала.Таман е)Ај чао.
-Чааоо(вештачка насмевка)

Така драги мои читатели на девијант арт кои ве има малце и можеби веќе сте престанале да читате текстов, јас одржувам критичка кондиција.Покрај неа и параноичноста.Во поголемиот дел од животов ТОТАЛНО непотребни.Ама поарно така, него да бидам либерално-наивна свиња што ќе голта секаква помија и ќе си премолчува.

Последно шо ми падна на ум, покрај непотребниот муабет со мојата продавачка, на овој журнал запис се таговите на фотографиите, тие со име и презиме на фотографот, ДЕМЕК, као, нешто авторски права и интелектуален труд се заштитува. Јоцо Спасовски фотографи, Deep eye-фотографи.All rights reserved.Do not use my work without my permission.Драпај си Мишко клопотарците.

Прво таквите натписи, потписи и слично ја грдат фотографијата.Естетска дамка се.Колку да се транспарентни, колку да е ситен фонтот, колку да се скриени во некој ќош-тука се!

Второ.Создаваат илузија на лажна вредност на фотографијата.Нешто како блеф во покер.Демек ако има таков натпис, фотографијата има вредност и сега сите ќе се испотепаат од крадење за и тие да испаднат фраери.Не велам дека сите фотографии кои имаат натпис не вредат, велам дека многумина кои не ги бива се вадат со такви финти.Ама како шо вели Васко Тодоров a.k.a Тошо Малеро : Правиот фраер - никад не признава дека е фраер.Така нема да видиш tag на фотки од Аведон, Адамс, Бресон, Мекјури, Драган.За нив и за секој добар фотограф, фотографскиот израз т.е самата фотографија во комплет Е tag.И никој друг вистински кичмењак нема безсрамно да го кради за лична малодушна слава.

Трето.Малце философија.Што точно опфаќа таг-от?Што всушност значи Едикојси Фотографи на пр?На што се полага автентичноста и оригиналноста?На камерата произведена од некој друг, на филмот, на природата, субјектот, објектот...фотошопот со кој се едитира, светлината?I don't get it..Идејата, можеби?Да, сигурно е идејата.Ама и таа, философски гледано не може да биде оригинална и автентична.Зошто?Зошто идеите, концептите не ги СТВОРАМЕ ние, туку ги спроведуваме, канализираме во една форма или друга, кој покреативно, кој не.Идеите и концептите кои манипулираат, жонглираат итн со нешта кои веќе постојат.Тоа е друга тема за мрсење муда.Ок, признавам, се заебав самиот.Сепак постои одредена доза на личен печат и индивидуалност.Ама мое лично мислење е дека креативноста е благородна ствар и треба да биде поттикнувана кај сите, а не да се креваат "ѕидови" и "огради" кои ќе бидат предмет на идно куромерење и егоцентричност.Ебате елитистичките ставови.Да бидеме сите среќни во крајна линија шо сме роден со прсти па можиме да го стисниме шутерот.Хехе

Четврто.Постојат пософистицирани, повешти легални начини за спречување на нарушувања авторски права, ако веќе толку се милуваат ебените авторски права.Заверка на нотари, дигитално онеспособување, кодирање кое ќе спречи даунлод итн.Или воопшто фотките да не се објавуваат на нет каде би била можна "пиратерија".Како шо велеше еден мој асистент:Најдобра и најефективна заштита од несакана бременост е апстиненцијата.

Лакше се дише.No hard feelings boys and girls.Се е добронамерно кажано, во име на љубовта.Реториката можеби малце ми е груба, ама имам срце на бизон.Прајте шо ќе прајте, само на чименто не седите.

Така дечки, кулирајте вие сега, уживајте за празниците, речете им НЕ на дрогата и на авторските тагови.

Во следниот журнал, ако се погоди винцето ќе пишам за рамките на фотографиите и нивното значење во флората и фауната на Охридското Езеро.

Peace.Out.
--------
Превземено од журналот на профилот на девиантАрт

http://the-prozak.deviantart.com/

28.12.11

Homenaje

Usted se merece un homenaje, el claro ejemplo de geógrafo real. El profesor eterna!
Usted siempre será nuestro maestro.
Hasta Siempre Vasileski!

25.12.11

Можеби...

Во тебе пронајдов
парче тага
во твоите раце
кристална светилка
од минатото.
Тешко е со мене да пловиш.
Можеби брегот
никогаш нема да го здогледаш
но, ке ги почуствуваш матните води
како мирно шетаат
по твоето тело.
Можеби ке пловиме по месечината оваа ноќ,
кога белиот лист
придружен со горчливиот ветер
ке одлета некаде.
Можеби ке го пронајдеш магичниот свет,
можеби ке талкаш низ рушевините,
можеби ке се расониш од пловидбата
и ке побегнеш некаде далеку од мене.
Ке останам само јас
придружен со матната вода
и сеќавање на твојот лик.

22.12.11

Границите на возможното

Прам муабет со пријател без да држам кригла пиво в рака. Муабети дека Тесла имаше силна конкуренција во Ајнштајн во услови кога беше тешко да имаш конкуренција во луѓе како Ман. Сега, Цукерберг имат слика на списанието Time како најголем паметен мадафака во конкуренција на лејди Гага и читателите на биографијата на Џобс кои при крајот на оваа календарска година дознаа кој е Џобс, во врме кога е лесно да имаш конкуренција во луѓе кои веќе ги сметет дека се поголеми од, сега покојниот одамна, Ман.

Шо мислите?  - дали јас мислам дека времињата се смениле?

не, од кај да знам дали се смениле времињата. Мене ми кажаа дека на времето било чест да си во конкуренција на брејниакс во друштво на Ман. Јас то не го перцепирав. Е тек после нуклеарната хаварија во Припјат во која настрада и Белорусија оти има криоблата поголеми од државава наша, ама ја жалеа Австрија, јас бев свесен и напумпан со перцептивна енергија.

Овде да ви кажам право и праведно. Чест ми е што јас и брат ми не бевме труени со религиозни и политички повраќаници додека сите го поминуваа истото. Иако живеевме во зло доба додека  во Хрватска паѓаа бомби од православни браќа. Ми недостигаа бонбоните со индијанец на обвивката.

Како потврда на мојов пост кој е нервозен, не дека му ветив на Стефан дека ке биде таков, туку рамото ме вие, ме убива, ќе го приложам и стихот на Шаптаи Жисел Боб Диланоски
Times they are a-changing.
Постар е, ќе му веруваме. Да беа сите евреи ко него, ќе немавме ни кредитни ни дебитни картички. Иако - опери ме, не знам што е дебитна картичка.
Не дека не ја пратам „модата“... туку едноставно не знам.
Математиката на пример, не е мода. Непотребна работа е....

Моето тажно тинејџерско патешествие.

Залудно е се кога немаш слобода околу себе. Напнат чекориш по калта, се криеш зад зградите, ги одбегнуваш тие ладни погледи, во себе мислата те обзема дека ке те покорат пак. Ке го исмеваат секој дел од твоето тело, твоите зборови, твоето присуство, ти пак молчиш и скаменет стоиш на асфалтот, одвнатре болката те гризе и тивко им шепотиш на твоите богови 'До кога вака? До кога ке ме третираат како ѓубре, до кога ке бидам нивна играчка'. За миг твоите усни го бакнуваат мокриот асвалт, ги собираш сите сили и исчезнуваш отаму како што некогаш ги собираше сите сили да се искачив на врвот.

20.12.11

Приказна за старото куче.

Го хранев моето старо исушено куче
секое утро, секоја приквечерина.

Го шетав моето старо исушено куче
секое попладне, секоја вечер.

Го мразев,
го чував,
го забавував.
На самиот крај пред да си замине
му ја здогледав сенката, се фрли врз мене
ми ја откина раката, и продолжи мирно кон темната улица
не чувствуваше ништо во себе, моите очи никогаш не лажеа.

Јас додека лежев беспомошен и зјапав во месечината,
тоа патуваше кон белите рајски порти.

Лавиринт

Во каква игра без заплеткан?
Чии раце ме зедоа од тоа гнездо?
Знам ме очекува тежок ден,
но, јас не мрдам ниту со мал прст.
Ја губам битката, го знаат тоа,
зад нивните лица се наоѓаа безброј лавиринти
посакуваа да навлезам во нив,
посакуваа да управуваат со моето Јас.
Ох, нивните лавиринти беа бесконечни
немаа излез, ниту почеток
едноставно лебдиш во нив.
Ги сретнувам на улица рано
и ги одминувам со насмеано лице,
тие пак продолжуваат понатаму
додека саботното сонце ги шараше нивните лица.

19.12.11

When the Sun comes up...

When the Sun comes up...
Lots of artists and poets share their unplowed thoughts
Birds are singing, dreams are sinking.

When the Sun comes up...
The Moon is irrelevant
No one gives a damn anymore.

18.12.11

Over the edge later that night...

    И тогаш Кантрел рече:

  Мислев дека ќе паднам, дека ќе се струполам на подот. Само колку ли бев уморен! Чинам, 3 дни поминаа без очи да склопам. А целото тоа време го поминував размислувајќи, влечејќи лево десно низ морето на колебливоста што ме растргнуваше и мене и душата моја немирна. 
А сепак паднав. Во морето на илузијата и бесконечноста. И очекувањата кои беа втемелени на подот кој претставуваше шанса за промена, да се измени нешто и црвот да го напушти јаболкото. Онака како што беше живеел, веќе не го биваше со нас.
Се разбудив во сивилото на денот и зимата во собата без календар кај што претходно два три пати сум бил. Вторпат ил трет пат, кому му е воопшто грижа. Собата ме потсеќаше на ладни прсти и снег. И жабокрекање. И никако не ми беше јасно зошто.
Заспав повторно сам. Повикувајќи го учителот на кој веќе му ја ветив мислата. Давејќи се.

Стели си го гризна палецот. Неговото снег-бело лице беше тажно. Иако очите никој не му ги виде. 
Ја превзеде маката на Џери.

The Sad Cafe

I remember the time we spend inside the Sad Cafe
I remember the time we spend inside
I remember the time we spend
I remember the time
I remember
I
I remember
I remember the time
I remember the time we spend
I remember the time we spend inside
I remember the time we spend inside the Sad Cafe



Смртта на пајакот

Одиш по патеката на минатото
со рацете ја допираш светлината
ја менуваш болката
ја менуваш среќата
ја менуваш иднината.

Не ја препознаваш
крстосницата на минатото
го одминуваш зелениот зид
на кој бојата полека му избледува
но крвта и душата на пајакот
засекогаш ке го исполнуваат
неговиот дух, во таа чудна соба.
Јас го убив, те молам казни ме
сакам уште еднаш да ги почуствувам
твоите врели раце
на моето лице.

Горска убавице, со венец на твојата глава
покажи и го патот полн со трња
покажи и ја препреката
покажи и ги брановите
копнеам по нејзината пловидба
моите ноќи талкаат на брегот
без неа тажен ги гледам ѕвездите
празнината лебди насекаде околу мене
нејзината златно-кафеава коса
далеку од мене
заробена некаде во слободата.

Јас, јас го убив
и сеуште не чуствувам грижа
но пак таа, таа плови со туѓ брод
посакувам да ме казни
на крајот од ноќта
за да можам мирно да исчезнам
во својот лавиринт.

Over the edge

Седеа така Кантрел и Стели.
Врнеше силно во градот. Разговараа.
Џери беше посебно зборлест.
Лејн знаеше да слуша.
Но, не и овој пат.

17.12.11

Чудесен збор

Си заминуваш
и повторно се враќаш
на старото место
чекориш низ рушевините
ги плетеш прстите
низ старата пајажина
низ твоите усни минува
тој чудесен збор.

Си заминуваш
како воз во далечина
и повторно се враќаш
како неочекуван морски бран
жариш и згаснуваш
како божиќна светилка
се криеш зад дрвјата
се криеш во ноќта
низ твоите усни минува
тој чудесен збор.

Твојот лик загубен
длабоко во магла
наместо помош
низ твоите усни минува
тој чудесен збор.

Повторно и повторно
сакам да слушнам.

16.12.11

Квази-визуелен аудио запис кој флуктуира

Пак сум таму кај што бев. Кај што не треба.
Му рече Џими Џез на обвинетиот од гетото.
Дали да одам некаде, или да останам тука, никаде.
„Гетоецот“ немаше одговор, а  Џими Џез немаше веќе ни прашања.

Џими го засука бркот и му рече на црниот другар екс конопџија:

Изгледа, јас и ти - никогаш нема да си го најдиме патот.

Ама ако - рече Џими Џез и си го проголта зборот кој не вредеше ни за тоа.

15.12.11

Скопје 2041

“Како Министер за екологија на Република Скопјанија И Остали, не гледам друг излез.

Поради прогресивното загадување на нашата метропола, Владата планира главниот град да го премести на Месечината!Да, на Месечината!

Во план е да се вгради ракетен погон под самиот град што ќе го лансира и инсталира на лунарната површина.Бидејќи ракетното гориво е премногу скапо, постепеното колонизирање и градење од старт кое подразбира повеќе тури Земја-Месечина е вон-прашање.Вака со една тура ќе биде најрационално.Комисијата за енергетика од наредниот месец, започнува со рестрикции на парното и покачување на цената на нафтата и нафтените деривати за 300% со цел да се заштедат доволно средства за ваквиот потфат.

Тендер за ваквиот потфат е распишан, како најсериозни конкуренти се имаат јавено НАСА, Иранската Програма за Нуклеарен Развој и Ѕинго Спејс Травел Ејџенси.

Додека опозицијата стравува дека ваквиот потег сериозно би го компромитирал интегративниот процес во Unionis terra и Галактичката Унија, голем број независни граѓански движења дискутираат за можните поволности.Една од нив е фрлање на ѓубре на 0 гравитација, со што наместо на површината, отпадот ќе заврши во орбитата.Во наредната дека се планирани работилници во кои јавноста ќе биде едуцирана за техниките на остранување на отпад од страна на еминентни сељаци.

ЈСП изјави дека активно работат на приспособувањето кон новите услови.Најверојатно ќе бидат поставени шини на градските улици, а на градските автобуси ќе им бидат извадени гумите со што ќе конвертираат во трамваи.Двокатни, кинески трамваи.Сепак, Владата сака да го задржи сјајот на Златното Доба на Скопјанија И Остали во почетокот на 21 век.

Историчарите и археолозите изгледа се најзадоволни од оваа одлука бидејќи минатиот месец докажаа дека Античките Скопјанци во своите походи кон Истокот ја посетиле и Месечината.На само 200 метра од американското знаме е откриен штит со вергина и остатоци од војнички логор.Оваа наод е дополнет археолошкото пронаоѓање на голем број на месечеви камења под црквата на Плаошник.На одредени блогови се шпекулира дека таму се наоѓа и гробот на Александар Ѕверо, па дури и сметаат дека неговата прерана смрт била предизвикана од вселенски цревен паразит пронајден во еден од месечевите бунари за вода.

Скопје 2041 е најрационален проект кој е компатибилен со нашите потреби и ресурси.По повод ваквиот потег, на денот на раѓањето на Големиот Татко е предвидена парада на плоштад.”

-Соломоново решение- дополни киборгот Миленко 3.6 и си го поднамести дебелиот газ во фотељата.

Си беше Ед наш...

Си беше два пати едно магаре. Кое знаеше да слуша. И кое слушаше секакви будалаштини. Најчесто, ги слушаше советите на најпознатите мајстори за правење самари и узди. Му велеа: „Не умирај до зелената трева, има уште малку!“
Веруваше пустото глупо магаре дека некаде таму кај што тргнало има трева зелена. Иако знаеше дека во селото има повеќе магариња од што има ливади во цела Донкдонија.
Трпеше магарето и влечкаше маки на грбот. Па пак ќе го посоветуваа да не умира до зелената трева. Наближуваше магарето, заедно со другите чапункари до тревата зелена.
Што поблиску биваше тревата зелена, магарето доби извици и пораки, да се осмели да стигне до тревата што побрзо. Оти, само храбрите магариња заслужувале да го носат епитетот кој многу добро би прилегал во секое CV:
„Елоквентно се инаетам ко магаре на мост“
Магарето сега имаше мотиви еден тон. Кај да е ќе се накрка зелена_трева, a за да се накрка зелена_трева, треба само да биде „свое магаре“. Да се обиде. Не да чека од здружение на самарџии од атарот на Донкдонија да му обезбедат крма и луцерка. И што ти знам јас, или што ти знае тоа магаре што друго.
Сеа ќе видите...
Арно ама, само што ги помина изворите и беше на кас-два до ливадата, магарето, ко за чудо, промисли нешто. Си помисли:
„Абе, дали е ова некоја будалаштина што сакаат да ми ја закачат мене, а? Еднаш ми викаат има таму зелена трева и само треба да ја изручам, оти ме сакаат како што јас нив ги сакам и им помагам безусловно и безрезервно, а сега ми викаат дека треба да се „окозам“ за да ја излапам тревата? Дали има тука некоја.. шега магарешка, а? Дали ме ... опростете што ќе се однесувам ко коњ... ама дали ме ебат во здрав мозок?“
Поминаа 2,14 секунди и магарето заклучи:
„Абе, што имам јас да мислам? Јас сум магаре. Што си го пикувам носот во секоја каша? Наместо да си го гледам патот свој, јас сум запнал ова она. Ексик!“

Не умри магаре до зелена трева.
Тој чуден момент кога Телекранот на блогов кажува дека си го посетил повеќе пати во изминатиот ден, а ти прв пат го проверуваш во последните 24 саати.Можеби се работи за коенциденција.Можеби Јанко Мегафонски го проверувал од неговата посрана емисија.Можеби блогот билда популарност во Карпош.Македонија е земја на можности..




Што да правам?Ме прифаќаат паранои. Си се частам одвреме-навреме по некоја конспираси теори. Онака да се опуштам од мислите дека Македонија е демократска земја. Во тој случај притисокот е голем, оти ако системО е ок, а демосот ужива да живее во мизерија, тогаш тоа е сериозна социјална парадигма околу која би се снимал Зајтгајст 4.Вака си се подлажнувам дека Некој наместо да затвора нарко-картели во Арачиново, чита туѓи блогови..

13.12.11

X

Се сеќавам, бев млад.
Пред 23 секунди. Си мислев: „зашто немам инспирација да напишам два-три.. милиони зборови?“
И тогаш ме удри.
Tоплината од ќумбево кое пред 34 секунди го наложив(ме) со две-три „суви и сурови“ дрва.
Па ми текна.
Дека ми се пие вода, веќе отрпнав од мојата желба за пиво.
Иако е зима.
Ама сепак, пролетта може да биде и во декември
13ти
Или било кој друг. 



Капиталистичка уметност

Капиталистичка уметност во мојот град, на моите улици, во моите барови, жубореше како течен лепак, на неа се лепеа нашите перспективни уметници, неизбежно беше да ги одбегнам, но ги давав сите сили и напори да се случи тоа. Моите валкани нозе секогаш предизвикуваа неволја, каде и да тргнеа потта ги освежуваше со нови мисли.
Поети млади, убави, набилдани со скапо парче облека на себе и препознатливи со својот специфичен заводлив парфем од далечината, во вас е перспективата. Влезете во скапиот автомобил на тато и одлетајте некаде далеку, далеку каде што ке можете да фрлите по некој стих за вашата непрежалена љубов.
Поетки млади, убави, со неодоливи нозе и добро градено тело, кога на микрофонот одекнуваа вашите празни зборови, искрено ми го дигаа курот, не тие, туку вашиот шармантен глас, по кој копнее секој бесмртник како мене. За жал немав вујко или пак тетин со висока положба во демократијата, со ценета партиска књишка, да ви се придружам во вашите организации и друштва. Дали мојата тематика ве освојува на прв поглед или пак иронично и се насмевнувате и шепотите длабоко во себе „Каков глупак, мисли дека е најпаметен“. Дали мојот речник ви ја влажни вашата „невина“ пичка или повторно ке прошепотите во себе „Каков напален перверзњак“. Моите валкани нозе се враќаат на почетокот од приказната, моите магични зборови ке ги чувам за себе, знам залудно е да ги фрлам пред вашата врата. Вашите зборови, критики, ставови се секогаш главни во овој град.

Како го запознав Буковски!

Ја здогледав случајно, внимателно ја зедов и почнав да чкрабам со сината крв по неа. Дали и создавав болка, тоа ке остане нерешена мистерија до крајот на овој суров живот. Реалноста ме ебеше во мозок и свршуваше право по лице. Ја гледав, ја замислував како поле без крај, полно со трња, во кое чекорев со моето крваво тело, кое беше производ на бодликавите трња. Таа студена ноќ го запознав и старецот, мудриот старец, го замолив за цигара и голтка од неговото 'Порто'. Тоа беше старецот кој твореше долго в ноќта кога бирократите ги турнаа своите смрдливи нозе и дебелиот гас во својот топол незаслужен кревет. Почнавме да зборуваме, сета сила ја употребував да изговорам збор, бев сиот крвав и облеан со пот на челото, тој беше 'дрво' пијан.

12.12.11

Eден извадок од македонската книжевност

" Вие префинети литерати со таа ваша намирисана литература, со тоа ваше ебано кабинетско-лабораториско проучување на животот!Се во вашите романи и стихови е така мазно, чисто, во ракавици, а животот станува се поживотински и се повалкан.Има ли поголемо лицемерие од она на нашиот заеднички пријател, кого децата го учат на училиште, историчарите на литературата го цитираат во своите студии, а тој секоја вечер е пијан, ги дрпа чистачките за газ по ходниците, им дава пари само за едно дупење во клозет или во некоја празна канцеларија, ги уценува студентките, се лигави пред секоја пичка, а во своите стихови пее:

О, душо, невина и светла
каде што допирам се расте и пупи


Таквото лицемерие ќе ни ја ебе мајката.Зошто во секого од нас постојат двајца: еден оној, вистинскиот, и оној другиот кој целомудрено суди за луѓето, а подригнува пред децата и прди во семеен круг. "

Сок од простата - Јован Павловски

11.12.11

Ја су авантгарда, ја пиша поезија!

Јас пишувам третокласна поезија
Крали Марко во споредба со Хајнекен
без лирика или ритам
без естетика или живот
па дури ако размислам убо
единствено нешто
шо дава впечаток
дека ова е поезија
е тоа шо пукам
ентер
на секој трет збор.
Крадам 300 други,
ама крадам од најдобрите
па шо, вие случајно да не крадите?
Не изигравам поетски џек, немам квалификации (не се викам Џо)
само сакав посочам на нешто, еве
во следнава строфа:

Уметноста е слобода, Роберт и Енди ми кажаа
а не мрсење муда со арсенал од стилски фигури
па затоа сум стиховен анархист,
се мочам во манифестите на сите естети.
Ако веќе милувате правила
ова е постмодернизам дечки
а не помпезен романтизам.
Романтизмот умре
ама очигледно
има баги некрофили.
Муабето ми беше
чоколадото е поважно од амбалажата,
суштината од формата,
ремек делото на поетот
е неговиот живот.
Животот треба да е вистина,
чиста и проста,
само преку неа
имаме шанси за духовен апгрејд
и спас од лакрдијава.

Pi-ass

Поезија заради портфолио не се пиши
никој не ја чита,
поарно изигравај фотограф
или научи акорди од Чорба.
;)

8.12.11

Еве_на_!

Јоey Tempest > бркото педерско од Квин

Ако бркото гејско е подобар вокал од Џои Темпест, рецимо, ја би да се самоубијем.

Жив или Мртов

Дали сум жив или мртов?
Дали моето срце бие за победа или пораз?
Каде исчезнуваат моите трагови?
Каде ми е крајот или почетокот?

Секое светло зад себе има своја приказна
тажна или весела, сепак ја има длабоко сокриена.
Во неа раскош и убавина или пак сиромаштија и беда.

Куршумот кој патува во темната улица
ја чуствува грижата или пак радоста.
Ситни чекори на патот, со шешир на главата
несоживеани со чувство на болка
продолжуваат по својот пат со чуден израз на лицето.

Секое утро носи чудни непредвидливи работи
дожд или сонце, ветер или магла.
Јас пак стуткан на работ од мрачната соба
со цигара в уста и празнина наоколу
се прашувам дали сум жив или мртов?

Праисторискиот часовник

Зошто чекорам по рушевините?
Можеби таму ке го пронајдам
праисторискиот часовник.
Можеби еден мрачен ден
моите кафеави очи ке го уловат
праисторискиот часовник.
Можеби моето тажно патешествие
ке исплови на брегот
кога моите чудесни раце ке го зграпчат
праисторискиот часовник.

1.12.11

Оштетство

Здраво, јас сум Општеството!

Вие сите ме сакате! Ме обожаватe, за мене би умреле, би ги оставиле саканите!
Но, има и такви, меѓу вас, што не го делат таквото мислење. За нив има установи!

А сега, ќе ви покажам како јас си правам фигури од пластелин.
Ако ви се допадне првава „епизода“, ќе продолжам и понатаму, драги мои љубители и фанови.

Едноставно е!

Рецепта:

3 паштети од 67ма
Боја за кондури
Чај со бром
И 18-26 годишен момак кој ги ужива најдобрите и најкреативните години од својот живот!

Го земаме момчето и му даваме зелена униформа. Го ставаме меѓу илјадници негови врсници да живее далеку од дома за година и пол.
Неговите веќе ги убедивме дека така треба тоа да биде (како ги убедивме? пааа...не е тој прв тука, нели?)
Понатаму... секој ден ќе треба да си го мести својот кревет, да биде чист и прецизно уреден.
Момчето мора да биде чисто и избричено секој ден. Од неговите чизми, моите љубимци наречени наредници, треба да можат да се огледаат!
Секој ден ќе го станувам рано, ќе го терам да „живее на конец“. Да слуша и да ќути.
Ако ние му речеме: скокни - тој треба да го направи тоа.
При тоа...да не заборавиме!  секој ден ќе треба да си го мести својот кревет, да биде чист и прецизно уреден.
Момчето мора да биде чисто и избричено секој ден. Од неговите чизми, моите љубимци наречени наредници, треба да можат да се огледаат!
Ќе му акнеме вакцина за тетанус и ќе му даваме јадења што ни прасињата не ги јадат.
И знаете, да не заборавиме! Чисто и уредно! И нормално!
ДИСЦИПЛИНА! Да, да!

Ние, го спремаме момчето да биде уредно и чисто.
утре-ден, ако има војна...
Во некоја РОВОВСКА битка каде што ќе спие со изгниени лешеви во 65 сантиметри кал, можеби нема да се сети на уредно наместениот кревет. Можеби неговите чизми нема да бидат исполирани. Можеби ќе има брада, но!
Ако ние му кажеме: Излези од ровот и оди во сигурна смрт за 11 метри почва алувијал!

Тој без колебање ќе го направи тоа.

Cause we're out of tea!

Поздрав до заробените писатели!

Неговиот ум беше заробен од страната на читателите, со денови немаше спиено во својот топол удобен кревет, мислеше како да им приреди изненадување. Мислењето од критичарите му беше поважно и од тоа дали неговата сопствена жена го љуби неговото срце или пак неговата слава и пари. Читателките сакаа огромен полов орган од 220 страни кој ке ги исполни нивните потреби во доцните часови или пак кога со својот задник ја валкаат својата комфортна фотела на работното место. Тој мисли дека е ГОЛЕМ, и сите работе ке пловат по мирната река, како на почетокот. Одеднаш пред неговите очи се појави неочекуван бран, кој не успеа да му го преплави лицето, сеуште неговиот ум беше заробен од читателите, издавачите, критичарите, медиумите и политичките партии. Важни беа шармантната корица и промоцијата финансирана од партијата. Пишуваше за соседот, не за себе. Уште една макотрпна работа, потешка и од собирање на памук на некогашните полиња на Мисисипи.